логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

   


Колку е убаво, колку е благодатно и чудесно, кога Премилостивата рака на Премудрото Слово, Кое живее на Небесата, ќе ги благослови малечките на земјата, кои со полнота на радост и љубов во срцето ќе ја побарат Славата Негова да се пројави меѓу нив, за да се прослави вечно Неговото Пресвето име меѓу народите.

Чудесно е навистина… Не целиот свет знае дека постои Некој, Кој безрезервно ја излева Својата милост врз нас. Светот не знае дека Тој е единствениот Кој непрестајно го слуша нашиот глас кој му вели:

„Најсладок…Те љубам…Премилостив, имам ваква желба..., ова го сакам..., тоа ми треба…“ И веднаш, можеби во момент во кој човекот најмалку се надеваш, молитвата е услишена.

Така Возљубениот погледна и на желбата сокриена уште одамна, во срцата на неговите деца и еден ден, некој спомна дека се организира поклоничко патување на островот Евија во Грција, преку туристичката агенција Елида Травел, каде верниците ќе можат да се поклонат на нетленото тело на Свети Јован Руски, моштите на Преподобен Давид и на гробот на светиот старец Јаков Цаликис. Тоа беше моментот кога Седржителот ги услуша молитвите на нашите срца, а особено на Игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, кој кога пристигнавме во манастирот посветен на Преподобен Давид рече:

„До овој момент не знаев зошто сум на ова патување и која е причината поради која сум повикан… но сега, кога влегов во манастирот и кога се поклонив на гробот на овој свет старец и почувствував огромна благодат, разбирам која била целта и зошто сум овде... “

Имено, Архимандрит Партениј го придружуваше и отец Еразмо од братството на Бигорскиот манастир на Свети Јован Крстител, како и отец Горан со своето семејство од Скопската епархија и отец Игор од Дебарско-Кичевската епархија.

Вечерта на 07.05.2009 година (четврток) многубројни верници се собраа на местото од каде поаѓаа автобусите, со цел да земат благослов, да ги испратат сите оние кои ќе одат на поклонение, како и да им ги доверат на поклониците сите свои молитви и желби кои тие самите сакаат да им ги упатат на овие Божји угодници, со оглед на тоа што тие нема да имаат можност да ги посетат овие свети места.

По неколку часовното патување, во утринските часови пристигнавме во Глифа, откаде со траект се спуштивме на островот Евија, поточно градот Прокопи, при што се упативме кон храмот посветен на Светиот Јован Руски, каде се наоѓа неговото нетлено тело. Годината на неговото раѓање не е точно позната, но се смета дека е роден околу 1690 год. во Русија. Живеејќи во тешки услови во текот на руско-турската војна, Св Јован бил заробен и предаден на еден отомански старешина, кој го одвел во неговиот крај – Мала Азија, поточно местото Прокопи, близу Кесарија. Измачуван со тешки страдања од страна на овој отомански владетел, кој имал многу христијански заробеници и кој со најразлични дарови се обидувал да ги одврати од нивната вера, смирениот по срце Јован, цврст и со непоколеблива вера во Христа Спасителот, не се откажал од Создателот и бил подготвен да истрпи за Него секакви маки до смрт. По многубројните навреди, тепање, плукања и најпосле во моментот на маките кога му ја одрале и кожата на главата, светителот не се предал ниту се поколебал во своето срце. Гледајќи го ова, отоманот го примил да живее во штала како негов коњушар. Таму, во шталата, Св. Јован Руски со голема вера постојано Му се молел на Бога, не обраќајќи никакво внимание на условите во кои живеел. Тој живеел единствено за Бога, во молитва и подвиг, со љубов и смирение. По тешката болест од која се разболел, а по причестувањето со Пресветите Христови Тајни, Св. Јован се упокоил во 1730 година. По 3 год. од неговото упокојување, светителот му се јавил на сон на еден свештеник кој го откопал неговото нетлено тело и го положил во храмот посветен на Св. Георгиј.

Во тоа време, султанот Осман со цел да им се одмазди на христијаните, наредил светото тело на маченикот да биде запалено. Но во тоа не успеал, бидејќи славата Божја се пројавила врз телото на овој светител, кога на чудесен начин, телото се кренало над огнот неизгорено. Имено, во 1886 год. монасите од рускиот манастир Св.Пантелејмон на Света Гора, започнале со изградба на храм кој ќе биде посветен на Св. Јован Руски, со помош на определени донации, бидејќи храмот на Св.Георгиј, каде било телото на светителот, бил многу стар. На 15 август, 1898 год. со благослов од Цариградскиот Патријарх Константин V, Митрополитот Кесариски Јован, го осветил новиот храм посветен на светиот и праведен Јован Руски.

