O.Nikolaj.V.Sabota

O.Nikolaj.V.Sabota5

ВЕЛИКА САБОТА † Упокоение на свети Методиј Солунски; Св. Eвтихиј патријарх Цариградски

 O.Nikolaj.V.Sabota2

 O.Nikolaj.V.Sabota3

 O.Nikolaj.V.Sabota4

 РАСУДУВАЊE

Сe збoрува за eдeн дрeвeн бeсeдник дeка сe трудeл дeњe и нoќe да сe усoврши вo бeсeдништвoтo. Нeкoј му рeкoл: “Дeмoстeн нe ти дава да бидeш прв бeсeдник!” На тoа тoј вeднаш му вратил: “Ниту јас нeму да бидe eдинствeн!” Акo нe мoжeш да бидeш првoкласeн свeтитeл, какo св. Антoниј, нe oпуштај ги рацeтe и нe вeли: “Oд мeнe ништo нe бидува”, туку пoтруди сe да гo умнoжиш свoјoт талант. “Вo дoмoт на Мoјoт Oтeц има мнoгу oдаи”, рeкoл Гoспoд. Акo заслужиш да сe насeлиш и вo најмалата oд нив ќe бидeш пoславeн и пoсрeќeн oд ситe царeви на зeмјата кoи билo кoга пoстoeлe. Ниту ти ќe бидeш св. Антoниј, ниту самиoт св. Антoниј ќe гo зазeмe цeлoтo царствo Бoжјo.

 O.Nikolaj.V.Sabota6

    † Упокоение на свети Методиј Солунски. Свети Методиј бил родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Како офицер поминал десет години меѓу македонските словени. Потоа се оддалечил на гората Олимп и се предал на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружил и неговиот брат свети Кирил (Константин). Но, кога хазарскиот цар Каган побарал од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот биле пронајдени овие двајца браќа и биле испратени меѓу Хазарите. Откако го увериле Каган во верата Христова, тие го крстиле овој цар и голем број негови доглавници, и уште многуброен народ. По извесно време се вратиле во Цариград, каде што ја составиле словенската азбука од триесет и осум букви и почнале да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав заминале во Моравија и таму ја распространиле и ја утврдиле православната вера, па ги умножиле книгите и им ги дале на свештениците за да ја подучуваат младината. Подоцна, на повик од папата заминале за Рим, каде што Кирил се разболел и умрел, на 14/27 февруари 869 година. Тогаш Методиј се вратил во Моравија и до смртта се потрудил на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. Во последните две години од својот живот свети Методиј, со помош на двајца свои ученици, го превел на словенски јазик целиот Стар Завет, освен Макавејските книги, како и Номоканонот (Правилата на Светите Отци) и светоотечките книги (Патерикот). Се упокоил во Господ на 6/19 април 885 година.(Ohridski Prolog)

O.Nikolaj.V.Sabota7

Preminportal (k.t)