Скопје, 13-ти ноември 2016 год.- Соборен храм
Во дваесет и втората недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул во Соборниот храм посветен на св.Климент Охридски, во Скопје, старешината на храмот,протопрезвитер Сашко Николовски во сослужение на ѓаконот Александар Димитриов отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се пичести со Светите Христови Тајни.По Литургијата, отецот произнесе толкување на денешното евангелие за Богочовекот Исус Христос го сее своето семе.
Духовниот живот – растот на човековата личност во благодатта – секогаш е свесен, бидејќи несвесноста е обележје на гревот, “спиење на душата“. Затоа човек треба постојано да биде во будна состојба, да се однесува како син на светлината – да живееме како деца на светлината (Ефес. 5,9), според зборовите на апостол Павле: стани ти што спиеш, и воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли.- Владимир Лоски
Преминпортал(к.т.)
Друго:
- Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (17.07.2016)
- Архимандрит Софрониј (Сахаров): За покајанието и духовната борба