Денес, 09. 12. 2008 година, во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, по повод упокојувањето на поглаварот на Руската Православна Црква, патријархот Алекси II, беше отворена книга на жалост, во која меѓу другите се запишаа Претседателот на Република Македонија г- дин Бранко Црвенковски и Архиепископот на Македонската Православна Црква г. г. Стефан, кој меѓу другото запиша:
„Блаженоупокоениот првоерарх на сестринската Руска црква, ќе остане забележан како архипастир кој подобава, архиереј кој успеа да го возобнови и обедини руското православие, човек - борец за чистотата и мирот во Православието и Црквата Христова.
Ние Македонската православна црква во неговата личност имавме вистински пријател и толкувач на нашето заслужено место во сеправославната заедница. Бог да го прости и неговата душа нека ја насели меѓу праведниците.“
Друго:
Патот до вечното почивалиште на Алексиј Втори послан со рози
Фотографски материјал од опелото и погребот на поглаварот на Руската Православна Црква (09.12.2008)
Посети: {moshits}