логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Sample Image

 

Возљубени,

Би сакале да Ве известиме дека, со благослов на Митрополтот Повардарски г. Агатангел, излезе од печат реизданието на книгата „Света Гора – Небесна земја“ од Светиот епископ Гаврил Велички.

                  Голема е нашата радост што добивме можност да ја реиздадеме оваа прекрасна и неповторлива книга, која за поновата генерација можеби и да е непозната. Македонските верници и богослови ќе откријат во неа еден посебен и неповторлив свет кој од Бога е закрилен и благословен, а во кого живеат земни ангели и небесни луѓе.

Во оваа книга, која е сублимат од врвна монографија, искуствен патепис и спасоносно сведоштво на преобразената личност, Светиот Епископ Гаврил Светогорец од прва рака и непосредно ни ги раскажува своите лични погледи и доживувања за ова единствено и уникатно место во светот.

Книгата можете да ја порачате во Издавачката дејност на Повардарската епархија на тел: 043 221 231, да испратите порака на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или, пак, да пишете порака на нашата ФБ страна.

Цена на книгата 300 денари

ПРЕДГОВОР НА КНИГАТА

СВЕТА ГОРА - МЕСТО НА ДУХОВЕН ПРЕПОРОД!

                Голема е нашата радост што добивме можност да ја реиздадеме оваа прекрасна и неповторлива книга, која за поновата генерација можеби и да е непозната. Македонските верници и богослови ќе откријат во неа еден посебен и неповторлив свет кој од Бога е закрилен и благословен, а во кого живеат земни ангели и небесни луѓе. Единствена мерка на овие ангелолики и ангелогласни калуѓери е непрестајниот такт на молитвата, која во целост го исполнува секојдневието, нивното време и животот, но и нивните чисти и за тоа подготвени срца. Во ова молитвено царство, царскиот престол е наменет за Небесната царица - Богородица, која е посебна старателка и покровителка на овој полуостров што токму заради неа и нејзиното застапништво го добил името Света Гора, по кој е познат и во православната екумена, но и насекаде по светот. Света Гора е посебен дар Божји за човештвото, тоа е татковина на богомолците. Овде животот се одвива како во некој огромен храм, кој не е опкружен од камени ѕидини. Во неговата внатрешност е поставен беспрекорно уреден и совршено хармонизиран простор, чиј почеток и крај го држи Самиот Бог во Своите раце. На врвот од овој простор, како покрив и купола, е поставена самата небеса кон која преку молитвен подвиг и аскетски напори се стремат тамошните тивки и кротки жители. Во ова свето и благословено место на тихување се води непрестаен доверлив разговор со Бога. Овде во тишина и осаменост, монахот се среќава со својот Создател лице в лице, очи во очи, срце во срце. Во оваа држава Божја единствен идеал е Царството Небесно, а единствена вредност е Воскреснатиот Господ Исус Христос. Ако за светот потонат во суета и грев молитвата е еден вид на слабост и понижение, тогаш во Света Гора таа е претворена во алатка на заедничарењето, преку неа се возвишува духот на човекот до небесните височини на совршенството.

Во оваа книга, која е сублимат од врвна монографија, искуствен патепис и спасоносно сведоштво на преобразената личност, Светиот Епископ Гаврил Светогорец од прва рака и непосредно ни ги раскажува своите лични погледи и доживувања за ова единствено и уникатно место во светот. За неговите сфаќања Света Гора е дел од древна Македонија, и овде по Божја промисла, но и по благоволение на Пресвета Богородица е зацарена новата татковина на Неговото Свето Евангелие. За нас Македонците е особено интересен делот каде тој поентира споредувајќи го раѓањето на Месијата меѓу малиот израелски народ со основањето на Света Гора во Словенските земји. Според Дедо Гаврил Бог не го избрал моќниот Рим, ниту прославената Грција за да биде почеток и темел на молитвата и монашката проповед, туку малиот и непознат народ кој тогаш живеел околу планината Атос. Книгата изобилува со извонредни и прецизни описи на светите предели на кои е никната прекрасната божествена архитектура на самите светогорски манастири. Во неа, како на дланка, ни е распослана целата историја на Света Гора, почнувајќи од првите Богородични чекори на ова место, па сè до денешниот ред и поредок на неговите скитови и општежитија. Посебно плени вештината на раскажување на Дедо Гаврил, во која провејува неговата огромна световна наобразба, но и неговата лична духовна спремност и подготовка. Со еден збор: секој што ќе ја прочита книгата „Света Гора - Небесна земја“ неминовно ќе знае и заклучи дека преку неа му зборува не некој друг, туку од Светиот Дух осветен и преобразен човек. Дедо Гаврил ни остави во наследство едно неверојатно духовно четиво. Ова четиво е полно со корисни податоци, но и со скапоцени преносни анализи и заклучоци, кои можат да се согледаат, осознаат и сфатат единствено со окото на очистениот дух. Само светителот ја гледа и правилно ја препознава божествената светлина. Оваа способност не може ниту да се научи ниту да се стекне во некое световно училиште или универзитет. Дедо Гаврил нејзе ја усвојувал, пазел и надоградувал во најголемата духовна школа на православието. Неговиот расказ е едно мало сведоштво и сеќавање на од него пројдениот пат. Затоа, за нас таа претставува повеќе од вредна поука во нашите лични напори во духовниот живот. Среќен е секој човек што барем за момент имал можност да се сретне со овој свет човек. Бескрајно сум Му благодарен на Бога што и мене ме удостои со оваа единствена и неповторлива привилегија. Неговите тогашни зборови се всушност пресликани во редовите на овие реченици. Тогаш многу работи и нешта искажани од неговата уста ми беа туѓи и несфатливи. Не мислам ни дека сега целосно сум ја разбрал неговата света поука и порака. Знам само дека сите ние, како огромна радост и утеха ги имаме неговите пишани и непишани дела, на кои, како негови духовни чеда, постојано и постојано се навраќаме. Всушност, тоа е и главната цел на реизданието на оваа посебна книга. Сигурен сум дека мнозина, преку зборовите на овој голем и авторитетен современ македонски светител, ќе го познаат Бога и Неговото дело. Ова веројатно била и намерата на Светиот Епископ Велички Гаврил кога седнал да ја составува оваа монографија. Неговите зборови останале тивки и ненаметливи и до ден-денеска, исто онака какви што се и делата на храбрите богомолци кои живееле и сè уште живеат во овој сеправославен собирен центар на човековата духовна преобразба. Оттаму во циклични кругови се шири и распространува спасоносната духовна храна насекаде во православниот свет. Таму е добредојден секој, таму живее Онаа што Бога го родила, таа секого како мајка и добра домаќинка го пречекува во своите пазуви. Под нејзиното раководство и светогорскиот жител и патникот-намерник го наоѓа и изодува патот до Царството Небесно. Овде, всушност завршува секоја потрага.

Искрено Му посакувам на македонскиот читател пријатно патување низ светите предели на Света Гора Атонска. Негов водич, притоа, ќе биде Светиот Старец Гаврил, он ќе оди пред него напред, он ќе го придржува и пази од секое сопнување, од секој сомнеж, од секоја неволја и неизвесност. Нема поголема среќа и радост од тоа свет човек да биде твој сопатник, соговорник и учител. Затоа, на сите оние што намерно или случајно ќе допрат до оваа книга, им посакувам пријатно патување!

На крајот би сакал да изразам голема благодарност кон м-р Билјана Петковска, која преку огромен личен труд и посветеност особено придонесе да се обликува и изготви новата редакција на оваа многу значајна, неповторлива и капитална книга.

Митрополит Повардарски

†Агатангел (Станковски)

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

« »

Православен календар

 

15/09/2024 - недела

Св. маченик Мамант; Св. Јован Постник, патријарх Цариградски; Св. Елеазар; Празник на чудото на Пресвета Богородица на иконата Калужска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свештеномаченик Антим Никомидиски 3 септември / 16 септември 2024

Тропар на св. Христов свештеномаченик Антим Никомидиски 3 септември / 16 септември 2024

Радувај се роде човечки, радувај се Никомидио,ете од тебе Бог порасна фиданка, која стократен плод ќе принесе,преку неа врати ќе...

Тропар на св. Христов маченик Мамант 2 септември / 15 септември 2024

Тропар на св. Христов маченик Мамант 2 септември / 15 септември 2024

Блажен си ти Маманте кој тргна по патот Господов,ѕверовите природни ги скроти, а се засолна од луѓе ѕверолики,природата се поврати...

Тропар на св. Христов Столпник Симеон1 септември / 14 септември 2024

Тропар на св. Христов Столпник Симеон1 септември / 14 септември 2024

Симеоне свети подвижниче,подвиг пред Господа голем принесе,надминувајќи ја човечката природа на столб се подигна.Пастирот Христос преку тебе светилник на столбот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная