логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Во издани на Скенпоинт, а со донаторскиот  труд на г-дин Илија Илоски излезе од печат  монографијата:

„Св. Богородица Пречиста - Ќелија“

 

Korica.Kelija.jpg

Korica.Kelija.jpg

СОДРЖИНА

 ПРЕДГОВОР 6
Академик Цветан Грозданов
ВЕЛМЕЈ 14
Митре Велјаноски
ЖИТИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА     30
Избор на отец Стефан Санџакоски
ЦРКВАТА СВЕТА БОГОРОДИЦА
ПРЕЧИСТА-ЌЕЛИЈА
КАКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 46
Викторија Поповска - Коробар
ЗА ИКОНОСТАСОТ 116
Милан П. Ракочевиќ
ПРИЛОЗИ 123
ПОГОВОР  191

Korica.Kelija.jpg

Korica.Kelija6.jpg

ПРЕДГОВОР

Регионот на Дебарца е исклучително богат со споменици, со фрескоживописот и иконописот, претежно од XV до крајот на XIX и почетокот на XX век. Меѓутоа, Дебарца во целост веќе со децении живее во сенка на градот Охрид во секој поглед, па и во доменот на културно-историското наследство. Крајот што даде исклучителен придонес кон револуционерната борба на македонскиот народ во сите времиња, остануваше заборавен и покрај неговите природни ресурси, исклучителниот пејзаж и културното наследство.

Korica.Kelija6.jpg


Веќе неколку години нашата јавност е пријатно изненадена од благородниот гест на Илија Илоски да и посвети внимание на црквата Св. Богородица Пречиста, од народот нарекувана Ќелија, во неговото родно село Велмеј, храм богат со фрескоживопис, којшто, за жал, повеќе години беше запуштен. Воден од своите духовни пориви, овој угледен општественик стори многу напори да ја ревитализира целата околина на црквата, со интерес да и се врати и нејзиниот внатрешен изглед. Извонредно образован, со многу чувство за културен подем, донаторот Илија Илоски пројави желба црквата Св. Богородица да добие и монографија за нејзината културно-историска и ликовна вредност. Тој и се обрати на д-р Викторија Поповска-Коробар, истакнат историчар на уметноста, автор на референтни книги за нашата стара уметност, да напише монографски текст за оваа значајна црква од Велмеј, која до денес е, речиси, непозната. Сега ние ја имаме пред себе оваа драгоцена книга, пишувана со професионално достоинство, со долгогодишно искуство што уште повеќе ќе го подигне угледот на авторот, на донаторот, но и на ова богато, старо село (неговата црква посветена на Св. Никола потекнува од XIII век). Д-р Викторија Поповска Коробар, одличен познавач на уметноста од XV - XVIII век и со оваа книга манифестира високи истражувачки квалитети, ги воочи особеностите на живописот и го согледа местото во движењата на македонската уметност од доцниот среден век во целина и посебно, за црквата Св. Богородица Пречиста да ја датира во последната четвртина на XVI век. Публикацијата е комплементарна со архитектонските цртежи, шеми, калкови и богат илустративен материјал што се во целост објавени во книгата.
Се надеваме дека во претстојниот период клучните објекти на нашата стара умет-ност од Горна, Средна и Долна Дебарца ќе добијат сродни публикации од нашите истражувачи, без притоа да заборавиме дека некои од храмовите, како што се на пример, Св. Ѓорѓија во с. Годивје и Сите Светци во манастирот Лешани, беа предмет на проучување од академик Гојко Суботиќ. Без тој придонес и напор не ќе можеме да ја согледаме уметничката историја на овој охридски регион и неговата епархија.
Со првата монографија за една црква од Велмеј ги упатуваме своите честитки до г-н Илија Илоски.

Академик Цветан Грозданов

Korica.Kelija.jpg


 ПОГОВОР

Со години во мене тлееше идејата да се напише оваа книга.
Со години се измачував како и со кого да го направам тоа.
На моменти помислував дека тоа е лесно, затоа што треба да се пишува за Богоизбраната Родителка, во чија чест и слава е изградена црквата, а на моменти дека е рамно на подвиг, бидејќи постојат скудни извори за самата црква. Но воден и охрабрен од мислата на св. Тихон Задонски дека Бог не ни дава искушение поголемо од нашите сили, собрав храброст да пристапам кон остварување на мојата желба.
На патот на тоа искушение бев поддржуван со драгоцени совети од отец Стефан Санџакоски и уважениот академик Цветан Грозданов, а целиот проект беше благословен и од митрополитот Тимотеј .
По подолг период, со Божја промисла, на истиов проект се собраа моите драги пријатели кои со несебична љубов и пожртвуваност се вградија во страниците на оваа книга. Затоа искрено им благодарам на Викторија, Љубица, Митко, Минас, Митре, Владо, Александар и издавачот Скенпоинт.
Не смеам да го заборавам себевложувањето на Мишо Милојевиќ во конзервацијата на црквата, на Милан во изработката на иконостасот и на Викторија Поп Стефанија во партерното уредување.
Секако, охрабрувањата и радоста на моето семејство, мајка ми Велјанка, татко ми Стојан, Славица, Ивана и Сања ми значеше најмногу.
Нека ми биде простено што многумина не спомнав по име за нивната добрина.
Отворена благодарност упатувам на Богоугодните соселани од моето Велмеј на кои воедно им ја подарувам оваа книга.
Сите горе споменати и неспоменати, загледани кон светата икона на Пречистата Мајка со радост се поклонуваме извикувајќи : АЛИЛУЈА.
 
Илија Илоски

  Korica.Kelija.jpg

 ЗА ИКОНОСТАСОТ во монографијата„Св. Богородица Пречиста - Ќелија“

Посети: {moshits}

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

15/05/2026 - петок

Свети цар Борис-Михаил Покрстител ; +Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики; Светите маченици Борис и Глеб; Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот,исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети вселената...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная