![Timotej.Plaoshnik.jpg Timotej.Plaoshnik.jpg](/images/stories/vesti08/Timotej.Plaoshnik20.jpg)
Св. Климент Охридски на овој простор го основал и првиот универзитет на Балканот- жариштето на словенската писменост и култура и основоположник е на Македонската Православна Црква. . Овде св. Климент ги составувал своите литературни творби, меѓу кои и "Пофалното слово за Кирил", ремек -дело на средновековната словенска книжевност. Меѓу археолошките остатоци во манастирската црква на св. Климет и св. Пантелејмон се наоѓа и гробницата на свети Климент Охридски. Според житието на архиепископот Теофилакт за св. Климент Охридски, големиот словенски просветител оваа гробница ја направил со своја рака во која бил погребан во 916 година.
Во 1999 година, е откриена крстилницата на петтокорабната базилика со кукасти крстови (свастики) на мозаичните подови кои потекнуваат од периодот меѓу IV и VI век. Се претпоставува дека ова ранохристијанска базилика во Плаошник врз која бил изграден Климентовиот манастир во IX век била посветена на Апостол Павле.
Во близина на ранохристијанската епископска базилика во месноста Плаошник, на 11 август 2002 година, возобновена е манастирската црква на св. Климент Охридски.