Вчера, на празникот на светите рамноапостолни браќа Методиј и Кирил,
делегација на Македонската Православна Црква составена од Архиепископот
Охридски и Македфонски г.г. Стефан, Митрополитот Дебарско-кичевски г.
Тимотеј и Епископот Хераклејски г. Климент, се поклони на гробот на
свети Кирил во Рим.
- Свети Кириле, денес во твојот и наш Солун е камен на камен од твоето дело! Денес во твојот роден град сѐ е пепел и прав и нема ни буква ни слово од јазикот твој и наш. Во крајот во кој сите тогаш говореа како тебе и како ние денес, забрането е не само говорењето и молењето на тој јазик, туку и постоењето. Денес, за жал, таму однесувањето е полошо од она на тријазичниците во твое време.... Таму се прогонува и протерува сѐ што е макеоднско, и се негира и името на земјата, и името на Црквата, се негира - вистината, рече во молитвената беседа поглаварот на Македонската Православна Црква.
![](http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/rim250520082.jpg)