Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во дните на Воскресенските празнувања, во сослужение на Митрополот г. Горазд, благоволи да служи света Златоустова Литургија на третиот ден од Воскресението Христово. Верните чеда на Македонска Православна Црква топло го пречекаа својот архипастир во храмот на св. Петка во Скопје.
Оваа светла седмица,иако трае 7 дена, сепак се смета дека е еден ден, кој е слика на идниот невечерен осми ден кој ќе настапипри Второто Христово пришествие. И нема да има темнина бидејќи Христос, Воскреснатиот наш Бог, ќе засветли како Сонце, посветло од секое сонце, зашто Он дава живот на секое тело, и Он е Сонце на правдата.
На Литургијата се прочита Велигденското послание од АрхиепископотОхридски и Македонски г.г. Стефан
и членовите на Светиот Синод на МПЦ.
Посети:{moshits}