На празникот на Вознесението Христово, во храмот „Св. Спас“ во Велес беше отслужена Света Архиерејска Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од велешкото и кавадаречкото намесништво на епархијата.
Голем број верници молитвено ја проследија Литургијата, меѓу кои беше присутен и градоначалникот на Велес г-дин Горан Петров, а по нејзиното завршување сите верници заедно со Митрополитот и свештенството се упатија во дворот на црквата каде најнапред Митрополитот изврши панихида на гробот на Јордан Хаџи– Константинов Џинот, кој се наоѓа во дворот на црквата, а потоа беше направен водосвет и беа прекршени славските лебови.
Литургијата беше збогатена и со прекрасните звуци на хорот при Македонската православна богословија од Драчево.
Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/