Во Неделата на Рождеството на Господ Исус Христос- Божик, кога МПЦ-ОА, молитвено го прослави споменот на првомаченик и архиѓакон Стефан, во манастирката црква на св.вмч Геогиј,во месноста Криви Дол, презвитер Даниел Јовановски отслужи Божествена Литургија. Во текот на Литургијата, по читањето на Евангелието на денот, отецот го протолкува значењето на денешниот пазник, па преку житието на светителот, посочувајќи ни го патот на спасителната вера во Христос.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.По Литургијата се осветиа именденските колачи и се продолжи со пријатно дружење на верниците во овој прекрасен јануарски ден.
Друго:
9ти Јануари (Tрет ден Божик)
Роднина на апостолот Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од Седумте ѓакони коишто Светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Ерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето. Злобните Евреи се препираа со него, но беа секогаш победувани од неговата мудрост и од силата на Светиот Дух Којшто дејствуваше преку него. Тогаш посрамени Евреите, свикнати на измами и клевети, го побунија народот и народните старешини против невиниот. Клеветата против Стефан велеше дека хулел на Бога и на Светиот пророк Мојсеј. Брзо најдоа лажни сведоци коишто тоа и го потврдија. Тогаш Стефан застана пред народот и сите видоа дека лицето негово е како лице на ангел, т.е. озарено од благодатна светлина како што некогаш беше Мојсеј кога говореше со Бога. Стефан ги отвори своите усни и ги пореди многубројните доброчинства и чуда Божји извршени од Бога во минатото над народот израилски, но и многубројните злосторства и противења кон Бога од страна на тој народ. Особено ги изобличи за убиството на Господ Христос, нарекувајќи ги предавници и крвници. И додека тие чкртаа со забите, Стефан погледна и го виде небото отворено и славата Божја. Тоа што го виде тој им го објави на Евреите: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки кај седи од десната страна на Бога“ (Дела 7). Тогаш пакосниците го изведоа надвор од градот и го убија со камења. Меѓу неговите мачители беше и неговиот роднина Савле, подоцна апостол Павле. Во тоа време на некој камен во далечината стоеше Пресвета Богородица со Свети Јован Богослов и го гледаа мачеништвото на првиот маченик за вистината на нејзиниот Син и Бог, молејќи Го Бога за Стефана. Ова се случи една година по слегувањето на Светиот Дух на апостолите. Телото на Св. Стефан тајно го зеде и го погреба на својот имот Гамалиил, кнез еврејски, а потаен христијанин. Така заврши во слава првенецот меѓу христијанските маченици и се пресели во Царството на Господ Исус Христос
Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...
Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...
Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...
Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...
Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...
„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...
И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...
Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...
А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....
Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата
Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...
Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...
Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син
Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...
Болестите според светоотечкото учење
Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...
Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург
Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност. Повеќе...
Духовни поуки: „Помоли се за мене“
Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...
Живот без стрес
Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес..Повеќе...
Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет
И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака.Повеќе...
Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“
Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети. Повеќе...
ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види
Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...
Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ
Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...
За Моето име
Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња
„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...