„А ако некој му благодари на Бога за неволите, на тој ќе му се даде да ги знае тајните на Царството Небесно. Нашата радост пред се е духовна.Со телото пак(тоест со сето што му припаѓа на овој свет) ние сме распнати. „Во Христа Исуса мене ми се распна светот и јас на светот“(Гал.6,14)“
На денот кога Светата Црква го слави споменот на пронаоѓањето на чесниот Крст Христов на Голгота, како и споменот на неговото враќање од Персија, повторно во Ерусалим, во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Архиерејска Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.