логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Manu.Trifun.jpg

На 13 мај 2009 година, во амфитеатарот на МАНУ, а по повод традиционалното одбележувањена Денот на Фондацијата „Трифун Костовски“,  беа промовирани новите изданијата на Фондацијата и Македонската Академина на науките и уметностите, и тоа делата :  

РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИТЕ ГОВОРИ ВО ЈУГОИИСТОЧНИОТ  ЕГЕЈСКИ ДЕЛ, том 5  од проф. д-р  Коста Пеев,  монографијата ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО ПЕЛАГОНИЈА ОД СРЕДИНАТА НА XV  ДО КРАЈОТ НА XVII ВЕК  од д-р Никола Митревски и  студија за АРХИТЕКТУРАТА НА ЦРКВАТА УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА - ТРЕСКАВЕЦ  од м-р  Елизабета Касапова.

Manu.Trifun.jpg

Manu.Trifun.jpg

Промоцијата ја отвори академ. Цветан Грозданов, претседател на Управниот одбор на Фондацијата и ги презентираше активностите на Фондацијата Трифун Костовски во 2008 година, во делот на издавачката дејност, откуп на уметнички дела, одбележувањето на јубилеи и снимање на филмови.

Manu.Trifun.jpg

Manu.Trifun.jpg

 - Еминентните личности и нивните дела од областа на науката, историјата, уметноста, литературата се најзначајни за меѓународната сериозна промоција на државата - рече фондаторот Трифун Костовски на промоцијата.

Manu.Trifun.jpg

 

За делото на лингвистот Пеев, петтиот том одРЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИТЕ ГОВОРИ ВО ЈУГОИИСТОЧНИОТ  ЕГЕЈСКИ ДЕЛ, зборуваше академик Петар Хр. Илиевски. Тој истакна дека речникот е како енциклопедија за животот, обичаите, секојдневјето на луѓето.

- Пеев е свесен за големата важност на југоисточните говори, кои во 9 век биле основа за старословенскиот јазик. Сепак, тоа не е обичен речник, туку енциклопедија на народниот живот од тој крај. Во него е собран голем фолклорен и етнографски материјал со кој културата и јазикот ќе се сочува од заборав - рече Илиевски.

Академик Цветан Грозданов зборуваше за монографијата ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО ПЕЛАГОНИЈА ОД СРЕДИНАТА НА XV  ДО КРАЈОТ НА XVII ВЕК  од д-р  Митревски.За книгата на м-р Касапова, АРХИТЕКТУРАТА НА ЦРКВАТА УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА - ТРЕСКАВЕЦ ,  се прочита промотивно писмо кое го напиша академик Крум Томовски.

 

 

 

 

 

 

 


ДОНАТОРСКИ АКТИВНОСТИ НА ТРИФУН КОСТОВСКИ

Донаторската и спонзорската активност на Трифун Костовски е голема, разновидна и опфаќа повеќе области, а во финансиски средства, таа е многу богата. Во периодот од 1996 год. наваму, Костовски има донирано во научни, во културни, во образовни и во здравствени институции, во комунална инфраструктура, во црковни објекти, во спортски клубови, во различни манифестации, во школување на талентирани ученици и студенти, во лекување болни лица и во други видови помош.
Донации во изградба, реконструкција и реновирање на цркви, манастири, џамии и други верски објекти
1. Изградба на црквата Свети Богородица во Скопје, која важи за заштитничка на Градот. Костовски е нејзин ктитор. Костовски дополнително донира и во изградбата на камбанаријата и иконостасот.
2. Донација на Македонската православна црква за реконструкција на локалитетот Плаошник во Охрид.
3. Донација за реновирање на манастирот Свети Јован Бигорски.
4. Донација за реконструкција на црквата Свети Пантелејмон во Велес.
5. Донација за реконструкција/поправка на црквите Св. Климент и Св. Петка во Штип.
6. Донација за реновирање на манастирот Свети Трифун во село Кучково.
7. Донација за изградба на црквата Св. Петка во село Галичник.
8. Донација за поправка на соборниот храм Рождеството на света Богородица Трорачица во Крива Паланка.
9. Донација за доградба на црквата Св. Петар и Павле во село Јурумлери.
10. Донација за изработка на иконостас од мермер во црквата Св. Софија во Охрид.
11. Донација за поправка на црквата Света Богородица на Водно.
12. Донација за поправка на манастирот Св. Леонтиј Водоча во Струмичка епархија.
13. Донација за храмот Свети Горѓи во Скопје.
14. Изградба/реновирање на џамија во центар Жупа.
15. Донација за поправка на Милениумскиот крст на Водно.
Донации за уредување на јавни објекти во Скопје и во околината
1. Донација за поставување на жардињери на Булеварот Маркс и Енгелс во Скопје.
2. Донација за озеленување на Булеварот Маркс и Енгелс и на улицата Водњанска во Скопје.
3. Донација за изведување градежно-занаетчиски работи за озеленување - поставување на канделабри на кејот на реката Вардар во Скопје.
4. Донација за реновирање на Детската клиника во Скопје.
5. Донација за реновирање на училиштето 11 Октомври во Скопје.
6. Донација за реновирање на спортската сала во гимназија Корчагин во Скопје.
7. Донација за изградба на поило за стока во селата Црешево и Булачани во општина Гази Баба.
8. Донација за чистење на депонија во населба долно Лисиче.
9. Донација за асфалтирање на улица и спортско игралиште во село Јурумлери.
10. Донација за реконструкција на објекти од јавен карактер во Куманово.
11. Донација за изградба ба спортски терен во ОУ во село Вршевци.
Донации во спортот
1. Спонзор на Ракометниот клуб Кометал Ѓорче Петров, 12 год.
2. Спонзор на фудбалскиот клуб Работнички.
3. Спонзор на ракометниот клуб Пелистер од Битола.
4. Спонзор на одбојкарскиот клуб Студент.
5. Спонзор на фудбалскиот клуб за глуви и наглуви лица Слобода.
6. Спонзор на Ракометна федерација на Македонија.
7. Спонзор на женска ракометна репрезентација на Македонија.
8. Спонзор на тенискиот клуб Југ.
9. Спонзор на спортски активности на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
10. Спонзор на Боксерска федерација на Македонија за учество на Светското првенство за сениори во Кина.
11. Спортски подготовки на боксерот Сали Фатим.
12. Донација на ракометниот клуб Струга - Илинден од Струга.
13. Донации на пливачкиот клуб Акватик од Скопје.
14. Помош за операција на Скендер од Боксерскиот клуб Шкупи.
Донации во музички манифестации и естрадата
1. Спонзорирање на манифестацијата Глумците пеат, во 2001, 2003 и 2004 год.
2. Спонзорирање на фестивалот Инерфест Битола.
3. Спонзорирање на Еврофест.
4. Покровителство на Виенскиот бал што се одржува секоја година во Скопје.
5. Финансирање на Фестивалот Тетовски фолкфест.
 6. Финансиска помош на познати естрадни уметници од македонската музичка сцена.
Донации во куллтурни манифестации
1. Донација за подигање на спомениците Мајка Тереза во Скопје и во Нирнберг.
2. Донација за набавка на клавир за Македонската филхармонија.
3. Донација за изградба на споменикот Милтон Манаки во Битола.
4. Донација за изградба на споменикот Кочо Рацин во Велес.
5. Спонзорирање на Унковски фест.
6. Спонзорство на манифестацијата Илинденски марш 78.
7. Спонзорирање на Џез-фестивалот.
8. Финансирање на гостувањето на Драмскиот театар од Скопје во Загреб, Хрватска.
Донации во науката
1. Со писмо од 14.02. 1998 год. упатено до тогашниот претседател на МАНУ акад. Ксенте Богоев, г-динот Трифун Костовски ја изрази својата желба во МАНУ да основа фондација за финансиско поткрепнување на културното наследство, историјата и културата на македонскиот народ и уметноста, за што ќе издвојува годишно по 40.000 германски марки или нивна противвредност. Оваа желба на г-динот Трифун Костовски е прифатена од органите на Академијата и на 12 мај 1998 год. е потпишан Договор за основање на Фонд Трифун Костовски наменет за финансирање на значајни проекти на Академијата од областа на културното наследство, историјата и културата на македонскиот народ и уметноста. Од 1998 год. наваму, фондацијата има финансирано повеќе научни проекти, едиции, публикации и уметнички колекции од национален интерес.
2. Донација за проектот Светлина на институтот Евро-Балкан.
3. Спонзорирање на издавачката дејност на издавачката куќа Ѓурѓа.
4. Спонзорирање на ораторска вечер на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Донации на невладини организации и фондации
1. Донација на Фондацијата Киро Глигоров.
2. Донација на Фондацијата Борис Трајковски.
3. Донација за собирање материјали и пишување на мемоарите на Киро Глигоров.
4. Донација на весникот на македонците во Бугарија Народна воља.
5. Донација за активностите на Детскиот парламент.
6. Донација на ФОМЕК.
7. Донација на невладината организација ИКОМОС.
8. Донација на невладината организација ФЕИМ.
9. Донација на невладината организација АРГИЛ.
10. Донација за Кимета Фетаку.
11. Донација на хуманитарното здружение Есма и Стево Теодосиевски.
12. Донација   за  набавка  на   книги  за   СОС Детско   село,   ОУ   11 Октомври и за детскиот дом 11 Октомври.
13. Донација на здружението на воените инвалиди и загинати 1991/1992 год.

Бр.13-13/ 26.01.2009
ИЗВЕШТАЈ
за остварените активности на Фондацијата
Трифун Костовски во 2008 година
Работата на Фондацијата ја раководеше Управен одбор во состав: акад. Цветан Грозданов, претседател, акад. Петар Хр. Илиевски, акад. Томе Серафимовски, акад. Георги Старделов, акад. Таки Фити и д-р Стефан Костадинов. Секретарските работи на Фондацијата ги вршеше Убавка Мицова.
Во текот на 2008 година, Управниот одбор одржа три седници на кои ги усвои: Програмата за работа на Фондацијата за 2008 година, Извештајот за остварените активности на Фондацијата во 2007 година и Финансискиот извештај на Фондацијата за 2007 год.
Управниот одбор во текот на година ја следеше реализацијата на Програмата за работа во 2008 година и ја дополнуваше.
Согласно со усвоената Програма, во 2008 год. се остварени следниве активности на Фондацијата:
I. Издавачка дејност
Објавен е каталог Галерија портрети на знаменити македонски културни дејци од Емил Алексиев.
Учествувано е во печатењето на монографијата на македонски јазик Марин Држиќ - Комедии и пасторали.
Во текот на годината вршени се подготовки за издавање на:
- монографијата „Фрескоживописот на Пелагонија од средината на XV до
крајот на XVII век" од д-р Никола Митревски,
- монографијата „Архитектурата на црквата Успение Богородично на
манастирот Трескавец" од Елизабета Касапова,
-5-от том на „Речникот на македонските говори во југоисточниот егејски дел" од проф. Коста Пеев,
- колор каталогот за творештвото на академскиот вајар проф. Петар Хаџи Бошков.
II. Откуп на уметнички дела
Откупен е портрет во масло:
Калистрат Зографски, 2008 год., 80x100 см. од Данчо Кал'чев.
III Промоција на книги
На 12 мај 2008 година, беа промовирани публикациите:
1. Блаже Конески поет и Граматичар и типологија на македонскиот
јазик од акад. Нуло Миниси - промотор акад. Луан Старова,
2. Живописот на охридската архиепископија од акад. Цветан
Грозданов - промотор акад. Георги Старделов.
IV. Одбележување на јубилеи
На 12 мај 2008 година, беше одбележана десет годишнината од основањето на Фондацијата.
Свеченоста ја отвори акад. Цветан Грозданов, претсеадател на Управниот одбор на Фондацијата, а со пригодна реч се обрати и фондаторот г. Трифун Костовски, градоначалник на Град Скопје. Беа промовирани публикациите Блаже Конески поет и Граматичар и типологија на македонскиот јазик од акад. Нуло Миниси и Живописот на охридската архиепископија од акад. Цветан Грозданов.
На свеченоста, на акад. Нуло Миниси му беше врачен златен медал, меѓународно признание Блаже Конески, за неговиот особен придонес во меѓународната афирмација на македонскиот јазик и култура. Акад. Нуло Миниси, заблагодарувајќи се на признанието, а по повод претставувањето на публикацијата Блаже Конески поет и Граматичар и типологија на македонскиот јазик, во обраќањето насловено Конески, Македонија и Европа, ја појасни причината заради која ја напишал книгата, како и нејзината природа.
Во музичкиот дел од програмата настапи женскиот камерен хор Св. Злата Мегленска под диригентство на Летка Димовска Полизова, кој ги изведе делата:
- Помјанух пророка од акад. Тодор Скаловски,
- Похвала Кирилу и Методију од акад. Ристо Аврамовски,
- Тропарот на Св. Климент од Стојан Стојков, и
- Македонско оро од акад. Тодор Скаловски.
Во трите мали сали и во холот пред свечената сала беше претставена Галеријата на портрети и печатени дела.
V. Снимање на филмови
Со средства на Фондацијата се снимени:
- Филм од изложбата на акад. Томе Серафимовски во Загреб, и
- филм за Истражуважкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија, по повод 20 годишнината од основањето.
Средствата на Фондацијата редовно се уплатувани од страна на фондаторот, што овозможи остварување на планираната Програма на Фондацијата за 2008 год.
Претседател на Управниот одбор,
акад. Цветан Грозданов

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

« »

Православен календар

 

01/09/2024 - недела

Св. маченик Андреј Стратилат; Преп. Теофан; Св. маченици Тимотеј, Агапиј и Текла;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Божји пророк Самуил 20 август / 2 септември 2024

Тропар на св.Божји пророк Самуил 20 август / 2 септември 2024

Ах, Господе Боже наш, народ не те послуша,наместо Љубов власт над себе од човек побара,да го води на каде не...

Тропар на св. Христов маченик Андреј Стратилат 19 август  ⁄ 1 септември 2024

Тропар на св. Христов маченик Андреј Стратилат 19 август ⁄ 1 септември 2024

Славата на земното звање оставајќи ја,Царството Небесно си го наследил,со капки крв како со скапоцени камења

Тропар на св.преподобен отец Јован Рилски 18 август / 31 август 2024

Тропар на св.преподобен отец Јован Рилски 18 август / 31 август 2024

Втемелен на покајание, излив на умиление,пример на утешение и на духовно совршенство беше твојот рамноангелен живот, преподобен.Оче Јоване, кој во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная