Промоција на две монументални дела за Архиепископот Доситеј
На 10.12.2025 година, во НУ „Музеј на националната борба за самостојност“ се одржа промоција на две монументални книги: „Посланија и беседи“ од Архиепископ Доситеј и „Таков Архијереј ни требаше – зборник на трудови во чест на Архиепископот Доситеј“. Книгите се во издание Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а се објавени по повод стогодишнината од замонашувањето на блаженоупокоениот Возобновител на нашата Света Црква.
Промотори на книгите беа: Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Свеченоста беше дополнително разубавена со настапот на свештеничкиот хор на Скопската епархија.


























