с. Љубанци,2-ри октомври 2016 год.- манастир на св. Никола
Свети Симеон Нов Богослов
Во мерата во којашто душата е подрагоцена од телото, во таа мера словесниот човек е подрагоцен од целиот свет. Не мисли, човеку, размислувајќи за величината на созданијата што се наоѓаат во светот дека заради тоа (нивната величина) тие се подрагоцени од тебе, но гледајќи ја благодатта што ти е дадена и спознавајќи го достоинството на умната и словесна (твоја) душа, запеј Му на Бога Кој те почитува повеќе од сѐ видливо.
На 2- ри октмври 2016 година, во петнаесеттата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прославува празникот на Собор на сите македонски Светители во женскиот манастир посветен на св.Николај, во с.Љубанци, отец Звонко отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Се отпочна со подготовките за реставрација на стариот конак.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Манастир на св.Никола, с.Љубанци (Април 2011)
Божествена Литургија во манастирот на св. Никола (19.12.2015)
Повечерие во манастирот на св. Никола, с. Љубанци (05.05.2011)
Таму се е со раскошна убавина и мир, со голема љубов и труд, се таму дише.
Презентација- Манастирски дворови - Св. Никола (с. Љубанци, скопско)
Секој од манастирите има особена убавина и плени со својата архитектура, со прекрасните фрески на ѕидовите и вредните икони и резби. Но над се, позначајно е православното духовно градителство, во кое најзначајните неимари на нашиот духовен раст се токму монасите.
Со повторното возобновување на монаштвото од пред дванаесет години, манастирите заживеаа и денес станаа духовен центар и духовна сила. И како што секогаш велат тие,… се во чест и слава на Бога.