Под наслов “Со збор и песна за човековите права и мир”, на 10.12. 08. год. во загрепскиот„ Глазбени завод“, се одржа XVI меѓурелигиски концерт, на кој учествуваа претставници на верските заедници кои делуваат во Загреб: Католичката црква, Грко-католичката црква, Македонската Православна Црква, Српската Православна Црква, Сојузот на баптистите, Евангелистичката црква, Еврејска општина, и Исламската општина.
Концертот започна со молитва, која ја предводеше претседателот на хрватскиот огранок на Светската конференција на религии за мир, монсињор Иван Пренџа, задарски надбискуп.
Молитва на Македонски јазик ја кажа протоереј Кирко Велински, потоа г-ѓа Тежак Стојанка отпеа молитвата од Божествената Литургија на Атанас Бадев- “Спаси не Сине Божји”.
Посети: {moshits}