Кога во 1924 година, жителите на Прокопи биле насилно принудени од Турците, да се преселат на островот Евија, со себе ги понеле и моштите на Свети Јован Руски. Во текот на повеќе децении, тие се наоѓале во храмот на светите Рамноапостолни Константин и Елена, во Неа Прокопи, за во 1951 год. да бидат пренесени во новиот храм, сега посветен на Св. Јован Руски, во кој  денес доаѓаат илјадници поклоници од Грција и целиот свет, а особено на денот на неговиот спомен – 27 Мај. Преподобниот Јован Руски е многу почитуван и на Светата Гора Атонска, а особено во рускиот манастир – Св.Пантелејмон.

Чувствувајќи огромна благодат, сите се поклонивме на телото на овој светител, упативме искрени молитви кон светителот како кон наш најблизок пријател, а Архимандрит Партениј започна со молебниот канон на Св.Јован Руски. По многубројните песнопенија и по прошетката низ Прокопи, се упативме кон Пефки, каде сите се сместивме, а вечерта слободното време го поминавме во прошетка покрај крајбрежјето на морето, во духовни разговори и поуки од нашиот старец Партениј. Наредниот ден, во утринските часови се упативме кон Ровија, во манастирот посветен на Светиот Преподобен Давид, со цел да се поклониме на неговите мошти, како и на гробот на светиот старец Јаков Цаликис. Пред да пристигнеме таму, имавме кратка пауза на неколку километри пред манастирот, при што ги посетивме преубавите водопади кои како вистински украс на природата, со своето велелепие сведочеа за Својот Создател како прекрасен уметник и Творец.

Продолживме со патот кон местото кое сите со нетрпение очекувавме да го посетиме. Во тие моменти на духовна радост и исполнетост, очекување и возбуда, почувствувавме дека Премилостивиот промисли да ни подари голема благодат.

Пристигнавме пред портите на манастирот. Чудесната градба го одзема здивот на секоја душа која со љубов ќе погледне на таа Божја премудрост како сè е така прекрасно создадено од раката Божја. Забрзани чекори, радост, љубов, полнота на среќа, дури и солзи...

Колку ни подари нашиот Спасител на ова патување!

Исполнети со голема радост, на влезот од манастирот, зедовме благослов од десницата на едно старче кое го сретнавме таму и по воскликнувањето на радосниот поздрав Христос Воскресе – Навистина Воскресе, влеговме во манастирот. Дом чудесен и убав, прекрасен и топол, цвеќиња и дрвја насекаде, лица радосни, луѓе исполнети, златни души облечени во црна риза, благодат, чудесно благоухание и на крај портите на црквата, а внатре... Внатре на едно посебно место, само за светителот, централно во црквата, поставен черепот на Св. Преподобен Давид. Толпа луѓе, радосни... Започнаа верниците да се поклонуваат, а од еден агол на црквата се слушна:

„Те величаме Свети Преподобни Давиде и го почитуваме твојот вечен спомен.“, а потоа најмилата Пасха...

Колку е чудесен Бог Кој почива во своите светии!

Солзи покајнички, а истовремено и неискажлива радост. Молитви пред светите мошти, прозби и желби...

Одеднаш глас одекна:

„Еве, надвор е гробот на старец Јаков Цаликис!“

И веднаш, забрзани чекори кон гробот на тој свет старец... Некој да го прегрне, некој да го види, некој да му каже колку го сака, некој за прв пат да го запознае, некој за да разбере зошто дошол токму таму, некој да се исплаче, некој за да му се помоли... Но, сите заедно чувствувавме небесна благодат...

Чудесно благоухание.

Потоа наслушнавме дека келијата на ова мило срце, на овој свет старец е отворена за секого кој сака да влезе внатре и со своите очи да го види светиот живот на Старецот, прикажан преку многубројните предмети во неговата келија а особено дрвениот крст на кој тој милиот напишал: -„Спомни си Господи за твојот Јаков, јеромонах.“ Истото ова е напишано и на неговиот свет гроб.

Во келијата нè пречека отец Никодим, нè благослови, ни подари мали икончиња, ни раскажа за овој голем светител... Во оваа мала, но полна со благодат келија, можеше да се забележи искрената љубов, смирение и силна молитва на избраникот Божји. Неговите чевлиња – пат кон Царството Небесно, неговите одежди – светлата облека подарена од Христа Спасителот, подготвена за денот на Неговата свадба... Овој старец допре до срцата на секој поклоник, бидејќи не е возможно таквата светост да остане скриена.

На излегување од келијата, го сретнавме игуменот на манастирот, отец Кирил, кој долги години живеел заедно со старец Јаков Цаликис, зедовме благослов од неговата десница, ги испросивме неговите молитви и откако повторно се поклонивме на светиите и заминавме.

На враќање застанавме во Едиптос, каде се наоѓаат термални бањи. Ја посетивме црквата посветена на Светите Козма и Дамјан и параклисот на Свети Нектариј Егински и по прошетката низ градот се вративме во апартманите.

Следното утро (во неделата) присуствувавме на утрената богослужба и на Боженствената Литургија во црквата посветена на Св.Теодор која се наоѓаше  близу апартманите во кои бевме сместени. Всушност, врвот на сето ова патување беше моментот кога сите се причестивме со Светите Христови Тајни, додека во црквата одекнуваше гласот на архимандрит Партениј со кого сите заедно пеевме песни на црковнословенски, македонски и грчки јазик. Можеше да се забележи и големата позитивна зачуденост на некулкуте грчки верници во тие моменти, како и радоста на хорот и свештеникот, кој на крајот на Боженствената Литургија одржа проповед, со која ги исполни срцата на сите присутни и не потсети на Христовата љубов, велејќи:

 -„ Сакам само да ви кажам нешто – нас не треба да нè интересира политиката бидејќи сите ние сме браќа и сестри во Христа. Љубовта Христова е таа што нè поврзува и таа пребива во срцата на секој православен христијанин без разлика дали тој е од Грција, Македонија, Русија и сл. Да им се заблагодариме на овие луѓе кои денес присуствуваа на оваа Литургија и што истата ја разубавија со некулкуте песнопенија. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!“

Навистина овој поздрав ја означи победата над сето она што светот и политиката со својата огревовенот и непознавање на Бога, се обидува да го наметне меѓу православните христијани.

Токму во прилог на кажаното, кметот на општината, кој беше преисполнет со благодат од љубовта која зрачеше меѓу сите нас, сакајќи да ни посака добредојде, сите нè покани на утринско кафе покрај морето, иако бевме некаде околу 100-тина луѓе. После збогувањето со нив, се упативме назад кон Македонија. По пат, застанавме во Темби, каде ја посетивме црквата на Света Петка Римјанка, изградена според едно чудо. Всушност, на тоа место постоела железничка пруга, на која некој ден додека возот поминувал оттаму со група деца, Света Петка му се појавила на машиновозачот и го предупредила да го запре возот бидејќи во спротивно би се случила голема несреќа.. Машиновозачот запрел, а пред неговите очи се случило токму она за кое бил предупреден. Пругата се срушила. Благодарение на оваа Божја угодничка, децата биле спасени. Затоа, во чест на ова чудо, грчката железница изградила црква. Во неа се наоѓаат и дел од нејзините мошти, а близу црквата има и чудотворен извор со лековита вода. По молитвите упатени кон оваа светителка, се вратиме назад во автобусите и се упатимве кон Скопје, исполнети со неискажлива радост и пријатни спомени од доживеаното патување.

Навистина, кој може да ја опише Божјата големина и слава?

Кој може да го објасни Носителот на сè и кој може да ја разбере Неговата милост и љубов? Постојано прави чудеса и ова што по Својата Промисла, ни го овозможи, не е мило дело, туку е жив доказ за тоа колку нè љуби, колку мисли и се грижи за нас... Ете, Создателот не ги заборава своите мили чеда...

Со огромна љубов и радост да Му заблагодариме и да се помолиме на Бога, во часот на нашата смрт, да си спомне за нас малите во Царството Небесно.

Како што секоја душа на овој свет не може да живее без своите дечиња, така и овие дечиња не можат да си го замислат својот живот без Него – Најслаткиот.

Кога би продолжиле да пишуваме за нашиот Спасител, не би имало доволно место, нема доволно зборови да раскажеме. Но затоа ќе извикаме:

-„Слава ти на Тебе Кој ни ја покажа светлината, Слава на Бога во височините и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја...“

Те сакаме Христе Боже наш....

 

 

 


 

 

 

 

Песна за Св. Јован Руски

Свети Преподобен Јоване Руски

Ти прекрасен светителу од Евија

чудотворецу, со голема слава прославен на небесата,

смирено срце, прилепено до Христа.

Со љубов во срцата те величаме,

со вера и надеж ти се поклонуваме,

ја воспеваме небесната сила твоја,

и името твое сега го призиваме.

Те молиме застапи се за нас, кои се осмеливме да ти се обратиме,

моли Го Бога за нас грешните, малите слуги Негови,

моли Го Седржителот по Неговата огромна милост да не помилува

и за наШите многубројни согрешенија да не си спомнува.

Тебе, Свети, нашите прозби ти ги упатуваме

на  твојата помош се надеваме,

исцели не нас болните и изранетите,

кои во гревовен сон сме потонати.

Избави не од помислите со кои сосем непотребни станавме

отстрани од нас секакво дело со кое Најмилиот Го жалостиме,

испроси од Него здравје за верните негови чеда,

кои не заборавиле дека Неговата рака ги пресоздаде.

За да можеме да ти благодариме , Свети,

низ сите денови од нашиот живот,

 та непрестано Тебе, смирениот со песни да те воспеваме

 благомирисен цвету во градината Христова.

 

 

 

известуваат

Марија Пеева, Марија и Павлина Ангелоски

и Сања Нешовска

 

  

 

 

 

 

 

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

12/05/2026 - вторник

+Свети Василиј Острошки; Светите девет маченици во Кизик; Преподобен Мемнон Чудотворец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная