логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

takovski.jovan2.jpg

Повод за нашиот разговот со  протопрезвитер- ставрофор д-р  Јован Таковски, е излегувањето  од печат на нова богослужбена книга “ Избор на празнични и месечни Богослужби Прв дел”, чиј  преводот и препев од црковнословенски јазик, го направи   д-р Јован Таковски.Оваа исклучително значајна богослужбена книга(  прв и втор дел), Посниот триот и Цветниот триод( последен преведувачки труд на отецот), произлегоа по барање и финансиска поддршка на  Македоснката православна црковна општина (заедница)  "Света Петка" во Мил Парк, Мелбурн - Австралија, возглавена од нивниот парохиски свештеник, отец Тоне Гулев, секако со благослов на надлежниот архиереј, Митрополитот Петар.

 takovski.jovan13.jpg


Отец Таковски: -„Св. Климент заедно со неговите учители, св. Кирил и св. Методиј , го знаеа добро значењето на празниците  со нивните содржини, па затоа нивна примарна грижа, во пастирско- мисионерската работа, беше преводот на богослужбените книги  на разбирлив мајчин јазик. По единаесет века тој јазик еволуирал, и  денес е веќе тешко разбирлив и за самите свештенослужители, а уште помалку за обичните верници. Затоа сметам дека  преводот на богослужбените книги е многу значаен.“

+++

takovski.jovan12.jpg

-„Епископот е тој што ја има најголемата одговорност во епархијата за сите дејности, особено во исполнувањето на литургискиот богослужбен типик. Во ово случај тие би требало да го следат примерот на св. Климен Охридски кој во своите поуки и слова, често им се обраќаше на верниците со зборовите: „Браќа, да се собереме в црква на Вечерна,  Утрена и Литургија,  за да ја научиме силата на празникот.“ Празникот има сила ако разбираш,  а после со Литургијата, со  учеството во Евхаристијата, е кулминација. Навистина се добива благодат и сила, и се чувствува силата на празникот. “

-+++

--„Св. Климент барал да ги следиме светителите..тој вели:„ Читајте ги житијата на светите  и угледајте се на нив, следете го нивниот пример.“ Значи ние сме повикани да го следиме примерот на светителите. Без тоа ние можеме само да тапкаме во место, и да одиме назад, да назадуваме  а  не да напредуваме духовно.“

takovski.jovan15.jpg


ИНТЕРВЈУ:


1. По излегувањето на Посниот Триод на македонски јазик, што за Македонската Православна Црква значи преводот на поголемите неподвижни празници, т.е. на богослужбите од Минејот?

 takovski.jovan3.jpg

Протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски - Посниот триод го завршив на Митровден 2001 година, а од печат излезе 2005 година. Мислам дека тој веќе ги даде и ги дава своите плодови на богослужбен план.
Преводот и излегувањето од печат на избор од минејските празници (Господски, Бородични и светителски) ќе биде од големо значење за унапредување на литургискиот живот во нашата Црква.


2. Какви се Вашите очекувања од излегувањето во печат на уште едно вакво капитално дело и на кој начин очекувате да влијае врз македонскиот обичен верник?

 

Протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски- Главниот изговор за не служење или не присуство на празничните богослуженија - Вечерна, Утрена..., до сега беше неразбирањето или недоволното разбирање на она што се чита и пее. Сега за таквиот изговор повеќе нема да има оправдување.


3. Објаснете ни како се дојде до идејата да се преведат на македонски литературен јазик, службите на поголемите Христови, Богородични и светителски празници во годината?


Протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски- И за овие служби, како и за Посниот триод, иницијатива или барање дојде од Македоснката православна црковна општина (заедница)  "Света Петка" во Мил Парк, Мелбурн - Австралија, возглавена од нивниот парохиски свештеник, отец Тоне Гулев, секако со благослов на надлежниот архиереј, митрополитот Петар. Оваа црковна општина служи навистина за пример на жива литургиска заедница, чиј пример веќе го следат и други црковни општини во Австралија.


4. Што поточно, или кои служби се опфатени во Македонскиот Минеј и што содржат тие?

Протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски- Овој избор од месечни (минејски) служби се печати во два тома. Првиот том ги опфаќа празниците од 1 септември (на први септември започнува црковната нова година и се слави св. Симеон Столпник, и други светители) - до крајот на јануари; а во вториот том ќе бидат поместени празниците од 1 февруари (свети мач. Трифун) - до крајот на август. Зборникот ги содржи и службите на сите македонски светители за кои  има служба.


5. Со оглед на сегашната состојба во нашата Македонска Православна Црква, каде често во повеќе храмови, верниците се сведоци на скратувањето на богослужбите, со образложение дека се неразбирливи, премногу долги итн., дали очекувате преводот на службите на македонски јазик, ќе придонесе за поголема дисциплина во однос на исполнувањето на црковниот богослужбен устав, т.е. Типикот од страна на свештенослужителите?

takovski.jovan6.jpgПротопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски- Преводот на празничните богослужби треба секако да придонесе за поголема дисциплина во исполнувањето на црковното правило - типик или устав, но тоа ќе зависи во голема мера и од ставот на надлежните епархиски архиереи. Епископот е тој што ја има најголемата одговорност во епархијата за сите дејности, особено во исполнувањето на литургискиот богослужбен типик. Во овој случај тие би требало да го следат примерот на св. Климент Охридски кој, во своите поуки и слова, често им се обраќаше на верниците со зборовите: Браќа, да се собереме в Црква на вечерна, утрена и литургија, за да ја научиме силата на празникот. Свети Климент и св. Наум, заедно со нивните учители светите Кирил и Методиј, го знаеја добро значењето на празниците со нивните содржини, па затоа нивна примарна грижа во пастирско-мисионерската работа беше преводот на богослужбените книги на разбирлив мајчин јазик. По 11 века тој јазик еволуирал и денес е веќе тешко рзбирлив и за самите свештенослужители, а уште помалку за обичните верници. Затоа сметам дека преводот на богослужбените книги на современ македоснски јазик е основниот предуслов за нашата духовна и литургиска преродба или обнова.


6. Причината заради која Ви го поставивме претходното прашање, произлегува од претпоставката, ако и понатаму опстои состојбата на кратење на богослужбите, огромното духовно богатство кое се наоѓа во преведените служби на најголемите празници во годината и понатаму ќе остане скриено од македонскиот верник, па како последица нема да се добие очекуваниот ефект врз нашите верници. Какви се Вашите размислувања во однос на тоа како нашата автокефална Црква треба да го реши овој проблем?

Протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски- Кратењето на богослужбите или нивното целосно избегнување во најголема мера се должи на нивното неразбирање, како што веќе реков. Секако дека тука може да има и индвидуална одговорност, односно неодговорност. Но, со преводот на богослужбените книги, мислам дека тој аргумент ќе отпадне како изговор за таквото однесување.


7. Знаеме дека црковната химнографија е сложена материја, зашто во неа се вклопени повеќе уметности, како што се музиката и поезијата; впрочем богослужбената химнографија е симбиоза помеѓу црковната поезија и црковното пеење. Каков сметате дека ќе биде процесот на создавање на една таква симбиоза помеѓу вашиот превод на македонски литературен јазик и источното-црковно пеење кое веќе неколку години се изучува во Македонската Богословија и Православниот Богословски факултет?

takovski.jovan5.jpg
Протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски- Во црковното пеење најбитно е познавањето на осмогласнкикот. Ако е тоа постигнато, адаптирањето на мелодијата ќе биде можно на секој јазик. Секако и за тоа е потребно и време и умешност. Но јас во моментов не сум окупиран со тој проблем, бидејќи примарната моја грижа е преводот на богослужбените книги, бидејќи верниците од црквата Света Петка во Мелбурн бараат да продолжам со преводот на она што останува непреведено.

8. Посакувајќи Ви, од името на  редакција на ПРЕМИНПОРТАЛ, многу здравје и идни успеси, кои се следните планови во однос на пошироката употреба на македонскиот јазик во богослужбите?

Протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски- По излегувањето на првиот том, кој е повод за овој наш разговор, сега е во подготовка и вториот том, кој треба да излезе од печат навреме, за да може да влезе во практична употрба од 1 февруари (празникот на св Трифун). Главнината на овие празнични месечни (минејски) богослужби ја завршив пред три години. Оттогаш па до сега, на барање на истата црквона општина од Австралија (Света Петка во Мелбурн), работев на преводот на Цветниот триод или Пентикостар, кој ги соджи службите од Велгден до Неделата на сите свети по Дуовден). Особено интензивно работев ова лето, и со задоволство можам да изјавам дека го завршив преводот и на оваа мошне значајна богослужбена книга. Оваа книга свети Климент ја превел и дополнил пред крајот на неговиот земен живот. Нареден потфат е Октоихот.
Во последно време има барање од релевантни институции во Македонија да се нафатам да ги преведам творбите на свети Климент Охридски (слова поуки...). Начелно се согласив, па се надевам, ако Добриот Бог ми даде уште некој ден живот и сили, да ја завршам и оваа мошне значајна и одговорна работа, за којашто чекав погоден момент уште по завршувањето на мојата докторска теза Просвештението во теологијата на свети Климент Охридски во 1999 година. Овој труд се отпечати 2006 година. Наскоро треба да оди во печат двојазично издание (македнонско-англиски). Кога ќе излезе од печат, тогаш ќе можеме да кажеме нешто повеќе за тој проект.

 +++

Разоворот со отец Јован Таковски е голема  благодет и предизвик за повторно среќавање. Искрено се надеваме на скорешна повторна средба со него. Се надеваме промислата Божја, повторно ќе ни го овозможи тоа.

takovski.jovan14.jpg


 Со  благослов на Митрополит Австралиско- новозеландски и  Преспанско- пелагоники г. Петар, а  во издание на МПЦ Црква Св. Петка-Мил Парк, Викторија- Австралија и Австралиско- новозеландска епархија и Преспанско- пелагоника епархија,  излезе од печат нова богослужбена книга “ Избор на празнични и месечни Богослужби Прв дел”.

takovski.jovan7.jpg

Преводот и препевот од црковнословенски:

  протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски

bogosluzbi.praznik1.jpg

 “ Избор на празнични и месечни Богослужби Прв дел”.

 

bogosluzbi.praznik.jpgСОДРЖИНА:
1 СЕПТЕМВРИ -
Спомен на преподобниот отец наш Симеон Столпник и архимандрит 7
8 СЕПТЕМВРИ -
Рождество на Пресвета Владичица наша Богородица  40
9 СЕПТЕМВРИ -
Светите и праведни богоотци Јоаким и Ана  68
14 СЕПТЕМВРИ -
Воздвижение на чесниот и животворен Крст - Крстовден  84
26 СЕПТЕМВРИ -
Упокојување на свети Јован Богослов  109
1 ОКТОМВРИ -
Покров на Пресвета Богородица  139
6 ОКТОМВРИ -
Светиот и славен апостол Тома  161
11-17 ОКТОМВРИ-
Недела на светите Отци на 7~°т Вселенски собор во Никеја 178
13 ОКТОМВРИ -
Света великомаченица Злата Мегленска  192
14 ОКТОМВРИ -
Преподобна мајка Параскева - света Петка  209
18 ОКТОМВРИ -
Свети апостол и евангелист Лука  230
19 ОКТОМВРИ -
Спомен на преподобниот отец наш пустиножител Прохор Пчински 247
19 ОКТОМВРИ -
Светиот преподобен отец наш Јован Рилски  274
21 ОКТОМВРИ-
Свети Иларион епископ Мегленски  289
26 ОКТОМВРИ -
Светиот и славен великомаченик Димитриј Мироточив Солунски и спомен
за големиот земјотрес  305
1 НОЕМВРИ
Светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан  341
3 НОЕМВРИ
Обновување на храмот на св. великомаченик Георгиј  363
8 НОЕМВРИ
Собор на светиот Архистратиг Михаил и на другите бесплотни Сили 377
13 НОЕМВРИ
Свети Јован Златоуст архиепископ Константинополски  402
21 НОЕМВРИ
Воведение во храм на Пресвета Владичица наша Богородица и Приснодева
Марија  428
25 НОЕМВРИ и 27 ЈУЛИ
Свети Климент архиепископ Охридски и Чудотворец  461
25 НОЕМВРИ
Свети Климент папа Римски, и Петар Александриски  493
28 НОЕМВРИ
Спомен на светите Петнаесет свештеномаченици кои пострадаа за време на
Јулијан Отпадник во Тивериопол, наречен Струмица  518
5 ДЕКЕМВРИ
Спомен на преподобниот и богоносен отец наш Нектариј Битолски 544
6 ДЕКЕМВРИ
Спомен на светиот отец Николај Чудотворец архиепископ на Ликискиот
град Мир  568
9 ДЕКЕМВРИ
Зачнување на света Ана кога ја зачна Пресвета Богородица 602
12 ДЕКЕМВРИ
Преподобен отец наш Спиридон Чудотворец епископ Тримитунтски 618
20 ДЕКЕМВРИ 
Претпразненство на Раѓањето по тело на Господ Бог и Спасителот наш Исус
Христос, и спомен на светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец 629
23 ДЕКЕМВРИ
Претпразненство на Рождество на Господ наш Исус Христос и спомен на
преподобниот отец наш рамноапостолен Наум Охридски Чудотворец 653
11-17 ДЕКЕМВРИ
Недела на светите Праотци  682
18-24 ДЕКЕМВРИ
Недела пред Рождество Христово, на светите Отци  700
24 ДЕКЕМВРИ
Претпразненство на Рождество Христово и спомен на света преподобнома-
ченица Евгенија  728
25 ДЕКЕМВРИ
Раѓањето по тело на Господ Бог и Спасителот наш
Исус Христос — Божик      781
26 ДЕКЕМВРИ
Собор на Пресвета Богородица  812
26 ДЕКЕМВРИ-1 ЈАНУАРИ
Недела по Раѓањето Христово  818
27 ДЕКЕМВРИ
Светиот апостол, првомаченик и архиѓакон Стефан  828
1 ЈАНУАРИ  852
Обрезание по тело на Господ наш Исус Христос
5 ЈАНУАРИ  852
Претпразненство на Просвештение (Богојавление) и светите маченици
Теопемпт и Теона; и преподобна Синклитикија  881
6 ЈАНУАРИ
Свето Богојавление на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос 936
7 ЈАНУАРИ
Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован 975
15 ЈАНУАРИ
Спомен на преподобниот и богоносен отец наш Гаврил Лесновски 1002
17 ЈАНУАРИ
Преподобен и богоносен отец наш Антониј Велики  1019
18 ЈАНУАРИ
Спомен на светите отци наши, и архиепископи Александриски,
Атанасиј и Кирил  1042
25 ЈАНУАРИ
Спомен на свети Григориј Богослов, архиепископ Константинополски 1060
30 ЈАНУАРИ
Светите отци наши и велики ерарси Василиј Велики, Григориј Богослов и
Јован Златоуст  1090
Табела на подобни на осум гласови  1026

Печати: Абакус Комерц- Скопје

Друго:

Нова богослужбена книга “ Избор на празнични и месечни Богослужби Прв дел”. 

:Отец Јован Таковски - За веронауката

takovski.jovan10.jpg

takovski.jovan10.jpg  

Проф. д-р Јован Таковски - ДЕЛОТО НА СВЕТИТЕ КЛИМЕНТ И НАУМ 

Посети: {moshits}

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная