Денес Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во градот Берлин испишува нова историја со чинот на осветување на камен темелникот за уште една нова Македонска православна црква во Германија.
После 30 години од формирањето на Македонската православна црковна општина „Свети Климент Охридски“ во Берлин, Македонците во Берлин конечно ќе добијат свој храм.
Во чест на осветувањето на камен-темелникот се отслужи света архијерејска литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, во сослужение со надлежниот архијереј Неговото Високопреосвештенство г. Пимен Митрополит Европски и Неговото Високопреосвештенство г. Јосиф Митрополит тетовско-гостиварски, со повеќе свештенослужители од Македонија и Европа.
Програмата беше збогатена и со заедничка прослава со Ангел Стојкоски и групата „Доминанта“ и настап на фолклорниот ансамбл „Македонско Сонце“ од Дизелдорф.
https://liturgija.mk/aktuelno/mpc/osvetuvanje-na-kamen-temelnik-za-nov-hram-vo-berlin/
Пред 30 години:„Светиклиментово пламенче во Берлин“