логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

Во петокот на 03. 07. 2009 лето Господово на празникот посветен во чест и спомен на Преподобен Наум Охридски – Чудотворец, во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка величенствено и со досега незапаметена масовна посетеност беше одбележан патронот на манастирскиот комплекс.

По тој повод надлежниот епархиски архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко – кумановски г. Кирил во сослужение со свештенослужители од Тетовското и од Гостиварското архиерејско намесништво отслужи Света божествена архиерејска Литургија на Свети Јован Златоуст.Воедно на оваа Света архиерејска Литургија од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Кирил, беше извршена и хиротонија во ѓаконски чин на свршениот богослов и теолог г. Ивица Трендевски од Куманово. На оваа Света божествена архиерејска Литургија по традиција настапи реномираниот женски младински хор „ Менада “ од Тетово под диригентство на маестро д-р Ивица Зориќ.

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко – кумановски г. Кирил во своето обраќање кон својата паства меѓу другото рече:

„Господи, нека е благословено твоето име од сега и до века за и ние и нашиот благороден народ, нашата родна и мила татковина суверена Македонија, како и нашата афтокефална Светиклиментова Македонска православна црква да векуваме заедно со вечно живиот пред Бога Свети Наум Охридски – Чудотворец чиј патронен празничен ден денес го чествуваме.

Каде што го има Бога таму има и слога, каде што има слога таму го има и Бога! И навистина убаво е како браќа и сестри во Бога, кога ќе се договориме и она што ќе се договориме да го исполниме. А ако не сме во состојба да го исполниме тогаш како христијани не треба да ветуваме. Кога ќе се создадат можности и услови тогаш ќе ветиме и тогаш ќе исполниме. Старозаветниот цар и пророк Давид импресиониран од ваквата глетка како што ние ја доживуваме наоѓајќи се на овој македонски вознес извикал: има ли нешто поубаво и попрекрасно од тоа кога браќата по крв и по вера живеат во мир, слога и љубов. И навистина нема! Љубовта која што Господ ни ја дарувал како на христијани треба постојано да ја преточуваме како дар Божји кон сите со кои што се сретнуваме во нашето секојдневие, особено кон рожбите кои што Господ ни ги дарува, кон нашите роднини, блиски и пријатели и кон сите луѓе. Денес го чествуваме летен Свети Наум Охридски – Чудотворец. Со најголем пиетет Ќе се поклониме пред неговиот ангелски лик, пред неговото огромно епохално дело за неговиот бесмртен подвиг за време на таканаречениот златен период од нашиот многустолетен опстој на просторот од родна и мила Македонија. Свети Наум живеел во деветиот век, а се претставил пред Бога кога се исполнило времето во 910 година. Неговите целебни свети мошти почиваат во неговиот манастир на најјужниот брег на бисерното Охридско езеро “. Свети Наум бил еден од седмочислениците и основоположник на киновитското монаштво во Македонија“.

Исто така Митрополитот г. Кирил во оваа прилика на свијата паства, посебно на најмладите им ги пренесе пораките на САС на  МПЦ да го исполнуваат Божјиот благослов и дар формирајќи многудетни семејства, повторувајќи уште еднаш дека две деца се малку, три не се многу, а четири се доволно. Исто така Митрополитот г. Кирил во оваа прилика го пренесе ставот на САС на МПЦ и категорично го осуди стапувањето во истополов хомосексуален брак.  

Манастирското чествување на Попова Шапка и во изминатите неколку години бележело масовна посетеност, но бројот на верници што овојпат го посети манастирот „ Свети Наум “ на Попова Шапка беше воодушевувачки и незапаметен по 2001 година. Според нашите проценки преку шестотини верници и почитувачи на ликот и делото на овој наш светител и голем чудотворец во потокот се поклонија пред неговиот светителски лик во светиот Божји храм посветен во негова чест и спомен и изграден на највеличенствениот рид на Попова Шапка на 2000 метри надморска височина. Посетители имаше од повеќе краеви на нашата родна и мила Македонија. Од хотелот Попова Шапка кој се наоѓа во непосредна близина на манастирот, на Свети Наум му се поклонија голем број верници од Битола. Со организиран превоз на тој светол ден на Попова Шапка со неколку автобуси пристигнаа верници од Скопје, а секако импозантна беше бријката и на верниците кои пристигнаа од Тетово и тетовско, за кои превозот беше организиран, како и верници од Гостивар.Неизоставно и оваа година манастирскиот комплекс „ Свети Наум Охридски – Чудотворец “ на Попова Шапка го посетија и нашите иселеници од демократските САД предводени од г. Тврде Стамески, кој на јавното наддавање за иконата на Свети Наум дарува 200 ЕУРА.

Манастирското Настојателство по пат на донации и со помош на АРМ за сите присутни обезбеди заедничка посна братска и сестринска трпеза на љубовта.

 По Светата божествена архиерејска Литургија беше извршено режење на кумскиот славски колач принесен од кумовите Жаклина и Миле Србиноски од с. Брвеницa.

Потоа сите верници ја посетиа детската ликовна изложба составена од цртежи со православни верски мотиви направени за време на часовите по веронаука. Свој настап на ова чествување имаа и КУД „ Извор“ с. Јегуновце и КУД „ Вардар “ од с. Брвеница. 

За манастирскиот комплекс кој е под дирекно управување на Неговот Високопреосвештенство Митрополитот г. Кирил се грижи Манастирско Настојателство кое неуморно и самопожртвувано работи на негова целосна доградба според првичните планови. Оваа година Манастирското Настојателство по пат на донации од благочестиви верници и моќни институции успеа да обезбеди финансиски средства со кои на целиот манастирски конак кој зафаќа површина од 1000 мерти квадратни постави врати и прозорци, ги доѕида сидарски недовршените делови и ги поправи местата оштетени од суровите шарпланински снежни невремиња, го поправи манастирскиот кров и постави иберцуг маса на подот на приземјето, започна со изградба на фасадата и уште многу нешта.Воодушевувачка глетка на најубавиот рид на Попова Шапка создаваат едно до друго развеаните знамина на нашата родна и мила татковина Р. Македокија и на нашата Светоклиментова Македонска православна црква поставени на високи јарболи.

Со најискрена благодарност од целото Манастирско Настојателство, а и од сите верни чеда мораме да истакнеме дека досега убедливо најголем донатор за доградба на манастирскиот комплекс „ Свети Наум Охридски – Чудотворец “ на Попова Шапка кој со својата смелост и дарежливо срце ја воодушеви својата паства и воопшто целата јавност во Тетово и пошироко е токму Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко кумановски г. Кирил. Дарувањата на Митрополитот г. Кирил кон манастирскиот комплекс на Попова Шапка се големи од нив некои веќе се реализирани. Тој за време на чествувањето на зимскиот патронен празник на манастирот пред целата своја паства вети финансиска донација во висина од 10. 000 ЕУРА од кои половината веќе се реализирани. Овојпат воодушевен од постигнатите градбени резултати пред сите верници вети дополнителни 5. 000 ЕУРА финансиска помош. Само пред две недели Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко – кумановски г. Кирил за потребите манастирскиот комплекс донираше комплетна и со висок квалитет росвај индустриска кујна, фрижидер сандучар и кабинетски инвентар, кој во моментот е сместен во манастирскиот комплекс во Лешочкиот манастир, како и комплетен кујнски инвентар за преку сто лица наменет за манастирските потреби.

За голем пример и пофалба е и донацијата  на а. д „ ЕЛЕМ “ – Скопје, кои за доградба на манастирскиот конак донираа 5. 000 ЕУРЕ. Како и многу други приватни стопанственици. 

Попова Шапка како величенствено Божјо создание како и секогаш плени со својата убавона. Особено освежувачка глетка на неа создаваат сеуште неистопените снежни навеви кои по се изгледа ќе го дочекаат Петровден. Па затоа и шарпланинските денови се со променлива клима, но воглавно повеќе се задржува сончевото време. Но затоа пак шарпланинските ноќи се поудобни покрај пламените јазици на каминот. Во моментот на Попова Шапка најинтересни се прошетките по живописните падини, како и бербата на планинскиот чај, а наскоро ќе стасаат и планинската шумска јагода, како и боровинките. Дарежливата Божја рака на Попова Шапка дарувала се за секого и според сечиј вкус, во секој период од годината и затоа препорачуваме дека Попова Шапка ја заслужува и Вашата посета.

 

ГО КОРИСТИМЕ ОВОЈ ПРОСТОР И ДА АПЕЛИРАМЕ ДО БЛАГОЧЕСТИВИТЕ ВЕРНИЦИ СО СВОИТЕ ШТЕДРИ ДОНИРАЊА ДА ЈА ПОМОГНАТ ДОГРАДБАТА НА МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС „ СВЕТИ  НАУМ  ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ “ НА ПОПОВА ШАПКА.

ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ  ВЕРНИЦИ ТОА МОЖАТ ДА ГО СТОРАТ НА СЛЕДНАТА ЖИРО СМЕТКА: ТТК БАНКА 290 – 4000001986 – 87.  

НАПОМЕНУВАМЕ ДЕКА ИМИЊАТА НА ДОНАТОРИТЕ ЌЕ БИДАТ ЗАПИШАНИ ВО ГОЛЕМИОТ ДОНАТОРСКИ ДНЕВНИК НА МАНАСТИРОТ И ТИЕ ЌЕ СЕ ПАМЕТАТ ВЕЧНО!

Подготвил: свештеник Жарко Мицковски, старешина на манастирот

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная