Parabola.10devojki.jpg

15 април – ВЕЛИК ВТОРНИК
– Часови, Изобразителна, Вечерна со Литургија на Претходноосветени дарови

Во светиот и Велики Вторник правиме спомен на параболата за десетте девојки. Зошто Господ, искачувајќи се во Ерусалим за да пострада во него, им кажува на своите ученици вакви параболи? Затоа што овие параболи, вели Он, се однесуваат и на Евреите. Всушнос, Он ја раскажува параболата за десетте девојки за да обрне внимание на милосрдието, а истовремено ги поучува сите да бидат подготвени пред крајот, бидејќи за девството Он им зборувал повеќепати, како и за евнусите.