логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

bogorodica.justinijan29.jpg

На крајот од Фестивалот на Источно- црковно пеење, Mитрополитот Eвропски Пимен направи  промоција на музичкиот компакт-  диск со црковни химни “Статии на Велик Петок“


bogorodica.justinijan28.jpgПочитувани присутни,

Денес имавме можност да ја проследиме смотрата на епархиските хорови во склоп на културно – историската манифестација ДЕНОВИ НА ЈУСТИНИЈАН ПРВИ. Откако ги проследивме настапите на епархиски хорови на МПЦ, ние, епархиите од дијаспората не можејќи активно да се вклучиме во смотрата ја користиме оваа можност да се претставиме ПЛЕЈБЕК.

Имено, Македонската православна епархија за Европа во соработка со Американско – канадската македонска православна епархија во пресрет на ПРАЗНИКОТ НАД ПРАЗНИЦИТЕ – ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО, издаде препев од Статиите на Велик Петок со музичко ЦД снимено со „Јустинијана Прима“, хорот при Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“.

bogorodica.justinijan27.jpg


Статиите на ВЕЛИК ПЕТОК се дел од црковното богослужение во Страсната седмица и со право може да се каже дека во нивната содржина се крие најтажната поезија во црковното песништво.

Но и покрај убавината на поезијата и пеењето на статиите, оваа служба се богослужи само еднаш во годината, па идејата за реализација на овој проект беше нашето старомакедонско црковно пеење да стигне до секој христијански дом, па верниот македонски народ, како во нашава земја така и во дијаспората, преку тоа да го научи и активно да се вклучи во богослужението на Велик Петок, па заедно со свештенството да му принесат оплакување на Христа.

bogorodica.justinijan26.jpg


Во оваа прилика сакаме да му искажеме благодарност на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско – канадски г.Методиј за соработката и препевот на статиите;

Како и на Неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г.Агатангел, со чиј благослов хорот го започна снимањето на Компакт дискот;

Благодарност до господин Мите Димовски сопственик на студиото ТРА-ЛА-ЛА.

Како и до протопсалт Ѓорѓи Секулоски и поединечно до секој член на хорот „Јустинијана Прима“ кои безрезервно се вложија за реализација на овој проект.

Како и до сите Вас кои одвоивте време да ја посетите оваа културно историска манифестација.
Сега, Ве поканувам да ја ислушаме и ТРЕТАТА СТАТИЈА.
НА МОГАЈА ЛЕТА!!!

   


bogorodica.justinijan30.jpg

Реакции по повод Фестивалот

bogorodica.justinijan15.jpg Фестивал на Источно-Црковно Пеење - Скопје   

                                                          

Во рамките на културно-историската манифестација „Денови на Јустинијан I", која се одржува трета година по ред во Скопје - родниот град на еден од најголемите императори во историјата на Византија, во саботата на 17 мај се одржа и Фестивал на Источно-Црковно Пеење. На фестивалот учествуваа хорови од  речиси сите градови од Македонија, од сите епархии на МПЦ  како и хорот „Јустинијана Прима" при Македонската Православна Богословија „Св. Климент Охридски". Овој хор кој работи под раководство на маестро Гоце Секуловски, проф. на катедрата по црковно пеење при МПБ успеа да ја освои публиката пред се со извонредната интерпретација на овие млади луѓе, која евидентно произлегува од нивниот активен заеднички живот во Црквата Божја.

Фестивалот се одвиваше под извонредна организација на ПРЕМИНПОРТАЛ заради кого манифестацијата имаше квалитативна промена во однос на минатите две години.

Овој преубав настан, особено важен за црковната јавност, и особено редок во однос на мотивот и посветеноста на организаторите, помина во сенка на забележителното отсуство на нашите црковни великодостојници со исклучок на митрополитот европски Пимен и мал број на свештенослужители.

Во завршниот дел од фестивалот митрополитот европски Пимен направи  промоција на неодамна изадената книга и ЦД  “Статии на Велик Петок“ при што јавно им се заблагодари на митрополитот американско-канадски Методиј за преводот и препевот на статиите, на издавачот, како и на хорот “Јустинијана Прима“ за прекрасната музичка изведба.

Известува: М. Златанова    АКМПЕ

+++

bogorodica.justinijan16.jpg

Одбележани Јустенијановите денови

Со црковно пеење и читање присутните слушнаа за вредностите на православната вера  
      
  Со црковно пеење и предавања за времето на византискиот император Јустенијан Први во возобновената црква Пресвета Богородица во Скопје се одбележаа деновите на Јустенијан Први.

Во читањето пред присутните беше потенцирано дека ова не е само посветено на Јустенијановото раѓање, туку на времето кога вредностите на Православната вера беа високо ценети.
 
Настанот го одбележаа неколку хорови, високи црковни лица и професори од Факултетот за теологија.

Друго:

Посети:{moshits}


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

07/07/2025 -понеделник

Петровденски пости (на риба)

Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов; Св. Никита, епископ Ремесијански; Св. маченици Орентиј, Фарнакиј, Ерос, Фирмос, Фирмин, Киријак и Лонгин;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2025

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2025

Пророче и претечо на Христовото пришествие,не знаеме како достојно да те восхвалиме,ние кои со љубов те почитуваме, со твоето славно...

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина  6 јули/23 јуни 2025

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина 6 јули/23 јуни 2025

Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маченички болки, туку од заробеноста...

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни   2025

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни 2025

Крин процвета во земјата сиријска,мирис се разлеа во црквата Христова,пастир мудар беше испратен при децата,да се возвеличува Еден Бог во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная