логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Ваше блаженство, Ваши Високипреосвештенства, Ваше Преосвештенство, почитувани градоначалници на Општините низ Повардарската епархија, почитувани преставници на политичките партии од Р. Македонија, почитувани преставници од државните институции и медиумите, чесни оци, драги браќа и сестри Македонци, Македонки и Македончиња

  Собирајќи се во оваа пригода околу престолот Божји во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон” во Велес, ние како православни Македонци добиваме одлична можност да се потсетиме, а воедно и повторно да учествуваме преку благодарење и благоговејност во неколку славни моменти од свештената историја на нашата духовна мајка и закрилница - Македонската православна црква. Смислата на сеќавање и одбележување на некои јубилеи се состои пред сé во реална историска реконструкција на настаните од минатото, а преку изразување восхит и почит кон слученото и сопствено себепреиспитување за личниот напредок и духовен развој иницирани од она што пред одреден број години се случило. Токму заради тоа и го создал возвишениот Бог времето и неговото мерење, за повторно и повторно, пак и пак, да се нурнуваме и правилно да го разбереме минатото и неговата вистинска смисла и потоа наоружани со сознанијата и искуството на нашите претци да грабиме сигурно кон иднината, но и да оставаме дел од себеси и сопственото знаење, како базична инспирација и вдахновение за идните генерации, за нашите директни потомци.

Искрено и со целото свое битие длабоко Му благодариме на Бога и на Неговата света промисла што ни го подари блажениот Архиепископ г.г. Доситеј - роден Македонец, кој од 4 до 6 октомври 1958 година, во Охрид го собра своето напатено македонско стадо и го свика ИИ Црковно-народен собор, на кој преку обновувањето на Охридската архиепископија како Македонска православна црква и со донесувањето на првиот Устав, по кој таа ќе се раководи, беше фрлено божественото семе за идно автохтоно и автокефално црковно живеење и преуспевање на македонскиот православен човек. Денес, по поминати 50 години, разгледувајќи, а воедно и анализирајќи ги плодовите на оваа храбра историска одлука на нашите непосредни претци, со сигурност можеме да кажеме дека духовното семе паднало на добра почва и тоа дало и сé уште дава добар и корисен плод.

МПЦ денес, за разлика од тогаш, е организирана во десет епархии, таа има сопствена православна богословија и богословски факултет од каде произлегуваат идните свештеници, проповедници и учители. Во овој полувековен период таа успеа да возобнови и изгради стотици духовни светилишта, кои се соборно место и духовни работилници за изградба и калење на македонските православни личности, а со реконструкцијата на древните манастири овозможи во нив да се обнови православното монаштво, кое негувајќи ја древната македонска монашка традиција, базирана врз Христовото евангелие и неговите начела, стана спасоносна станица и поттик за духовна обнова и развој на младите македонски чеда. За време на овие 50 години, македонските цркви и манастири од споменици од далечното минато, со Божја помош и заштита, станаа вистински расад на автентичната македонска култура и современото христијанско живеење. Одбележувајќи го 50 годишниот јубилеј од обновата на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, нема да биде претерано ако кажеме дека македонската црква е со најголем напредок на духовен план, споредено со сестринските соседни православни цркви, зашто таа мораше, за разлика од нив, повеќе да се потруди, бидејќи од темел требаше да ги гради религиозните и националните чувства во Македонија, кои за волја на вистината со векови беа поткопувани од страна на лицемерните поробувачи.

Дванаесет години по овој Величенствен настан, во 1970 година САС на МПЦ донесува одлука (син. Бр. 326/70) за формирање и именување на две нови митрополии на Македонската православна црква. Овие две митрополии ќе го носат името Велешко-повардарска и Полошко-кумановска, а по 7 години од оваа одлука на 17-18. 11. 1977 година од страна на САС на МПЦ е донесена одлука (син. Бр. 85/77) за формирање на Повардарската епархија како посебна епархија, која со својата работа официјално ќе започне од 01. 01. 1978 година. За прв митрополит на Повардарската епархиија е избран и назначен Епископот велички Гаврил, кој како роден велешанец и поранешен парохиски свештеник од овој град и предходно има оставено и остварено капитални дела со непроценливи вредности за македонскиот народ од повардарскиот регион. Митрополитот Гаврил Милошев со преводот на Новиот завет, а подоцна и на целата Библија на македонски јазик, потоа со организирањето и активното учество во формирањето на православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје и со останатите негови дела, спојувајќи ја духовната и научната дејност во едно, се вбројува во еден од најголемите духовни великани на поновата македонска историја. Активно работејќи во духовното организирање на новата Повардарска епархија, преку осветување и реконструкција на црквите и манастирите во повардарието, со голема мудрост и баланс со тогашната власт во Р. Македонија, дедо Гаврил во деветгодишниот период од неговото пастирствување, накитен со својата скромност и светителска кротост ќе успее во Повардарската епархија да го зацврсти и втемели духовниот живот на Македонците од овие краишта, а на Македонската православна црква, и покрај неповолните политички прилики од тоа време, да им остави во наследство бројни пријатели и подржувачи. Делата на овој духовен великан тешко дека ќе можеме достојно да ги оцениме ние денешните генерации Македонци. Реално кажано, ќе треба да помине повеќе време од сега за да сфатиме дека покрај себе сме имале духовен горостас, рамен на нашите славни преродбеници. По поминати девет години на Повардарскиот митрополитски трон Митрополитот Гаврил Милошев на 04. 10. 1986 година е избран за Архиепископ на МПЦ, каде и понатаму воден од Божјата рака активно ќе придонесува за духовниот развој на македонскиот православен народ.

Веднаш по Митрополитот Гаврил раководењето на Повардарската епархија му е доделено на Митрополитот Михаил Гогов, кој со својата горешта и силна проповед успеа уште како протоереј мнозина да приведе кон царството Божјо. Овој исклучително надарен човек управуваше со Повардарската епархија од 01. 01. 1989 г. до 04. 12. 1993 година, за веднаш потоа и него, како и Митрополитот Гаврил, Божјата промисла да го приведе кон тронот на Охридските архиепископи, каде и го доживува своето блажено упокојување.

По заминувањето на Митрополитот Михаил од тронот на Повардарската епархија САС на МПЦ во два различни временски периоди носи одлуки со кои Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј се поставува за администратор на Повардарската епархија во периодот од 01. 01. 1994 г. па до 31. 01. 2000 г. и повторно од јули 2002 г. до 01. 10. 2006 година. Раководењето на Митрополитот Тимотеј се совпаѓа со еден од најтешките периоди од историскиот живот на Повардарската епархија. Тоа е време кога со помош и организација одстрана се направи безумен обид за омаловажување на сé што е сработено на духовен план во изминативе десетлетија и погазување на сé што е македонско. Болните последици од овој трагичен период сé уште ги чувствуваме на своите плеќи и како Македонска православна црква, но и како македонски народ и држава. Голема е заслугата на Митрополитот Тимотеј кој во овој период, особено за време на своето второ администрирање со Повардарската епархија успеа да го стабилизира духовниот живот во Епархијата, но и да ги залечи отворените рани, предизвикани од самоволието и алчноста на еден човек.

За успешна и плодородна дејност за време на раководењето на Митрополитите Гаврил, Михаил и Тимотеј со Повардарската епархија од голема полза и помош за целото ова време им беше целото свештенство и верниот македонски православен народ, а во контекст на претходнореченото би сакале на ова место да го спомнеме протоереј-ставрофорот Стојко Ристевски, кој како секретар од самото формирање на Повардарската епархија, многу капитални зафати во овој период знаеше и самиот да ги понесе на своите плеќи.

Сумирајќи ги впечатоците од 30-годишното постоење на Повардарската епархија, слободно можеме да кажеме дека таа како и Македонската православна црква во целост сигурно чекори на патот на Христовото учење и преданието на светите оци и покрај бројните искушенија и духовни кризи. Повардарската епархија денес се одликува со солидна издавачка дејност, а воедно и активно учествува во харитативните и другите благочестиви дејности кои најдиректно им се приближуваат на нашите конкретни браќа и сестри. Повардарската епархија, надевајќи се на Божјата поткрепа и цврсто држејќи се за Неговиот севишен благослов се труди со сите сили мисионерски да делува, користејќи ги древните и веќе потврдени мисионерски методи, но и новите, овозможени од современиот развој и напредок на човештвото. Вредно е да се спомене дека Повардарската епархија негува одлични односи со власта како на локално, така и на државно ниво. Посебно ја истакнуваме одличната соработка со Велешкиот градоначалник г-н Аце Коцевски, кој во голема мера ги помогна напорите на Епархијата за отворање на Црковно-народната кујна и обезбедувањето на добри локации во градот за изградба на нови духовни светилишта, а исто така изразуваме голема благодарност на вработените во Министерството за транспорт и врски и на министерот г-н Миле Јанакиевски за нивниот труд и добра волја кога се во прашање потребите на Повардарската епархија.

 

Драги браќа и сестри!

 

Ние, како Повардарска епархија сигурен сум дека нема да престанеме литургиски да се сеќаваме на добрините оставени и остварени од нашите големи претходници, па користејќи ги нивните непроценливи и вредни дела како добар темел, да ја градиме Црквата македонска насекаде во православните средини од Повардарието.

На крајот би сакал во овој пригоден момент длабоко да им се заблагодарам на сите оние кои со било каква добрина, совет, добар збор или благонаклона подршка помогнале и помагаат за благолепието на Повардарската епархија. Се надевам дека овие нивни дела ќе бидат прифатени од добриот и благ Бог како што Господ Исус Христос ја прифати лептата на вдовицата. Повардарската православна епархија постоела и ќе постои заради својот македонски православен народ и за изградување на неговата духовна величина и убавина.

И сега и секогаш и во вечни векови. Амин

На многаја лета...

МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ

†АГАТАНГЕЛ (СТАНКОВСКИ)  


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

15/05/2026 - петок

Свети цар Борис-Михаил Покрстител ; +Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики; Светите маченици Борис и Глеб; Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная