логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


СВЕТИОТ СЛАВЕН СЕФАЛЕН АПОСТОЛ
И ЕВАНГЕЛИСТ ЈОВАН БОГОСЛОВ И
ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ НАШ АРСЕНИЈ ВЕЛИКИ

 


 Од МАЛА ВЕЧЕРНА

sv.Jovan.Bogoslov.jpg


Дојдете, верни, со песни божествени денес да го овенчаме славниот Јован, бездната на премудроста и писател на православните догмати; возљубениот, зашто тој како гром објави дека во почетокот беше Словото. Така тој се покажа како громогласен, како благовесник на светот, откако сефалениот засветли со мудрост голема.


Навистина се покажа како голем и вистински пријател на Учителот Христа, ставајќи ја својата глава на Неговите гради, од кои си нацрпал премудрост за догматите, со кои ја збогатуваш сета земја наоколу како проповедник Божји. Затоа красната Црква Христова, држејќи ги нив, се весели сега радувајќи се.
Радувај се, вистински богослову! Радувај се, севозљубен сине на Мајката Господова! Зашто ти, стоејќи под крстот Хтристов, си го слушнал божествениот глас на Господа, кога ти рече: Еве ти ја сега твојата Мајка. Затоа сите ние достојно, како велик и возљубен апостол Христов, блажен те именуваме.

 Од УТРЕНА

Откако си го очисти окото на душата, о Богослове, си ја видел неискажливата слава на Единородниот Син Божји и Слово на Отецот, од Кого мудро доаѓа се; преку Светиот Дух.

 

Извор: ИЗБОР НА МЕСЕЧНИ И ПРАЗНИЧНИ БОГОСЛУЖБИ (Втор том- ФЕВРУАРИ- АВГУСТ)

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА


Богородичен: Под твоето спасително прибежиште при-бегнуваме сите, Богородице Дево, и по твоите молитви се спасуваме од нападот на врагот, и се избавуваме од идното мачење, Пречиста.


 
sv.Arsenij.jpgОтче Арсение, лошата и мошне груба облека на твојата сиромаштија, со која што Го подражаваше Христа, ти помогна да го заборавиш раскошот на твојата поранешна облека, и те снабди со облеката на славата неискажлива.
Откако со смирено срце прими помош од Бога, отче Арсение, ти ги скрши нападите на неприј ателите, и на горделивите духови, и стана победоносец со твоето смирение.
Богородичен: Си се покажала повисока од херувимите и
серафимите, Богородице, зашто ти единствена си Го примила несместливиот Бог во твојата утроба, Неосквернета.
Затоа сите верни со песни те славиме, Пречиста.

Кондак на преподобниот, глас 3.
Подобен: Дева денес:

Од Рим си засветлил како велико сонце, и си стигнал до царскиот град, преблажени, просветлувајќи го со твоите зборови и дела, и растерувајќи секаква магла на незнаењето. Поради тоа те почитуваме, преподобен Арсение, славо на отците.
Икос: Откако го слушна гласот на Господа, преподобен, си ја оставил овосветската красота и си живеел монашки; подражавајќи го ангелскиот живот, богомудре. Затоа и целиот си се покажал како преобразен, ангел во тело, принесувајќи Му на Христа постење и солзи, непорочна молитва и сеноќно стоење. Затоа си бил храм на Света Троица, пример на монасите и наставник во добродетелите, и постојан топол молитвеник за оние што те почитуваат. Поради тоа те почитуваме, славо на отците, преподобен Арсение.

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

18/08/2025 - понеделник

Преображенски и Богородичен пост; (строг пост )

Св. маченик Евсигниј; Св. свештеномаченик Фавиј (Фавијан), папа Римски; Св. маченик Понтиј; Света Нона;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август//6 август 2025

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август//6 август 2025

глас 7Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на Твоите ученици Твојата слава,колку што можеа (да видат).

Тропар на св. Христов маченик Евсигниј 18 август/5 август  2025

Тропар на св. Христов маченик Евсигниј 18 август/5 август 2025

Велики Евсигние на земните цареви војниче,Бог те удостои да посведочиш за Неговата љубов према родот човечки,годините на земниот живот ти...

Тропар на светите седум Отроци  17 август/4 август 2025

Тропар на светите седум Отроци 17 август/4 август 2025

Големи чудеса на вератасе покажаа во пештерата која како царска одаја послужи на Светите седум Отроци,умирајќи без тело, по многу време...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная