Сестринството од Марков манастир, со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, од неодамна, просторот на старата мелница за брашно го преуредија и направија мал етно-музеј. Изложбениот простор се состои од неколку квадратни метри каде се сместени етно експонатите. Ова е мал, но значаен почеток на нивната голема желба да се сочуваат корените на повеќевековното опстојување на македонскиот народ.
19 јули 2009 год- Марков манастир, с. Маркова Сушица (скопско)
-Доколку поседувате експонати кои сакате да ги подарите на овој манастирски етно - музеј, со цел да се сочува богатото културно наследство на македонскиот народ и стави на увид на посетителите на манастирот на св. вмч. Димитриј, повелете, посетете го етно- музејот во Марков манастир.
Посети: {moshits}