логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Татко, згрешив против небото и пред тебе...

04.jpg

05.jpg

15/28 февруари 2016 лето Господово
Недела на Блудниот син

06.jpg

08.jpg



Раководени од благодатта Божја, ние веќе навлегуваме во средиштето на годишниот богослужбен циклус, во најубавиот период од годината, периодот на сладосниот Триод, кој постепено, еден по друг, ни ги открива хоризонтите на небото. Подготвителниот период кој започна од минатата недела, ни дава можност да се подготвиме за што подлабоко да го почувствуваме оној другиот период на Триодот, Големата Четириесетница. Неделите на Митарот и фарисејот и на Блудниот син преку прозорците на смирението и покајанието нè подготвуваат да го упатиме смерно својот поглед кон милостивиот Господ. Низ овие благодатни прозорци на Црквата Христова погледнаа и многубројните верни кои допатуваа вчера во Бигорскиот Манастир за заедно со монашкото братство да се насладат од прекрасното богослужение за неделата на Блудниот син. Но освен богослужбата, за нив превкусна духовна храна беше и словото на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, изговорено со вдахновение на манастирската трпеза.

http://bigorski.org.mk/UserFiles/Image/0002016/bdenija/bludniot/14.jpg

Слово на Архимандрит Партениј изречено во Неделата на Блудниот син во манастирската трпезарија

„Видовме, мили мои, дека вчерашното богослужение на бдението, како и денешната Света Литургија беа во знакот на параболата за блудниот син (Лк. 15: 11-32), за која може да се каже дека е како едно Евангелие во мало. Ете, денес прочитавме две беседи за овој чудесен евангелски расказ: едната на Светата Литургија, а другата тукушто ја слушнавме од трпезарискиот амвон. За оваа парабола, впрочем, има навистина многу што да се каже, зашто таа, слободно би рекол, всушност ја преставува целата човечка историја, од Адама па до денес. Оти како поинаку би можеле да ја определиме историјата на човештвото, ако не како историја на гревот, на отстапништвото од Бога? И затоа, секој поединец длабоко во себе го носи тој нескротлив копнеж да Го бара единствено Бога, Кој не се одмаздува, туку знае само да љуби и проштева. Така, оваа парабола ни се дава како едно огледало за сите Адамови и Евини потомци. И секој од нас, доколку внимателно погледне во ова таинствено огледало, ќе се види себеси во улогата на блудниот син. Токму затоа оваа парабола е предвидена да се чита на Литургијата во една од подготвителните недели за Великиот Пост, кој, пак, и самиот покајно и аскетски нè подготвуваа да го доживееме искуството на Великата Страсна Седмица, заедно со Христа да бидеме погребани, и заедно со сите Светии и со целото  творение да го прославиме славното Воскресение Христово, а со тоа и нашето сопствено духовно воскресение. И бидејќи Црквата, во својата со векови напластувана мудрост, знае дека ние луѓето, почнувајќи од нашиот прататко па сè до денес, постојано грешиме и се оддалечуваме од Божјата благодат, доведувајќи се до состојба на крајна беда и несреќа, таа сега прави сè за да нè утеши, да ни влее храброст и желба да си дојдеме на себеси, и најпосле да ја разгори во нас онаа искра на совест со која би можеле да си речеме: ќе се вратам при својот Отец небесен! Преку параболата за блудниот син, или подобро кажано – за милосрдниот татко, Црквата влегува во длабините на нашето сознание и ни вели: „Вие кои сте грешни и не наоѓате сили да се исправите, немојте да очајувате! Бидејќи зад вашиот бедем во душата, зад гревовниот ѕид, зад прегрешенијата ваши, незнаењето ваше, заборавот и грижите ваши, зад немоќта ваша, ве очекува огромната милост Божја, ве очекуваат раширените раце на татковската љубов! Затоа, немојте да очајувате за вашите гревови, туку само посакајте да се вратите при вашиот Отец небесен, како што посака и блудниот син, кој кога дојде на себеси, рече: Колку наемници при татка ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, умирам од глад. Ќе станам, ќе отидам при татка си и ќе му речам: Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници (Лк. 15: 17-19)“. Меѓутоа, во продолжение на евангелскиот текст, остава силен впечаток тоа што кога синот се вратил при отецот, тој не успеал ни да му го каже сето она што го имал намислено. Зашто отецот, кога беше уште далеку, го виде... и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива (20), и само што почнал неговиот син да зборува, тој уште веднаш им наредил на слугите да се погрижат за него, па дури и да го заколат угоеното теле. Гледате ли до каде оди љубовта Божја! Едноставно таа не остава грешникот да се понижува. Исто како што на разбојникот, кој висел од десната страна на Крстот на Голгота, Христос не му дозволил многу да зборува, туку го помилувал и спасил за само неколку кажани зборови: Спомни си за мене, Господи, кога ќе дојдеш во Царството Твое (Лк. 23: 42). И тоа било доволно, зашто на разбојникот внатрешното покајание веќе му ги беше отворило духовните очи за да може да види дека Распнатиот до него е Оној, Кој дојде да се заколе за спасение на светот. Токму затоа, во денешната евангелска приказна угоеното теле Го претставува Христос, Кој нè храни со Себе, во големо духовно веселие. Ете, сношти на бдението, на еден од браќата монаси му се гледаше особена радост на лицето. Бидејќи тој стоеше пред мене, во еден миг погледите ни се сретнаа, па тој дојде до игуменската столица и ми дошепна: „Прекрасно се чувствувам, отче, многу е благодатно, преблагодатно!“ И повторно си замина на своето место. Ова ме наведе да размислувам за тоа колку е големо богатството на човекот што се наоѓа во близина на Бога, што заедничари со Него; колкава е неговата среќа и исполнетост, макар и да нема ништо свое на земјата! Оти што има еден монах, еве, на пример, од нашето братство? Сите овие монаси тука дошле да живеат во крајно послушание, смирение и воздржание. Доброволно се затвориле себеси во манастирските ѕидини, така што не можат ни да излезат од Манастирот, додека претходно не земат благослов за тоа. Се навикнале да бараат благослов дури и за најмали нешта. Еве, ќе ви кажам поотворено, дури и кога треба да се капат, тие ме прашуваат за  благослов. Но, колку се, пак, среќни и благословени, иако многу пазат да не ја исполнуваат својата волја! А зошто? Затоа што се постојано во близината Божја. Затоа што се во прегратките на Бога. За човекот нема поголемо богатство од тоа. Како што вели Апостолот Павле: повиканиот во Господа роб, станува Господов слободен; исто така и повиканиот слободен станува роб Христов (1 Кор. 7: 22) А штом е роб Христов, тој е целосно слободна личност и е свој на Бога, Го има Самиот Христос и ништо друго не му е потребно. И денешната парабола ни кажува дека земјата и земните нешта не можат да го нахранат човекот, дека надвор од Божјата заедница за него нема радост. Блудниот син го претставува  човекот кој заминува од Божјата заедница, човекот кој во својата гордост си помислува: „Јас имам сè. Можам да го поседувам светот; ќе се борам самиот, ќе градам самиот, ќе освојувам самиот. Колку повеќе присвојам за себе, за своето лично задоволство, толку повеќе ќе го задоволам моето его и ќе бидам среќен, ќе бидам богат“. Но на крај – крајна несреќа и сиромаштво. Не треба да заборавиме дека човекот, освен што е телесно, уште е и духовно битие. Затоа, доколку се оддаде само на телесното, тој ќе стане крајно несреќен. И еве, сведоштво за тоа имаме во човечката историја, особено во периодот на 19-от и 20-от век, во кои се случиле т.н. индустриска и технолошка револуција. Што друго би можеле да видиме таму освен една претерана гордост и губење на човечкото достоинство, а со тоа и една огромна беда и несреќа? Човекот тогаш ја прифати тезата на Дарвин дека тој е само едно комплексно животно и ништо друго. Така, помрачен од својата гордост, и вообразен дека најпосле ги најде своите вистински корени, тој започна многу романтично да си замислува дека сите проблеми на човештвото се решени. Но од она што го гледаме во овој  21 век, станува јасно дека проблемите на човештвото не само што не се решени, туку се и многукратно зголемени и усложнети. И веќе е очигледно дека единственото решение за тие проблеми е нашето враќање при Бога. Дури тогаш би можела да настапи хармонија во светот. А во спротивно, ние навистина ќе бидеме – не животни, туку и подолу од нив. Во овој контекст, интересно е тоа што некои евангелски егзегети сметаат дека под „наемници“ од денешната параболата симболично се претставени животните од овој свет. Блудниот син посакал да биде макар и како еден од наемниците на неговиот татко, т.е. како животните што му служат. Замислете колку е страшно тоа - кога човекот ќе се оддалечи од Бога, тој сосема го губи своето од Бога дадено достоинство и слобода, и станува подолен дури и од животните. Не би можел ни да се спореди со мајмун - според теоријата на Дарвин - зашто мајмунот, како и секое друго животно, си ја знае својата улога што Бог му ја дал и е задоволен со тоа што го има и со Божјата грижа. Не, туку се доведува во дури  полоша состојба отколку на животните, па имаме случаи човек да им завидува на животните во нивната слобода. Таквиот паднат во крајни гревови човек, целосно се помрачува и ништо од овој свет не може да го задоволи, освен враќањето при Бога. И дај Боже кај сите луѓе да  се пројави таа светлинка што ја имал блудниот син, таа малку совест што Бог му ја дал, та да си речат: „Ќе се вратиме при нашиот Отец небесен“. А штом посакаме да се вратиме, проблемот е веќе решен. Најважно е ние да посакаме да се вратиме при Бога. Тогаш стануваме силни, зашто Бог нема да нè остави. Оти со својата падната човечка природа ние навистина сме сосема немоќни. Што може да направи човек кој потполно паднал во многу гревови? Буквално ништо, освен да очајува во својата крајна немоќ. Но доколку Го побара Бога, тогаш Божјите благодатни раце ќе го прегрнат и тој ќе стане силен, така што ќе може да се избори со сите гревови и искушенија од овој свет.

