логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Крушево, 2 август (МИА) - Македонија денеска ги одбележува двата историски Илиндена - 106 години од Илинденското востание и 65 години од Првото заседание на АСНОМ. Чествувањето на Мечкин Камен почна со полагање цвеќе пред споемникот на Крушевската Република. Почит на паднатите бранители им оддадоа  претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, делегации на Владата, Собранието, поранешните претседатели Киро Глигоров и Бранко Црвенковски, Армијата, политичките партии, дипломатскиот кор, како и претставници на општините, невладини организации и здруженија на граѓани.

- Денес, се поклонуваме пред големото дело на нашите предци од двата Илиндена. Се поклонуваме и пред сите знајни и незнајни херои од сите периоди и историски премрежија на нашиот народ. Сепак, собрани сме, пред се, и ќе бидеме тука секоја година да ги величиме и славиме високите идеали на нашата нација, создадени во текот на долгата борба за слобода и демократија низ македонската историјата, рече претседателот Иванов обраќајќи се пред присутните на Мечкин Камен.  

Тој додаде дека идеите на Крушевскиот манифест за еднаквост и права на сите, без разлика на нивната етничка, верска, полова или политичка определба го сочуваа единството на Македонија и во најтешките времиња. - Токму тие идеи, истакна Иванов, ја создадоа и демократската АСНОМ-ска Македонија во нашата заедничка борба со демократските народи во Втората Светска Војна.

-Македонската држава е создадена и заснована врз идеалите и вредностите за демократија и човекови права. Македонците избрале да ги почитуваат и признаваат сите. Но, во исто време, никогаш да не се откажуваат од сопствениот идентитет и самоопределување, потеницра претседателот на Македонија, кој додаде дека нашата древна татковина, Македонија, избрала да се осмислува себеси преку постојана соработката и пријателството со другите народи и држави.

Истакнувајќи дека врз солидната основа на оваа јасна и институционализирана волја и демократска свест во 1991-та година македонските граѓани ја прогласија суверена Република Македонија, рече дека таа се гради веќе осумнаесет години врз европските принципи на слободен пазар, владеење на правото, еднакви можности на граѓаните и нивно активно учество на сите нивоа на донесување одлуки. - Со години инвестиравме во највисоките стандарди за човекови права, меѓуетнични и меѓурелигиозни односи, демократски и отворени институции. Овие придобивки, заедно со добрите меѓусоседски односи и постојаната отвореност на Македонија кон светот ги оживуваат идеалите на нашите предци. Но тие во исто време, се гарант за иднината на идните генерации македонски граѓани, рече шефот на државата.

- Зајакнувајќи ги своите институции, и трансформирајќи го во најсовремена и најдемократска легислатива своето наследство на толерантност и соживот на различните етнички и религиозни групи, Македонија израсна во пример за регионот и европска демократија во срцето на Балканот, рече претседателот Иванов и додаде дека таа ги распламти демократските пламени на Крушевскиот манифест во современието и му покажа на светот дека Македонија и мудроста на нејзините граѓани се клучот на стабилноста и просперитетната иднина на Балканот. - Ова, како што рече тој,  го препознаваат и нашите партнери и сојузници ширум светот. Денес независна, европска и демократска Македонија е значаен партнер на државите од Европската Унија, САД, Турција или Израел. Таа соработува и разменува искуства на еднакви основи со големи и респектабилни држави, како Русија, Кина и Индија. Македонските интелектуалци, уметници и спортисти ги споделуваат идеите за хуманост и солидарност низ сите меридијани. А, македонската војска гордо чекори на сите фронтови, каде човештвото се бори за слобода и демократија.

- Можеме со гордо кренати глави да застанеме пред Пантеонот на нашите херои. Сите македонски генерации направија многу. Не заостанува ни нашата. На нашиот народ му престои просперитетна иднина. И таа зависи само од нас. Пред нас се предизвиците на надминување на историските балкански недоразбирања. Пред нас е стандардизацијата со европските општества. Но, пред нас престои и континуирана работа во која ќе ги обединуваме македонските граѓани околу изградбата на современо и просперитетно општество. Општество, кое се занова врз економска компетитивност, врвни стандарди, ефективни институции, врвно образование и наука, технолошки развој и иновации. Македонскиот слободен и креативен дух, кој толку силно извира и од ова место, треба да го прегрне и освои светот. И ова зависи само од нас, истакна претседателот Ѓорѓе Иванов обаќајќи се пред присутните на Мечкин Камен.скс/13:07


 Oдбележани 65-години од Првото заседание на АСНОМ

Куманово, 2 август (МИА) - Денеска ги славиме двата Илиндена. Оној од 1903 година на Гоце, на Никола Карев, на Ѓорче Петров, на Питу Гули и вториот Илинден од 1944 година  на Ченто, на Рацин, на Брашнаров, на Кузман. Ако првиот Илинден беше израз на македонскиот непокор, вториот Илинден ја донесе победата.

Ова го истакна претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на одбележувањето на 65 години од Првото заседание на АСНОМ на Меморијалниот центар во Пелинце.

Тој доаде дека тоа се два датума кои ги поставија темелите на македонската држава  и кој го остварија сонот на многу генерации, кој на 8 септември 1991 година се заокружи со создавањето независна суверена Република Македонија, легитимен и препознатлив меѓународен субјект и членка на Обединетите нации.

- Ова се моменти кога со гордост се сеќаваме на нашите предци на сите оние  кои со своите животи се вградија во денешна Република Македонија. Ова се моменти во кои се навраќаме на минатото, но со поглед кон иднината и со чувство за одговорност да не ги изневериме нивните  идеали, истакна Вељаноски, додавајќи дека ако во далечната 1903 година илинденците сонуваа за самостојна и независка Македонија денеска ние тоа го живееме.

Според Вељаноски денес предизвиците кои стојат пред нас се различни од оние пред кои стоеле Делчев, Карев, Ѓорче Петров, или Ченто, Кузман, Брашнаров, Мирче Ацев и други.  - Нас денес, додаде тој, не ни треба пушка туку ни треба, пред се, посветеност во работата, одговорност, знаење, но да не го заборавиме и единството. Ова е посебно важно кога станува збор за остварувањето на нашите стратешки определби,  а тоа се евроатлантските интеграции, потенцира претседателот на Собранието.

Тој потсети дека Република Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО и оти поканата не ја добивме поради апсурдниот спор со нашето уставно име кој го наметна нашиот јужен сосед. - Иако не сме членка на НАТО, Македонија и натаму останува вистински партнер на Алијансата и многу сериозно и одговорно го  дава својот активен придонес во повеќе мировни мисии на НАТО и меѓународната заедница, рече Вељаноски и доаде дека Република Македонија чувствувајки одговорност за  стабилноста во регионот, но и пошироко, за иднината на своите граѓани, прифати под покровителство на Обединетите нации да преговара за овој апсурден спор за изнаоѓање на соодветно решение.

Тој потенцира дека решението за спорот не може да задира во националниот, културниот или јазичниот идентитет на македонскиот народ и изрази уверување дека околу ова има  единство меѓу сите политички субјекти, како и во целокупната македонска јавност независно од етничката или верската припадност на секој поединец. - Ниту  оваа Влада и ова парламентарно мнозинство немаат мандат од вас граѓаните на Република Македонија да преговараат за македонскиот национален идентитет. Тоа би било вистинско предавство и на првиот и на вториот Илинден. Тоа би било откажување  од идеалите на сите оние кои на Мечкин Камен ги дадоа своите животи. Тоа би било предавство на споменот на сите оние антифашистички борци кои ги положија своите животи во Февруарскиот поход,  Дебарца, Сремскиот фронт па се до завршните борби против фашистичкиот окупатор. Тоа би било  предавство на Ченто, Брашнаров и на многу други кои заради илинденските определби и вредности подоцна беа осудувани, а многу од нив и трагично ги завршија своите животи. Но на крај тоа би било предавство и на нашите деца и на идните генерации, бидејќи ние немаме друга татковина освен оваа Македонија, бидејќи ние имаме само еден мајчин јазик, а тоа е македонскиот, рече претседателот на Собранието обраќајќи се на одбележувањето на 65-годишнината од Првото заседание на АСНОМ во Пелинце.

Пред присутните ја потенцира и визната либерализација, како и верувањето дека до крајот на годинава ќе добиеме и датум за отпочнување на преговорите со Европската унија.

- Сето ова покажува дека знаеме и можеме да ги воспоставиме европските стандарди и дека со право очекуваме и како политичари, но и како граѓани од страна на Европската комисија нашите резултати правилно да се вреднуваат, рече претседателот на Собранието, истакнуваји дека реформите што се прават не треба да се сфатат како некакво барање на Брисел туку реформи кои обезбедуваат услови за подобар живот, за подобри економски резултати за подобра иднина на нашите деца овде во татковината.

Вељаноски потенцирајќи дека еден од најголемите предизвици со кој во моментов се соочува целиот свет е економската криза, рече дека Република Македонија како субјект присутен во скоро сите светски економски текови,  исто така, е зафатена со оваа криза. - И за ова нема криење, туку одговорно јасно треба да се каже што се презема за ублажување од последиците кои ги носи светската економска криза како и мерките за нејзино надминување. Актуелната Влада презема конкретни мерки за ублажување на последиците од кризата, како и за нејзино долгорочно надминување, рече Вељаноски

Истакнувајќи дека во изминатите 18 години на независност Собранието на Република Македонија се етаблира како вистински законодавен дом и храм на демократијата во кој се слеваат, артикулираат и остваруваат интересите на различни политички субјекти, претседателот на Собранието рече дека во овој период се донесени стотици и стотици закони со кои македонскиот законодавен систем се хармонизира со европскиот. - Сето ова го правиме токму во функција на јакнењето на парламентарната демократија, а имајќи предвид дека ние седиме во Собранието со вашите гласови тоа значи и јакнењето на улогата на граѓанинот и артикулација на неговите интереси и проблеми, рече Вељаноски.

- Денеска овде на Пелинце каде што симболично го одбележуваме вториот Илинден, а исто така и во историското Крушево, но и во целата наша татковина, повторно се потсетуваме на нашето минато. Од него верувам секогаш можеме да учиме за да можеме тие идеали, сонувањата на сите илинденци и натаму да ги надградуваме. Ова се моменти кога сите ние, без разлика на нашата етничката или верската припадност, можеме со гордост  да истакнеме дека ние сме нивни наследници и дека тоа историско сеќавање збогатено со нови вредности и нови квалитети им го оставаме на нашите деца и на идните генерации. Со тоа на најдостоинствен начин им оддаваме почит на сите оние познати и непознати илинденци кои своите животи ги вградија во денешна Македонија, рече претседателот на Собранието, кој додаде дека нивните битки и нивните победи сега треба да ги продолжиме и да ги зачуваме нивните идеали, но и да ги оствариме нашите определби и сонувања, а тоа е да станеме дел од големото европско семејство на кое и географски, историски и културно му припаѓаме и заедно со другите граѓани на Европа да ја носиме одговорноста за подобра сегашност и поубава иднина, рече претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.


Од Пелинце тој упати повик до сите граѓани на Македонија заедно како што тоа го правеле нашите татковци, нашите дедовци да продолжиме да ја градиме Македонија како успешна, но вечна приказна во која демократијата, човековите права и благосостојбата ќе бидат наше секојдневие кое постојано ќе го развиваме и надоградуваме.

- Ако Крушевскиот манифест завршува со повикот за Ура за автономна Македонија, ако во Манифестот на АСНОМ  Македонија е дефинирана како суверен субјект на федеративна Југославија  дозволете одовде сите да ја поздравиме европска Македонија, рече претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на одбележувањето на 65 години од Првото заседание на АСНОМ на Пелинце.

На Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце свежо цвеќе положија делегацијата на Собранието, Владата, Претседателот на државата, АРМ, дипломатскиот кор, општините, како и на политичките партии и здруженија на граѓани.

Државната делегација, предводена од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, претходно го посети манастирот „Прохор Пчињски“, автентичното место каде е одржано Првото заседание на АСНОМ, каде положи цвеќе на поставеното спомен обележје. ам/скс/13:02


Македонските иселеници во Трново ги чествуваа двата Илиндена  
 
trnovo.jpg
Битола / 2.08.09 / 16:39

Светска семакедонска средба, 38 по ред, денеска се одржа во потпелистерското село Трново, каде што неколку илјади македонски иселеници од дијаспората и граѓаните на Битола ги чествуваа двата Илиндена.

На средбата, која што беше во организација на Светскиот македонски конгрес, Матицата на исселениците и Здружението на Егејците- Македон, присуствуваше и премиерот Никола Груевски, кој и оддаде почит на славната илинденска генерација од пред 106 години.

Македонскиот премиер, во своето обраќање пред присутните, говореше за заложбите на Владата за подобрување на животот на граѓаните, како и за економските проекти што треба да го заживеат македонското стопанство.

Говорејќи за спорот за името со Грција, Груевски истакна дека решението мора да биде одобрено од народот.

„Остануваме посветени на разговорите за надминување на проблемите и на оние проблеми што ни ги наметна нашиот сосед Грција. Бараме начин како да излеземе од ова, но без да го нарушиме нашето достоинство, нашата гордост, нашата историја, нашиот идентитет и со решение кое што само народот во Македонија ќе го прифати“, порача од Трново премиерот Никола Груевски.

Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров својот говор целосно го посвети токму на овој проблем, изнесувајќи ги своите цврсти и радикални ставови за непроменливост на името, по било која цена.

Семакедонската исселеничка средба заврши со општонародна веселба и евоцирање на спомени на исселениците со некогашните сограѓани од Битола. /крај/а1/ст

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

« »

Православен календар

 

03/07/2024 - сабота

Светиот пророк Езекил; Преподобните Симеон и Јован;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Христос, Кој поради насОд Дева се роди,го следеше чесна Марие Магдалино,чувајќи ги Неговите заповеди и закони:затоа денес го празнуваме  

Тропар на св. Божји пророк Езекил 21 јули / 3 август 2024

Тропар на св. Божји пророк Езекил 21 јули / 3 август 2024

Свет е нашиот Бог,да се исполни целото небо и земја со Неговата слава,повикуваше о ти Езекиле Божји помазаниче и пророче,мачениче...

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 20 јули / 2 август 2024

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 20 јули / 2 август 2024

Ангел во тело, столб на пророците,втор претеча на Христовото доаѓање, - Илија славен,откако одозгора му испрати благодат на Елисеј,овој болести...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная