Адот царува над родот човечки, но неговата власт не е вечна. А кога легна во гробот, Сесилен, со Твојата животворна рака, си ги скршил клучевите на смртта, и на оние што од вечноста таму спиеле, Ти им го проповедаше вистинското избавување, Спасителе, Кој си првенец од мртвите.
Кондак, глас 6: Оној што некогаш ја затвори бездната, сега мртов се гледа и, завиткан во смирна и плаштаница, Бесмртниот како смртен во гроб се полага; а жените, плачејќи горчливо, дојдоа да Го помазат со миро, викајќи: Оваа сабота е најблагословена, зашто во неа Христос, заспан, по три дена ќе воскресне.
Икос: Оној што држи се, на крст се вознесе, и сета твар плаче, гледајќи Го како виси на дрвото; сонцето зраците свои ги скри, ѕвездите ја загубија светлината, а земјата со голем страв се затресе, и морето побегна, и камењата се распаднаа, многу гробови се отворија, и тела на свети луѓе станаа; адот долу стенка, а Јудеите се советуваат да го затајат Христовото воскресение; жените, пак, викаат: Оваа сабота е најблаго словена, зашто во неа Христос, заспан, по три дена ќе воскресне.
Денес, во светата и Велика Сабота кога го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, Кој нашиот род од распадливост го повика кон вечен живот, во храмот посветен на св. Петка во Скопје, по Вечерната богослужва, во продожение се отслужи Божествена Литургија на свети Василиј Велики.
На Литургијата присуствуваше претесдателот на Собрание на Република Македонија г. Љубиша Георгиевски.
Стихови:
Попусто го чуваш гробот, стражо,
Зашто тој не може да го задржи самиот Живот.