логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

arhierei.svpetka.jpg 

Господи, Ти си му помогнал на кроткиот Давид во борбата и си го направил способен да го надвладее иноплеменикот; Притекни напомош на Твојот Православен народ, и со оружјето на Крстот порази ги нашите противници. Со Твојата штедрост покажи ни ја Твојата милост како некогаш и направи да познаат (противниците наши) дека Ти Си Бог и дека ќе победиме ние, кои на Тебе се надеваме. По молитвите на Твојата Пречиста Мајка, дарувај ни милост голема.
Вечерна, Крстопоклнона Недела

sv.jovan.zlatoust.jpg

 Поуки на светите отци: Ако малку проштевате, и Он малку ќе ви прости! Ако многу проштевате, Он многу ќе ви прости!
 Свети Јован Златоуст

 

 

 Молитва:
 Со вера во силата на Чесниот Крст Твој да го положиме животот во Твоите раце, Господи, и да бидеме непоколебливи кога ќе ни отежне патот, предано служејќи Ти без отстапување, зашто сакаме да ти служиме по волјата Твоја. Амин.

 Читање од Светото Писмо:
 Исаија 9, 9-21; 10, 1-4
 Битие 7, 1-5
 Соломонови Изреки 8, 32-36; 9, 1-11

 Созерцание: Зашто кој ме наоѓа мене, наоѓа живот и добива љубов од Господа.
Соломонови Изреки 8, 17

Подготви: А.Л.


 Од Православен календар на МПЦ    

 Преподобен Герасим     17/03/2009

sv.Gerasim.jpgОвој познат светител најпрво се учеше на подвижнички живот во Тиваида Мисирска, а потоа премина на Јордан и таму основа обител во која имаше околу седумдесет монаси и која до ден денес постои. За својот манастир постави посебен типик, според кој пет дена монасите поминуваа по келиите плетејќи кошници и рогозини; внатре не ложеа оган, а јадеа само по малку сув леб и урми. Кога излегуваа од своите келии ги оставаа отворени за да може секој кој би влегол внатре да си земе што сака. Во сабота и во недела се собираа во манастирската црква, имаа заедничка трпеза, со вариво и со малку вино во слава Божја. Тогаш секој монах ќе донесеше и ќе го положеше пред нозете на игуменот она што го изработил во изминатите пет дена. Монахот имаше само по една облека. Свети Герасим им беше пример на сите. За Чесниот Пост не јадеше ништо освен што се причестуваше. Еднаш виде лав како рика од болка бидејќи имаше трн во ногата. Герасим пријде, се прекрсти и му го извади на ѕверот трнот од ногата. Лавот толку се скроти, што појде по Старецот во манастирот и остана таму до неговата смрт, а кога умре Старецот и лавот загина од болка по него. Свети Герасим учествуваше на Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, во времето на Маркијан и Пулхерија, па иако и тој најпрво клонеше кон монофизитската ерес на Евтихиј и Диоскор, на Соборот се покажа како голем поборник за Православието. Од таа ерес го одврати Свети Ефтимиј. Од учениците на Св. Герасим најславен беше Св. Киријак Отшелник. Свети Герасим се упокои и премина во радоста на својот Господ во 457 година.

Свети Јаков Постник     17/03/2009

Живееше во 6 век. Толку се восоврши во богоугодниот живот што со молитва ги лечеше најтешките болни. Но непријателот на човечкиот род наведуваше врз него силни искушенија. Така еднаш едни подбивачи испратија кај него една развратна жена. Таа се преправаше пред него и плачеше, а го навлекуваше на грев. Гледајќи дека ќе падне во грев Јаков ја стави својата лева рака во оган и ја држеше така додека не се испржи целата. Кога го виде тоа жената се исполни со страв и ужас, се покаја и го поправи својот живот. Но во друга прилика тој не му одолеа на искушението а падна во грев со една девојка којашто родителите ја донесоа кај него како избезумена за да ја исцели од лудилото. Тој навистина ја исцели, но потоа згреши со неа и за да го скрие гревот ја уби и ја фрли во реката. Тоа е вообичаено: од блудот до убиството нема многу. По ова Јаков поживеа десет години во еден гроб како покајник. Еднаш во време на голема суша од која страдаа и луѓето и животните, по неговите молитви падна дожд и по тоа позна дека Бог му го прости гревот. Овој пример е сличен на Давидовиот: свирепиот зол демон по Божјо допуштение може да ги собори и најголемите духовни џинови, но искреното покајание го привлекува Божјото милосрдие. А најголемите гревови биваат простени тогаш кога грешникот самиот си наложува сесрдна казна за гревот, таква што ги зафаќа сите длабочини на неговото битие.

Светите маченици Павле и Јулијана     17/03/2009

Брат и сестра од Птолемаида Феникиска. Беа страшно мачени за Христа од царот Аврелијан и најпосле ги убија со меч. При нивните мачења се покажаа многубројни чуда. Незнабожците што ги видоа се обратија во верата, а некои од нив беа и убиени. Пострадаа во 273 година.

 

 

Посети:{moshits}


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

14/07/2025 - понеделник

Св. бесребреници Козма и Дамјан; Преподобниот патрициј Петар; Св. маченик Потит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 14 јули / јули 2025

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 14 јули / јули 2025

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2025

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2025

Апостоли свети,молете го Милостивиот Бог,да ни подари прошкана гревовите на нашите души. Иако секој од Светите големи апостоли има свој...

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2025

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2025

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената,молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная