Тропар, глас 8:
Кога славните ученици, при миењето на нозете на Вечерата, се просветлуваа, тогаш злочестивиот Јуда, болен од среброљубие, се помрачуваше и на беззаконите судии, Тебе - праведниот судија - Те предава. Душо среброљубива, гледај каде оди да се обеси таквата душа; одврати се од среброљубието на Јуда, кој се осмели да Му направи такви работи на Својот Учител; Господи, Кој си добар за сите, Слава Ти .
16 Април-Велика Четврток.
Неговото Блаженство Aрхиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на Светиот и Велики Четврток во сослужение на свештенството од Скопската епархија, отслужи Литургија на свети Василиј Велики со Вечерна, во храмот на св.вмч. Димитриј во Скопје.. Многубројниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. По Светата Литургија се изврши Света Тајна Елеосвештение.
Вечерта , со почеток во 18.00 часот, Негово Блаженство боголсужеше во Архиепископскиот соборен храм “Св. Климент Охридски” – Скопје, кога се читааа 12 Евангелија за Христовите страданија.
Посети: {moshits]