Матка, 2008 г.
Атељето за изработка на одежди во манастирот Успение на Пресвета Богородица Матка постои од 2000 година.
Сестрите изработуваат везени владички и свештенички одежди, византиски мантии, покровци за путир, завеси за царските двери , плаштаници , бајраци и сите потребни елементи за црковните богослужби.
Комплетната изработка , почнуваќи од идејно решение, компјутерско дизајнирање на везовите, нивна изработка на комјутерски приспособена машина, до финално склопување, шиење на одеждите, се изведува од монахињите во самиот манастир. Нивната изработка е секогаш соборна.
Последниот труд на сестринството се овие владички одежди. Нивната особеност и реткост е во начинот на везење. Самиот вез е целосно комјутерки дизајниран и реализиран без употреба на готови везови или траки. Орнаментите со трите еднакви крста заедно со путирот се инспирирани од детал од столбец на камена олтарна преграда на ранохристијанска базилика од 4-ти век, вграден во надворешниот ѕид на црквата во 14 -тиот век . Тие го заземаат централното место на сакосот, вклопени во целина карактеристична за македонските народни носии.
Согледувајќи го нивниот кретивен труд и разгледувајќи го каталогот на одежди кои досега се направени, можеме да констатираме дека Македонската Православна Црква доби една извонредна екипа на монаси кои ќе ја збогатат црковната ризница.