логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

По повод претстојниот спомен на нашите Првоучители и Родоначалници, сесловенските Просветители, Светите солунски Браќа Кирил и Методиј, вчера во Скопје, во Културно-информативниот центар се одржа пригоден културно-научен настан со отворање на изложба и промоција на книга, насловен како „По трагите на Светите Кирил и Методиј“. Настанот беше организиран помогнат од македонската и словачката влада, претставена кај нас од Амбасадорот на Република Словачка, Н. Е. г. Хенрик Маркуш. На манифестацијата присуствуваше црковниот и државниот врв во земјава: Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Премиерот г. Зоран Заев, заменик претседателот на Владата г. Никола Димитров, министерката за култура г. Ирена Стефоска, пратеници од Собранието, претседателот на МАНУ г. Љупчо Коцарев, ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ г. Никола Јанкуловски, деканот на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ г. Ѓоко Ѓорѓевски, надбискупот на Католичката црква во Скопје Н.В.П. монс. Киро Стојанов, како и други гости од Македонија, Словачка и Чешка.

Светите Браќа Кирил и Методиј, фреска во Бигорскиот Манастир, 19 век

Како покровител на манифестацијата, Премиерот г. Зоран Заев во својот говор, меѓу другото, истакна дека „сите мисии на Светите браќа Кирил и Методиј биле мисии на обединување. Нивната мисија на обединување на словенските со другите народи на Европа пред нешто повеќе од 1150 години, покрај христијанизацијата на словенските народи, имала и извонредно и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значење. Во пресрет на 24 мај, денот посветен на светите браќа како сесловенските просветители, нивната мисија повторно ја покажува далекусежната визија затоа што сѐ уште ги собира и обединува словенските и другите народи на Европа“.


Во продолжение беше отворена изложбата со фотографии „По трагите на Свети Кирил и Методиј“, иницирана од словачката амбасада, а чиј прокуратор беше доц. д-р Кристина Н. Николовска, доцент на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност и специјалист за црковнословенски ракописи и старопечатени книги од раномодерниот период. Изложбата, освен богатата фотографска биографија на Св. Кирил и Методиј изработена од Павол Демеш, содржи и шестнаесет паноа на кои се прикажува дел од заплетканата и возбудлива историја на кирилските ракописи и старопечатени книги коишто денес се чуваат во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје. „Оваа изложба, има за цел да прикаже и една помалку истражена и дискутирана перспектива од која би можеле да ги погледнеме зачуваните ракописи и старопечатени книги. Благодарение на оставените белешки по белините во кои некогаш се наведува каде и од кого ракописот бил создаден, од кого бил откупен, кому му припаѓал или кој и каде го прочитал, откриваме дека книгите, слично како сесловенските просветители, патувале од едно место на друго, и дека и тие поминувале низ разни премрежија и оставале траги во средините каде биле користени“ – истакна во својот говор г. Николовска.

На свеченоста говореше и Архиепископот Кирил Васил, администратор на епархијата во Кошице, Република Словачка, а ректорот г. Јанкуловски го промовираше словачко-македонското библиофилско издание на „Прогласот“ на Свети Константин – Кирил Философ, приредено од г. Стојан Лекоски.

Мелодија за „Прогласот“ запишана на невми според византискиот осмогласен систем од јероѓакон Анатолиј Бигорски

ВИДЕО

https://i.ytimg.com/vi_webp/aVATCn4Cs9o/hqdefault.webp

На покана на главните организатори, словачкиот амбасадор г. Хенрик Маркуш и г. Стојан Лекоски, а со благослов на нашиот старец и игумен, Неговото Преосвештенство г. Партениј, на вчерашниот настан посебен украс му даде настапот на хорот на Бигорскиот Манастир, кој изведе неколку црковни песнопенија: тропарот на Христовото Воскресение, тропарот на Свети Кирил Философ, тропарот на Светите Кирил и Методиј, стихира посветена на Светите Браќа, „Всјакое дихание да хвалит Господа“. Посебно изненадување за сите беше рецитативно-хорската изведба на „Прогласот“ на Свети Кирил на староцрковнословенски јазик, бидејќи за прв пат во историјата за него е искомпонирана мелодија запишана на невми според византискиот осмогласен систем, за што најмногу се погрижи нашиот собрат и хорарх, јероѓаконот Анатолиј.

2021-05-19-spomenot-na-sv.-k-m-43-of-49

Свеченоста ја затвори Неговото Блаженство, Архиепископот г. г. Стефан, со архипастирско слово за подвигот и значењето на Светите солунска Браќа Кирил и Методиј.

 2021-05-19-spomenot-na-sv.-k-m-13-of-49

 2021-05-19-spomenot-na-sv.-k-m-16-of-49

 2021-05-19-spomenot-na-sv.-k-m-19-of-49

2021-05-19-spomenot-na-sv.-k-m-20-of-49

 2021-05-19-spomenot-na-sv.-k-m-29-of-49

 2021-05-19-spomenot-na-sv.-k-m-33-of-49

  2021-05-19-spomenot-na-sv.-k-m-3-of-49

 2021-05-19-spomenot-na-sv.-k-m-7-of-49

 2021-05-19-spomenot-na-sv.-k-m-38-of-49

 2021-05-19-spomenot-na-sv.-k-m-39-of-49

2021-05-19-spomenot-na-sv.-k-m-45-of-49

 2021-05-19-spomenot-na-sv.-k-m-48-of-49

 2021-05-19-spomenot-na-sv.-k-m-49-of-49

 Повеќе:

 

https://bigorski.org.mk/vesti/nastani/po-tragite-na-svetite-kiril-i-metodij/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

« »

Православен календар

 

16/01/2025 - четврток

Светиот пророк Малахија; Светиот маченик Гордиј; Света Геновева; Претпразненство на Богојавление;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Во вечниот ден Господов,лице в лице проповеда Апостолот да се видиме, а ти Пророче на Христовото доаѓање,со Ангелот вазден собеседеше, благодатта...

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Од младоста Христа си го засакал, Блажен,    на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш.   Си се...

Тропар на Обрезание Господово  1 јануари / 14 јануари 2025

Тропар на Обрезание Господово 1 јануари / 14 јануари 2025

 Ти Кој седиш на огнозрачен   Престол  на висините,    со Твојот Беспочетен Отец      и со Божествениот Дух,  си благоволил     ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная