29/04/2017 Актуелности, Богослужби
На 29.04.2017 г., на Втората Недела по Пасха, во манастирот Св. Јован Крстител Слепче, Епископот Херклејси г. Климент, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, Игумен Серафим, протоереј Димитар Михајловски, Протоереј Кирил Трајковски, ереј Тони Смутковски, Протоѓакон Драган Ѓорѓиовски, Ѓакон Ѓорѓи Делев отслужи Вечерна богослужба.
После Вечерната, заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Петар, ја отслужија и последната Панихида за светиот свештеномаченик Кипријан.
По неговите молитви, Бог и нас да не помилува и спаси, како благ и човекољубив.
Извор: Преспанско- пелагониска епархија