логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

balaklija.kapistec1.jpg


 balaklija.kapistec2.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

balaklija.kapistec4.jpg

Во денот кога светата Црква, го слави  споменот на  животворниот и исцелителен извор на Пресвета Богородица , во храмот на свети Јован Крстител во Скопје, Митрополит . Горазд во солужение на професор протоереј Ацо Гиревски и свештеноството на храмот, отслужи Архиерејска Божествена Литургија.Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.

Хbalaklija.kapistec3.jpg

balaklija.kapistec.jpg

 balaklija.kapistec5.jpg

balaklija.kapistec6.jpg  balaklija.kapistec8.jpg

balaklija.kapistec7.jpg


Беседа

balaklija.kapistec16.jpg

БАЛАКЛИЈА

Благочестиви христијани,
Пред само неколку дена бевме собрани секој пред својот парохијски храм, многубројно. Тогаш во чест на Христовото Воскресение, а еве денес, повторно сме заедно, овој пат во чест и слава на Света Богородица - нашата покровителка, нашата утешителка, исцелителка, и вистинска наша мопитвена застапничка пред нејзиниот Син и Бог. И овој пат не има во голем број, а тоа покажува дека имаме еднаква љубов и кон Мајката на Господа Христа, којашто е вистинска и наша Мајка.

Празникот денешен, таканаречен Источен Петок или Светол Петок поради светлата седмица, или уште Благ или Бел Петок, какошто се нарекува овој ден, затоашто во него се блажи, е празник посветен на Пресвета Богородица. На Неа како на извор на животот, на Неа и заради чудесата што ги правела, и секогаш ги прави, се додека постои светот и веков.

Црквата го востановила овој празник заради многуте сведоштва во историјата на побожното живеење и вистинската вера на христијаните, врз кои се покажал прст Божји и Нејзин - на Пресвета Богородица како исцелителка преку "Животворниот источник" изворот во Цариград, но и преку сите други извори каде таа го ставила прстот, свој.


balaklija.kapistec13.jpgИсторијата на постоењето на оваа манастирска црква во Капиштец, зборува за масовната посета на христијаните првенствено, но и на други луѓе, на денот Балаклија, што ни говори за Нејзиното присуство овде, преку многубројните извори што постојано бликаат со чиста и питка вода и никогаш не пресушуваат, и посебно преку оној, којшто и е посветен Нејзе, и кој многу наликува на "Балѝкли кѝлисе", на животворниот кладенец во близината на Цариград.

Почитувани слушатели,
ние не можеме да појдеме туку така и кога сакаме при надалеку познатата балаклиска црква, таму, во Анадолија, но затоа, пак, можжеме да дојдеме и тоа кога сакаме при манастирот Свети Јован, во Капиштец, каде обитава и Мајката Божја со нејзиниот Син и Бог - тројство наречено "Деисис". Со нив, секако и целата небесна Црква.


balaklija.kapistec14.jpgСо оглед на тоа што сме собрани да сведочиме за чудесата на светиите, посебно на Пресвета Богородица пројавени преку светите води, и за тие овде во Капиштец, чујте дека за нив од многу  порано  се  знаело.   Во  еден  стар запис, некој запишал: "Во село Долно Водно крај Скопје, има три култни извори кои се нарекуваат Капиштец" - тоа се изворите посветени на чудестата на Света Недела, на Света Петка и во чест на чудесата случувани на денот таканаречен Руса Среда, кладенци со жива вода денес велелепно обновени. И, од само пред неколку години во исто великолепие се изгради и балаклиска црква - параклис, во чест на Пресвета Богородица покровителка, што се наоѓа на источната страна до манастирот Свети Јован. Овој источник, овој извор е изграден според видението на една честита и многу побожна старица од овој крај, која по примерот на света Ана - таа евангелската, почина во нејзината длабока старост и беше редовна посетителка на оваа светилиште во Капиштец.


balaklija.kapistec15.jpgА тоа, дека народот ги почитува овие манастирски води како лековити и тоа најмногу, како вели народот за очи, говори посетеноста на христијаните и на муслиманите, иако за чудесата на водите многу не се обрнувало внимание, од причини што луѓето кои доаѓале, тоа го сметале за најобична работа, но се слуша и тоа дека манастирските води се навистина лековити за верниците.
Останува да се молиме на Пресвета Богородица и од оваа жива вода да направи животворен извор, та по примерот на животворниот кладенец во Цариград да пројави чудеса и да излекува многу болести.
И да не се чудите, почитувани посетители, ако според нашата вера некому му биде дадено да се просветли, да прогледа, да се излечи - та според верата и нека ни биде дадено!
Господ Бог по молитвите на Неговата и наша Мајка Богородица (и преку молитвите на Неговото Блаженство Архиепископот Стефан) нека ги услиша нашите молитви, да ни испрати благослов, та сите ние уште денес од ова светилиште со себе понесеме мир, здравје и радост во нашите домови.
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! и за многу години празникот наш свет - Балаклија. Амин!
Капиштец, 2008
Протоереј Ацо Гиревски

 balaklija.kapistec9.jpg

balaklija.kapistec10.jpg


 По светата Литургија, Митрополит Горазд го освети и прекрши  празничниот колач. Активот на жените од населбата Водно, беа годинашни кумови, кои во чест и слава на празникот на Пресвета Богородица ја приготвиа и трпезата на љубовта,преполни со радост и голема љубов кон сите.

balaklija.kapistec11.jpg

balaklija.kapistec12.jpg


balaklija.kapistec19.jpg

balaklija.kapistec20.jpg

balaklija.kapistec21.jpg

balaklija.kapistec22.jpg

Посети:{moshits}

На Крис,

ПреминПортал


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

« »

Православен календар

 

19/06/2025 - четврток

Петровденски пости;(на масло)

Преп..Висарион Чудотворец


Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај  2025

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај 2025

Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те...

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите...

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Добродетели со љубов си стекнала, маченичке,  чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот  кој се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная