логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 denovi.justinijan1.jpg

 Културно-историската манифестација „Денови на Јустинијан I", тековнава 2008 се одржува трета година по ред, во Скопје - родниот град на еден од најголемите императори во историјата на Византија. Со манифестацијата се одбележува годишнината од раѓањето на Јустинијан I (11 мај 483г.), кој потекнува од Таор, и кој на овие простори ја подига таинствената архиепископија „Јустинијана Прима". Замислена како своевиден спој помеѓу античкото и модерното време, манифестацијата има за цел да ги заживее и пренесе историските и културните традиции од Јустинијановото во современо Скопје. Самиот факт што Јустинијан I, со својата личност ја симболизира идејата на Византија за обединета Европа, претставува основа за промовирање на историските и културнитетрадиции на Скопје и Македонија, и нивното значење за општоевропската култура ицивилизација.

justinian.jpgВладеењето на Јустинијан I (527~565г.) го означува најголемиот подем на Византиската Империја. Со триумфалните освојувања на Италија, јужна Шпанија и северна Африка, Јустинијан I, ја реализира сопствената идеја за реставрација и обединување на некогашната Римска Империја. Како ревносен христијанин, со цврста решителност дејствува во насока на воспоставување на доминантна позиција на христијанството, како и на создавање единство  меѓу  христијанските  цркви.  Со  силна   визија   и интелект, ќе изврши кодификација на Римското право, со што, ги поставува основите на Европското право. Со голема страст, развива  грандиозна  градежна  дејност,  незапаметена  во историјата на Византија. 600-те одбранбени утврдувања на Балканот, претставуваат само дел од неговите градителски проекти. Неговото родно место „Таурисиум", го воздигнува во „величенствен   и   многунаселен   град",   именувајќи   го „Јустинијана Прима", и промовирајќи го во архиепископија „благословена во секој поглед". Монументалната црква „Света Софија" во Истанбул, претставува ненадминлив споменик на византиската уметност и архитектра, која го персонифицира Јустинијановиот дух за христијанска обнова. Јустинијан I е препознатлив и преку бракот со влијателната императорка Теодора, кој се вбројува меѓу најголемите и најконтроверзни романси во историјата. Дури и смртта на Јустинијан I, на 14 ноември   565   година,  од  современиците  е  опишана   како „величенствена, јасно и недвосмислено демонстрирајќи дека последниот голем римски император го освоил светот".

„Денови на Јустинијан I"

hram.Presveta15.jpg

ФЕСТИВАЛ НА ЦРКОВНО ИСТОЧНО ПЕЕЊЕ

 

Сабота, 17 мај 2008 год., Обновен храм „Пресвета Богородица"

12:00 ч. Свечено отворање на Фестивалот со поздравен говор

Хорските средби при Фестивалот, ќе се одвиваат во два дела, ревијален и концертен. Во ревијалниотдел настапуваат Епархиските хорски ансамбли:

> „Јован Хармосин" при храм Св. Георгиј - Криви Дол, Скопје;
> „Света Петка"
при храм Св. Петка - Црниче, Скопје;
> „Јустинијана Прима" при МПБ „Св. Климент Охридски", Скопје;
> „Св.Теофил Струмички" при храм  Св. Петнаест, Струмица;
> „Св. Нектариј Битолски" при храм Рождество на Пресв.Богородица,
Битола;
> „Св. Климент Охридски" при храм Пресв. Богородица - Перивлепта,
Охрид;
> градски   Хор  „Гевгелија",  служи   при  храм  Св.Кирил   и   Методиј,
Гевгелија;
> „Св.Благовештение" при храм Св. Благовештение, Прилеп;
> „Св. Никола" при храм Св. Никола, Штип;
> „Менада" - Тетово.

17:30 ч.  Концерт

Во концертниот дел, (Источно-црковно пеење) солисти, ученици од Македонската Православна Богословија во класата по Црковно Пеење на проф. Гоце Секулоски.

Со цел, да се поттикне начинот на произнесување на црковното пеење како посебна уметност, на Фестивалот на црковно источно пеење, за прв пат, се воведува оваа дисциплина. Начинот по кој се пејат светите химни е многу важен во православната химнографија, бидејќи неговата цел е да ја поддржува смислата на светите химни.

 

> целовечерен Концерт на најдобро претставените хорски ансамбли
(со програма селектирана од Комисијата);
> Источно-црковнопеење - Солисти

19:30 ч. Промоција на музичкиот компакт-диск со црковни химни „Статии на Велики Петок".

Организатор: www.preminportal.com.mk

Селектор на Програмата: Гоце Секулоски - Проф. на Катедрата по Црковно Пеење при МПБ „Св.Климент Охридски", Скопје

denovi.justinijan.jpg

 Денес ви ги  претставуваме хоровите:

 МАКЕДОНСКИ ВИЗАНТИСКИ ХОР

„Јован Хармосин“
ставропигијален храм Св. Георгиј

Хорот „Јован Хармосин“ е формиран во 2005 година од неколкумина вљубеници во Христовата Црква и нејзините логосни сокровишта и облици на свештените уметности – посебно музиката.
Има пеено во неколку бденија во повеќе македонски манастири. Хорот учествува во службите и литургиите во ставропигијалниот храм Св. Георгиј во Скопје.

Програма:
1. 1 и 3 песна од Пасхалниот канон, глас први
2. Свјат, свјат, свјат; од Канонот на Евхаристијата, глас петти
3. Изобразителен псалм 103, глас осми, светогорски мелос


 Машки камерен хор
“Св. Климент Охридски”

hor.ohrid.jpg

 Црковниот машки камерен “Св. Климент Охридски” од Охрид е формиран во 1992 година од страна на неколку ентузијасти, вљубеници во црковното хорско пеење. 

За време од 16-годишното постоење настапуваше на голем број прослави, свечени академии, научни симпозиуми, црковни прослави и празнувања и други пригоди во градот а и надвор од него. Хорот одржа голем број на самостојни концерти во Охрид, низ Македонија а и надвор од неа.   Позначајни настапи се:
• учесво на фестивалот “Тетовски хорски одзиви”
• гостување во Перник, Р. Бугарија,
• учество на меќунарондноиот хорски фестивал во Артос Орестикос во Р. Грција,
• учество на меѓународниот хорски фестивал “Празник на духовната музика” во Габрово, Р. Бугарија
• учество на меѓународниот фествивал “Св. Богородица  - Достојно ест” во поморје, Р. Бугарија

Хорот редовноо пее на неделни, а по некогаш и на празнични литургии, наизменично низ активните храмови во Охрид.
Со хорот од 2007 година работи диригент Биљана Малезанов.

 



 

Црковниот женски камерен и византиски хор „Свети Теофил Струмички“ од Струмица  со благослов на Митрополитот Струмички г.Наум, а по  иницијатива и духовна грижа од страна на старешината на храмот на Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаценици“,  о.Димитар Крцев, формиран е во мај 2006 година.
За време од своето две годишно постоење хорот настапуваше и на првиот фестивал на источно црковно пеење што се одржа во деновите на Јустинијан Први, а по покана на Митрополитите на МПЦ,   на црковни празнувања во другите епархии.Хорот редовно пее на неделните свети Литургии и на празничните Литургии кои се богослужат во храмот Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици... Со хорот од денот на своето формирање работи диригент професорот по пијано во Средното Музичко Училиште во Штип, дипломираниот пијанист г.Зоран Мазнејков од Струмица.

Членовите на хорот заедно со својот диригент и  старешината на храмот раководат и со хуманитарната организација која преку црковните донации и од добронамерните луѓе несебично им помагаат на сиромашните луѓе...
 Пограма: 

Хор  Св. Нектариј Битолски


Хорот постои 1 година и се состои од музичари, теолози и музикални луѓе. Настапува во Црквата “Рождество на Пресвета Богородица” – Битола,  во недели и на празници. Негува исклучиво источно црковно пеење.


        Програма:
1. Тропар на св. Нектариј, глас I
2. Пасхални стихири, глас V
3. Ангел вопијасе, глас V
 


"МЕНАДА" од Тетово

БИОГРАФИЈА на хорот:

hor.menada1.jpgГрадскиот женски младински хор "МЕНАДА" од Тетово е формиран во 1981 година. На репертоарот хорот има околу 300 композиции од ренесансата преку класика, современи композиции, македонски музички фолклор и евергрин композиции. Македонските композитори посветиле голем број на свои дела за хорот "Менада".

На Републичкиот натпревар во Кавадарци од 11 настапи има освоено 11 златни плакети.

Хорот е редовен учесник на Хорскиот фестивал "Техо", "Скопско лето" и "Охридско Лето". Хорот "Менада" учествувал на фестивали и конкурси во Холандија, Данска, Бугарија, Чешка, Германија, СР Југославија, Грција, Словенија, Полска, Турција, Шпанија, Шведска, Италија, Албанија, Австрија, Романија, Португалија. Хорот освоил на меѓународни натпревари: прва награда во Добрич, Бугарија (1996); прва и втора награда во Гисен, Германија (1997); две втори награди во Литомишол, Чешка (1995); една втора и една трета награда во Превеза, Грција (1996, 1998); втора награда во Цеље, Словенија (1987); две први награди како и Гранд При на Фестивалот во Бад Ишл, Австрија (2001); и Интернационална награда на Берлинскиот Хорски Фестивал 2001 година

Хорот има повеќе настапи со Македонската Филхармонија и има издадено повеќе аудио и ЦД записи, хорот е добитник на "19 Ноемвриска", награда на град Тетово, како и наградата "Кирил Пејчиновиќ".

Оснивач на хорот е д-р Ивица Зориќ и за својата работа добитник е на награди за диригент во Полска, Србија, Бугарија, Грција, на фестивалите во Македонија, како и највисоката државна награда "11 Октомври" во 2005 година.

 


БИОГРФИЈА на диригентот:

Маестро д-р ИВИЦА ЗОРИЌ, е роден во Белград во 1948 година. Основно образование завршил во Тетово, а средно музичко училиште во Битола. Дипломирал, Магистрирал и Докторирал на ФМУ во Скопје, како прв Доктор од областа на интерпретација во Република Македонија.

Во 1977 година го основа детскиот хор "Лале", а во 1981 година го основа и женскиот младински хор "Менада" во Тетово.

Од 1980 до јули 2007 година беше Директор на ОМУ "Тодор Скаловски - Тетоец" од Тетово, под чие раководство учениците од оваа училиште освоија 180 републички и 50 меѓународни награди. На репертоарот со хоровите со кои работи поставил повеќе од 450 композиции од различни стилови и епохи на 18 јазици. Во македонската и меѓународната културна јавност познат е пред се како реномиран хорски диригент. Со хоровите "Лале" и "Менада" има остварено повеќе од 1000 настапи во земјава и странство. Како диригент со хоровите настапувал на фестивали, коцертни турнеи и конкурси во 17 земји: Албанија, Бугарија, Србија, Грција, Словенија, Турција, Романија, Италија, Австрија, Германија, Чешка, Полска, Шпанија, Шведска, Холандија, Данска и Португалија.

Како учесник на меѓународните хорски натпревари во странство ги освоил следните награди: Прва награда во Добрич, Бугарија; две втори награди во Литомишл, Чешка; една прва и една втора награда во Гисен, Германија; една втора и една трета награда во Цеље, Словенија; една втора и една трета награда во Превеза, Грција; две први награди и "Гран при" во Бад Ишл, Австрија. На меѓународниот хорски фестивал "Драган Шуплевски" во Скопје во 2002 година ја освои третата награда, а на фестивалот во Хајновка, Полска во 1999 година доделена му е наградата за најуспешен диригент на фестивалот. На републичкиот натпревар во Кавадарци со хоровите "Лале" и "Менада" освоил 21 прво место и 2 втори места, како и повеќе пати награда за диригент и награди за праизведба. Повеќе македонски композитори посветиле композиции за маестро Ивица Зориќ и за хоровите со кој работи. Како музички истражувач, теоретичар и педагог од областа на хорската музика учествувал со свои трудови на домашни и меѓународни собири и трибини. Во организација на Хорскиот фестивал "ТЕХО" вклучен е од самиот почеток, денес е претседател на Управниот одбор на оваа, кај нас, единствена меѓународна хорска манифестација.

Како општественик во областа на културата, организирал повеќе од 1000 концерти на сериозна музика со реномирани домашни и странски уметници. Иницијатор и оснивач е на "Балканскиот хорски форум", во Тетово во 1998 година во кој членуваат преставници од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Србија и Романија.

Во 1979 година ја добива "19 Ноемвриската" награда на Тетово, во 1982 година наградата "Кирил Пејчиновиќ", во 2005 највисоката државна награда на Р. Македонија "11 Октомври" и во 2007 година наградата на Здужението на музички педагози за "Повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија".

Посети: {moshits}


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

10/08/2024 - сабота

Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен; Св.т маченик Јулијан; Преподобен Павле Ксиропотамски; Св. маченик Евстатиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник 30 јули / 12 август 2024

Тропар на светите Христови апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник 30 јули / 12 август 2024

Петтобројниот хор на Христови Апостолисо пофални песни да го восфалимеСила, Силуан, Крискент, Андроник со Епенет,зашто тие идолската прелест ја разобличија,а...

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Душата без Љубов животот не го поима,во таква вистина патот ти го помина,о свети мачениче Калиниче,сакајќи да го избавиш човекот...

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Вие ученици на Божјото Слово,вие носители на Духот Свети,вие јагниња на колење поведени,Прохоре, Никаноре, Тимоне и Пармене,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная