Првата сабота од Великиот пост
04.03.2023 Во првата сабота од Великиот Пост, која православната Црква ја посвети на споменот на свети Теодор Тирон, беше отслужена Света Божествена Литургија во црквата „св.Никола“ во Свети Николе, на која чиноначалствуваше Митрополитот Европски г.Пимен во сослужение на надлежниот епархиски архереј митрополитот Брегалнички г.Иларион и митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф.