Во подготовките на духовните чеда на МПЦО "Св. Злата Мегленска" од Велики Четврток во Страдалната Недела, се здобијаа со вистинска евхаристиска полнота на богослужењета со кои го дочекаа часот на Воскресението Христово.
Божествена Литургија отслужи протоереј Кирко Велински, парохиски свештеник.
Во поголемите градови на Р. Хрватска свечени Литургии служеа свештеници од Р. Македонија дојдени Велигденската радост да ја споделат со Македонците кои живеат на овие простори.
Христос Воскресна!
Известува: Стојанка Тежак.
А мене, да не ми даде Господ да се фалам со ништо
друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку
Кого за мене светот е рaспнат, а и јас за светот.
(Гал. 6,14)
Во Црковната Општина "Св. Злата Мегленска" по вечерната беа прочитани Статиите на Големиот Петок.
Телото на нашиот Господ Исус Христос беше симнато од Крстот и положено.
Пред Светата Плаштеница верниот народ побожно и со љубов појде да Му се поклони на својот Бог.
Од Загреб: Стојанка Тежак
Посети: {moshits}