логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 


„Кога би го знаела дарот Божји и Кој Е Оној што ти вели: ‘Дај Ми да пијам’ – ти самата би побарала од Него и Он би ти дал вода жива... Секој што пие од оваа вода (обичната, природната), пак ќе ожедни. А кој пие од водата што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни. Таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен“ (Јован 4, 10; 13-14).

Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во нашето срце. Оваа благодат во нас може да стане и извор на благодат која нè води во живот вечен доколку го очистиме и го отвориме нашето срце. Нашето срце е местото од коешто извира благодатта, изворот. Отворот на местото најнапред треба доволно да се очисти од нечистотијата на страстите, од наслагите на гревот и од присуството на демонот, за да протече благодатта. Потекувањето на благодатта, односно добивањето и пронаоѓањето на вода жива, пројавено како умносрдечна молитва, е дар Божји – водата што ќе му ја дадам Јас. Потоа не ни треба духовен раководител, благодатта сама ќе нè води – вода што ќе тече во живот вечен. Потекувањето или пројавувањето на благодатта е сведоштво дека не сме повеќе наемници, туку деца на Отецот наш небесен. Сведоштво дека лично сме го усвоиле дарот Божји и дека постоиме како личности. Сведоштво дека сме усвоени од Отецот и дека настапуваме во силата на личност.

Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење! (Јован 4, 15).

Затоа „иде време и дошло веќе, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во дух и во вистина, зaшто Отецот сака такви да бидат оние кои Му се поклонуваат. Бог е Дух, и оние што Му се поклонуваат треба да се поклонуваат во дух и во вистина“ (Јован 4, 23-24).

Вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во благодатта на Светиот Дух и во исповедање на вистинска вера. Поклонувањето во дух и во вистина е едно и исто поклонување, едно и исто дејство, една и иста благодат. И се случува на едно и исто место – во срцето, пред сè. 

Благодатта на Светиот Дух Господ од часот на нашето крштевање се наоѓа внатре во нашето срце. Но, не е доволно само да сме крстени во Црквата за да Му се поклонуваме на Бог во дух и во вистина, туку неопходно е и да ја активираме и актуелизираме благодатта на светото Крштение. Кој сака да дознае што значи ова, односно, кој сака да го открие изворот на вода жива која тече во живот вечен, нека влезе во апсолутно или целосрдечно послушание на Христовите заповеди, односно на Црквата, односно на светото Предание, односно на својот духовен отец. Тоа за нас, и ништо друго, значат зборовите: „Јас имам храна за јадење што вие не ја знаете... Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршувам Неговото дело“ (Јован 4, 32; 34).

Светите Отци понекогаш со терминот ‘дух’ го именуваат умот. Во библиско-антрополошка смисла, поклонувањето во дух и во вистина значи поклонување со исцелен ум. Исцелен ум има човек кој енергијата на својот ум ја соединил со суштината на својот ум, која се наоѓа во неговото срце. Бидејќи ова соединување е дејство на благодатта Божја и молитвено-аскетски се случува внатре во неа, исцелен ум во одредена смисла е исто што и просветлен ум. Доколку ова соединување е постојано благодатно, а не времено аскетско, тогаш исцелен ум е исто што и обожен ум. Обожениот ум е ум од Духот воведен во сета вистина (види Јован 16, 13). Само за оној којшто има исцелен, обожен ум, можеме да говориме дека е целомудрен и девствен, во една човечка димензија на овие поими.  

Реков дека и исповедањето на вистинска вера е плод на благодатта. Исповедањето на вистинска вера има и свој теоретски, догматски и свој практичен, подвижнички дел. Неопходно е да веруваме и да исповедаме вистинска, православна вера и неопходно е да живееме согласно правилото на верата – начинот на својот живот и подвиг да го восогласиме со нивото на нашата духовна возраст. И обратно, зашто е една и иста благодат, животот и подвигот согласно правилото на верата водат кон познание на Бог и исповедање на вистинска вера, кон опит и доживување на Бог преточени во православно формулирање и исповедање на догмите, кон не толку вера колку знаење. „Сега веќе не веруваме од твоето (или нечие) кажување, оти сами чувме и знаеме (лично од Него) дека е Он Спасителот на светот, Христос“ (Јован 4, 42) – ѝ велат луѓето од селото на жената Самарјанка. А старец Софрониј вели: Познанието на Бог извира од животот во Бог, кој се раѓа во внатрешноста на срцето (Старец Софрониј, „За Духот и животот“, стр. 62).

Во практичниот, подвижничкиот дел спаѓа и вистинската вера во смисла на доверба во Бог. Бог најпрвин ја потврди Својата доверба во нас со тоа што ни ја дарува Својата љубов; ни дарува постоење, живот и словесност; ни го дарува целиот Свој Домострој на нашето спасение и Самиот Себе; ни ја дарува православната Вера; ни ја дарува Православната Црква; ни го дарува покајанието и, можам да кажам, бесконечното простување на гревовите. Бог прв нас нè возљуби... (види 1.Јов. 4, 10). На нас е редот.  

И знаеме дека на нас е редот, но дали знаеме како и од каде да почнеме? Дали ќе се одлучиме веќе еднаш сериозно и истрајно да ја употребиме нашата волја за наше покајание? Верувам дека како голема утеха и голема надеж може да ни послужи дијалогот на Богочовекот Христос со жената Самарјанка – жена блудница, жена со искривена вера, жена чија состојба е во сè слична со состојбата на нашата душа: „Право кажа дека немаш маж, зашто петмина мажи си имала и овој што го имаш сега, не ти е маж. Право рече“ (Јован 4, 17-18). Голема утеха и голема надеж е фактот дека Господ Исус Христос на секого му дава можност за покајание и лична средба и заедница со Него. Да почнеме од себе. Ако се согласувате со мене, тогаш ајде најнапред да заплачеме или да се присилиме да заплачеме, зашто тоа е дарот на жива вода која води кон живот вечен соодветен за нивото од нашиот духовен развој во кое го ослободуваме нашето срце од заробеноста на страстите.

Господи, ми даде сува земја, дај ми и водни извори (Суд. 1, 15). 

Митрополит Струмички Наум

 

 

Посети: {moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

15/05/2026 - петок

Свети цар Борис-Михаил Покрстител ; +Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики; Светите маченици Борис и Глеб; Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная