логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Дијалогот помеѓу Српската и Македонската Православна Црква продолжува и тој напредува, изјави вчера во Охрид Лаврентиј, Mитрополит шабачко-ваљевски, јави дописникот на Макфакс.

„Проблемот помеѓу Српската и Македонската Православна Црква се решава во рамки на комисии кои ги имаат оформено двете Цркви. Тие работат на зближување и ако даде Бог се надеваме сите со добра волја, дека ќе се врати љубовта помеѓу двете Цркви како што беше некогаш“, рече Митрополитот Лаврентиј

„Македонскиот и српскиот народ се два најблиски народи од сите словенски народи, соседи сме, јазиците и традицијата ни се слични и грев би било да ни е поблизок некој од северна Европа отколку нашите браќа по вера, затоа се надевам и му благодарам на Бога бидејќи дијалогот помеѓу двете Цркви е продолжен“, додаде Лаврентиј.

Според него СПЦ и МПЦ немаат теолошки, туку практичен проблем во кој свое влијание имала и политиката.  

Извор Макфакс


-„Дијалог меѓу МПЦ и СПЦ постои и тој продолжува. И кога минатиот пат бев во Македонија со архиепископот Стефан да ја договорам средбата со српскиот патријарх Павле и деновиве, кога активно се дружам со епископите на Македонската црква, ми се потврдува дека самиот тој контакт многу придонесува за подобро заемно запознавање. Би требало почесто да се среќаваме, зашто со тие средби уште повеќе ќе се зближиме. Мене ми е многу жал поради она што се случува, бидејќи Србите и Македонците се два најблиски народа, имаме иста традиција, исти проблеми. Во нашите меѓуцрковни односи е присутно и влијанието на друга црква, меѓутоа, гледам дека и од наша и од ваша страна работите се придвижуваат и ќе даде Господ проблемот да го надминеме. “

+++

 Вашето доаѓање во Охрид и, воопшто, посетата на одделни епархии, овде се толкуваат како позитивен чекор, бидејќи сте дојден со благослов на Синодот на Српската православна црква.

- Апсолутно. Ви велам само низ вакви средби и разговори ќе дојдеме до заедничката цел.Тука нема никакви теолошки причини и разлики. Едноставно, поради мали политички проблеми не го надминавме она што не' дели.

Зарем не мислите дека повторно политиката го отежнува целосното решавање на проблемот меѓу нашите две цркви и дека е тој, всушност, политички, а не црковен?

- Да, се согласувам дека и натаму проблемот има примеси на политиката, но многу помалку отколку порано. Сега сме многу поблиски. Не заборавете дека архиепископот Стефан со патријархот Павле двапати се сретна за кус период. Се утврдуваат термини, значи се работи за надминување на проблемот.

Иако македонскиот народ, главно, ја зачува почитта кон српските архијереи, дел од српските митрополити, сепак, го делат официјалниот став на Грчката православна црква која го негира македонскиот народ, држава и Црква?

- Имаме епископи кои се школувани во Грција, но дали се тие под влијание на Грците не знам. Веројатно, дека влијанието на Грчката црква врз нашата постои, меѓутоа ако Грците имаат нешто против црквата во Македонија нека разговараат директно, а не тоа да оди преку Српската православна црква. Не знам зошто ние мора да се мешаме во тие работи. Само Господ да даде дијалогот поактивно да продолжи, како што комисиите на нашите две цркви се среќаваа во Калишта, Ниш и други места и тогаш и ќе се изнајде соодветно решение.

Вие зад себе имате 40-годишен архијерејски стаж и по хиротонија сте најстар во СПЦ, се разбира, по патријархот Павле. Дали Вашиот авторитет и умереноста ќе ги искористите во насока на решавање на отвореното прашање со името и статусот на МПЦ, бидејќи претпоставувам дека на српските архијереи ќе им ги пренесете впечатоците и пораките од разговорите со собраќата од Македонската православна црква?

 

- Официјално, на Синодот на СПЦ ќе му ги пренесам моите впечатоци од Конференцијата во Охрид и, секако, ќе поднесам и извештај како сум примен овде како епископ на Српската црква и ќе апелирам да се надмине сето она што им пречи на нашите добрососедски односи.

Во Уставот на Црна Гора повеќе не постои Српската православна црква, туку само Црногорската православна црква. Како црковен Белград ќе го реши ова прашање?

- Да, тие бараат црквата да им се вика Црногорска. А како ќе се вика, што да ви кажам, тоа е нивен проблем. Некогаш таму постоела Црногорска православна црква и сега сакаат да се вратат на таа првична состојба. Нека бидат добри луѓе, нека му се молат на Бога, а како ќе се вика црквата и не е најважно. Нема да ја спаси ниту она „српска“, ниту "црногорска", туку вистинската вера во Бога. Знаете, кога го прашале свети Јован Максимовиќ - Шангајски, кој заврши во Шангај, а беше професор во Битола, што ви недостига вам - Србите, иако тој не беше Србин по потекло, им одговорил: „Па, не ви чини тоа што кога пишувате Српска православна црква само ’с‘ го пишувате со голема буква, а зборот православна - со мали букви, со што го истакнувате националното“. Сакам да кажам, дека не смееме да дозволиме споредните работи да ни бидат над се'. Националното да не биде над верата, не е својствено на христијанството. Конечно, и Христос беше против тоа.

Билјана Јовановска -„Утрински весник“
 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

22/07/2025 - вторникник

+Св. свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски; Св. свештеномаченик Кирил, епископ Гортински на Крит; Преп. маченици Патермутиј и Коприј; Преп. Патермутиј и Коприј; Св. Теодор, епископ Едески и другите со него;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 22 јули/9 јули   2025

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 22 јули/9 јули 2025

Да вокресне Господ, и да се разбегаат Неговите непријатели,повикуваше ти о свети Панкратие, испитувајќи се себеси, благодатта Христова сите страсти...

Тропар на св. Христов великомаченик Прокопиј 21 јули/ 8 јули  2025

Тропар на св. Христов великомаченик Прокопиј 21 јули/ 8 јули 2025

Прокопие, Прокопие, дожду небесен за верните,благодатта Христова преку тебе мноштво ангели со тело раѓаше,исповедувањето постојано на вистината нов сјај и...

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2025

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2025

Лекувајќи ја душата твоја Бог те умудри,о света великомаченица Недело,времето за тебе запре кога со вистината се украси,без Љубов маките...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная