Премин Портал

Кожувчанка

 

 Matka.svAndrej.A2.jpg

Дојдете да работиме во таинствениот виноград, одгледувајќи ги во него плодовите на покајанието, да не се трудиме за јадење и пиење, но да стекнеме добродетели со молитва и пост. А Господарот на виноградот, кому сме му угодиле со својот труд, ќе даде плата со која ги искупува душите наши од долгот гревовен, зашто само Он е богат во милоста.
Утрена, четврта недела од постот

 

 Поуки на светите отци: Покајанието е измирување со Господа по пат на вршење на добри дела спротивно на претходните гревови.
 Свети Јован Лествичник

Молитва:
 Помогни ни, Боже, прилежно и верно да ги бараме даровите најдобри, кои се даваат само тогаш кога се предаваме и Ти се посветуваме Тебе, на Црквата Твоја и на службата Твоја. Амин.

 Читање од Светото Писмо:
 Исаија 25, 1-9
 Битие 9, 8-17
 Соломонови Изреки 12, 8-22

  Созерцание: Господи, Ти си Бог мој, ќе Те возвеличам, ќе го восфалам името Твое, зашто си извршил чудеса.
Исаија 25, 1

Подготви:А.Л. 


Од Православен календар на МПЦ        

Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски     24/03/2009

sv.Sofronij.Erusalimski.jpgРоден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост сепак не остана задоволен и тргна да ја собира единствено духовната. Во Лаврата на Св. Теодосиј се најде со монахот Јован Мосха кого го зеде за свој учител и тргнаа заедно да ги обиколуваат манастирите и подвижниците во Мисир. Нивната лозинка беше: „секој ден стекни што повеќе духовна мудрост “. Сѐ што знаеја запишаа и потоа го издадоа во две книги под името Лемонариум (или Цветник). Подоцна заминаа во Рим, каде што Мосха умре, а му остави на Софрониј аманет да го пренесе или на Синај или во Теодосиевата Лавра. Софрониј му ја исполни желбата и го однесе телото на својот учител во Лаврата на Теодосиј, а самиот се задржа во Ерусалим, којшто во тоа време беше ослободен од Персијанците. Присуствуваше на враќањето на Чесниот Крст од Персија, кога царот Ираклиј на своите плеќи го внесе Крстот во Светиот Град. Стариот патријарх Захарија исто така вратен од ропство не поживеа долго, па кога се пресели во оној свет, го замени Модест (+ 364г.), а после него патријарх беше блажениот Софрониј. Тој со особена мудрост и ревност управуваше со Црквата десет години. Стануваше во одбрана на Православието од монотелитската ерес, којашто тој на својот собор во Ерусалим ја осуди уште пред таа да биде осудена на Шестиот Вселенски Собор. Го напиша житието на Св. Марија Египетска, го состави чинот на Водосвет и воведе нови химни и песни во разни богослужби. Кога арапскиот калиф Омар го освои Ерусалим, Свети Софрониј го измоли да ги поштеди христијаните, а Омар ова наводно и го вети. Кога сепак калифот набрзо потоа почна да ги ограбува и малтретира христијаните во Ерусалим, Софрониј од дното на срцето Го молеше Бога да го земе од живите на земјата за да не го гледа осквернувањето на светоста. И Бог ја услиши неговата молитва, па го зеде кај Себе во 644 година.

Светиот маченик Пиониј
и другите со него
     24/03/2009

Свештеник смирненски. Пострада во Смирна во времето на Декиевото гонење. Го осудија на распнување, заради што беше многу радосен. И штом војниците го склопија крстот и го положија на земјата, Пиониј самиот легна на крстот, ги испружи рацете и им заповеда на војниците да му ги приковаат рацете со клинци. Крстот го всадија во земјата наопаку, а под главата на маченикот наложија оган. Наоколу имаше многу народ. Светиот Пиониј си ги затвори очите и радосно возвикна: „Боже, прими го мојот дух!“ и издивна. Овој светител го напиша житието на Св. Поликарп Смирненски. Пострада и се прослави во 250 година. (фото: Православие.ру)

Посети:{moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најнови вести

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена...

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов  5 ноември/23 октомври  2026

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 5 ноември/23 октомври 2026

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше...

 Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври  2026

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври 2026

Бoг му гo пoкажал мeстoтo кадe ќe сe пoдвизува. Тoа мeстo билo eдна пoлјанка крај рeката Пчиња. Oвдe св. Прoхoр...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная