логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Соговорник: Панајотис Сотирхос, новинар и писател


  К.Ј.: Господин Сотирхос веќе во една прилика беше толку љубезен и добар да ни прераскаже некои поединости од своето богато искуство за старците, на кои им посвети и неколку свои книги.


 Како прво, господине Сотирхос, ајде да кажеме неколку реченици за тоа што се тоа старци, таа единствена појава во нашата православна црква?


 Панајотис Сотирхос: Зборот "старец" нема, се разбира, никаква врска со животното време: тоа е духовен термин и се однесува на духовната одговорност, бидејќи старецот е оној кој ги следи душите, раководител до спасението, он е раководител во Христа. Затоа треба да се сетиме дека првиот Старец, раководителот на сите нас, е самиот Господ.

  Институцијата старец се наоѓа во самата основа на нашето Православно Предание. Секогаш нашата Црква имала и има светители и старци како духовни водачи.

   К.Ј.: Да кажеме сега нешто за светогорскиот старец Паисиј. Би биле посебно допрени да слушнеме и некои ваши сеќавања.

   П.С.: Кога некој ќе го запрашаше како во светот да живее духовен живот, старец Паисиј  одговараше:
    - Растргнетоста на умот на животните проблеми и на празните работи, ја прави и душата растргната. Сврти се кон внатре, кон необработениот виноград на својата душа, како би ја откорнал од корен целата трнлива коров на злото од неа и како би посадил на нејзино место добродетели. И пази, тоа делание воопшто не е лесно. Макотрпно е и бара многу трпение. Ќе наидеш на многу тешкотии. Многу би ти користеле разни светоотечки книги, кои, за среќа, во овие денови не е тешко да ги најдеш. Во нив ќе најдеш се што сакаш, се што ќе ти биде потребно. Безбедно ќе те изведат на духовниот пат. Само треба да ги читаш со смирение и со молитва.

    К.Ј.: Тоа, со други зборови, значи дека човек треба да го преобрази својот живот во таков за да во неговото средиште се наоѓа Богочовекот, значи, својот живот да го преобрази во богоцентричен живот.

    П.С.: Токму така.

    К.Ј.: И да прекине со тој безумен антропоцентризам кој владее.

    П.С.: Некој побарал од старецот Паисиј да каже нешто за молитвата. И он кажал неколку воведни зборови:
    - Беседата за молитвата никогаш не завршува, затоа што ни молитвата никогаш не завршува.

    Оваа старчева мисла се наоѓа во основата на нашето постоење, а сака да каже дека, се додека живееме и постоиме, се наоѓаме во непрекидна врска со Бога Отецот. Таа дијалошка врска постои, дури и да молчиме, дури и само да ја доживуваме, таа претставува состојба на молитва. Доволно е да постои сеќавање, доволно е да постои свест - тоа е она што го нарекуваме лично доживување - т.е.да ја чувствуваме во себе својата слабост, своите гревови, своите потреби и да имаме свој однос кон Бога. Тоа е неисцрпен говор на молитвата кој никогаш не се завршува.

   Старецот уште рече:
- Молитвата е разговор со Бога. Не можам да кажам што чувствува човекот додека се моли. Единствено што треба да знаете е дека душата на христијанинот пишти  непрестано да се молите.

  К.Ј.: И Апостолот Павле на едно место не повика непрестајно да се молиме.

  П.С.: Би сакал уште нешто да кажам, бидејќи тоа е феномен на нашето време, а се однесува на човечките права, за кои се развиле толкави теории. Старецот за тоа ни кажа неколку многу значајни слова:

   - Колку е човекот подуховен, толку помалку права има во овој живот. Духовниот човек нема никакво право во овој живот. Обврзан е да биде трпелив и да ја прифаќа неправдата. Неговите права ги чува Бог за оној живот.
   Но, меѓутоа, објаснува старецот, ние често, поради својата глупост, бараме да ги добиеме правата тука. Меѓутоа, човечката правда нема никакво значение за духовниот човек. 

(повеќе)

подготви Сузана Стефановска


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная