На денот на светите апостоли Јасон и Сосипатар, само две седмици по светлото Христово Воскресение, игуменот на манастирот Успение на Пресвета Богородица, јеромонах Фотиј, ги венча чедата Божји Борис и Неда.
Венчавката се одржа во текот на неделната Божествена Литургија, при што младенците се причестија со Светите Христови Тајни. Од певницата, собратот на манастирот Успение на Пресвета Богородица, о. Ефрем, успеа со својот глас, на сите присутни да им ја долови убавината на старомакедонското црковно пеење.
„Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа...”
На самиот чин на венчавањето, покрај присуството на поканетите верни, забележително беше и присуството на голем број на странски туристи кои имаа ретка можност да бидат сведоци на совршеното функционирање на живото Тело Христово во ликот на возобновената Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија.
Редакцијата на ПреминПортал им го честита стапувањето во брак на младите. На многаја лета!
Подготвил: Б.Ѓ.
Посети:{moshits}