sv.Spaso.Radoviski.jpg


Божествен плод на Радовиш,
голема пофалба на Солун,
си се покажал, новомаченику Спасо;
храбро си Го исповедал Господа
и заради Него си ја пролеал својата крв.
Затоа моли Го Бога
да им подари на оние кои те слават,
непрестаен мир
и голема милост.

radovis.sv.Spaso.jpg
Македонска Православна Црква- Епархија Брегалничка
21.08.2009 год. - храм Света Троица, Радовиш

radovis.sv.Spaso.jpg

radovis.sv.Spaso.jpg

Божествена Литургија

Во единаесеттата  недела по Педесетницата кога Света Црква го слави споменот на преподобен Григориј Синаит, светите маченици Тријандафил и Анастасиј( Спасо Радовишки), и  светиот маченик Гормиздас ,  во храмот Света Троица, во Радовиш, Митрополитот Брегалнички г.Иларион во сослужение на свештенството на храмот отслужи Божествена Литургија.    На Литругијата  верниот   народ се причести со Светите Христови Тајни.

radovis.sv.Spaso.jpg

По Литургијата

radovis.sv.Spaso.jpg

По Светата Литургија, Митрополитот Иларион , отслужи молебен и го благослови почетокот на новата учебната година, за потоа  свеченостите да продолжат, со свечена седница на Советот на опшината Радовиши и   откривањето  на плочата со новото име на плостадот “Св. Спасо Радовиски”. Со свечен концерт на етно групата “Синтезис” , заврши годинашнава програмата на прославувањето на св. Спасо Радовишки.


radovis.sv.Spaso.jpg

radovis.sv.Spaso.jpg

 

Подготвил: протоереј Гоце Младенов