Затоа мили отци, браќа и сестри, да го започнеме, со покајание, нашето враќање при Отецот небесен. Да се молиме за нас, но да се молиме и за целото човештво. Колку повеќе луѓе ќе се вратат кон Бога, толку подобар и похармоничен ќе стане светот. А сите знаеме во  какова хаос се наоѓа денес светот. За жал, човештвото во најголема мера наликува на блудниот син, кој се погодил со злобниот човек во далечната земја, а тоа е, пак,  олицетворение на ѓаволот и неговото мрачно царство. Така, луѓето го изгубија своето Божествено синовско достоинство и станаа слуги. Но, ние, Христијаните, ја имаме таа одговорност со добри дела и покајание да сведочиме за љубовта на нашиот Отец небесен, да сведочиме за „закланото угоено теле“, односно за искупителната жртва на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Достоинството што го имаме ние како Христијани го немале дури ни старозаветните праведници, кои во денешното Евангелие во духовна смисла се претставени преку постариот син. Тие ја немале оваа благодат што денес ние ја имаме, иако живееле праведно и строго се придржувале до заповедите Божји. Имаме бројни примери во Светото Писмо за старозаветните праведници кои се труделе толку многу да Му угодат на Бога и да бидат во Неговата близина. Сепак, тие со своите очи не можеле да го видат она што нам после Распнувањето и Воскресението на нашиот Спасител ни е дадено да го гледаме. Ние се причестуваме со Самиот Бог и сме потполно во заедница со Него. Потребно е само да кажеме: „Оче мој, згрешив против тебе и против небото, прими ме во Твоите прегратки“. И тогаш ќе настане голема радост и веселие, како што се вели во параболата.

Тесно поврзано со евангелското четиво за блудниот син е и денешното апостолско зачало, во кое Апостолот Павле им се обраќа на Коринтјаните со прекрасните и премудри зборови: Сè ми е позволено, но не е сè полезно; сè ми е позволено, но ништо не сакам да завладее над мене (1. Кор. 6: 12). Во контекст на ова, би сакал да ви наведам еден конкретен пример од нашето секојдневие. Имено, вие добро знаете дека нашиот Манастир со љубов ги отвора своите врати за сите оние млади луѓе, кои заробени од пороците на денешнината, посакале да бидат блиску до Бога, побарале да се вратат во прегратките на својот небесен Отец. Последниве неколку денови еден од тие наши штитеници беше постојано советуван и опоменуван поради тоа што не сакаше никако да се бори против страста кон пушењето. За жал, денес, пред почетокот на Светата Литургија, повторно го нашле како пуши цигари. И, согласно редот во Манастирот, му рекле дека треба да си замине, бидејќи тој и понатаму упорно не ги почитува советите и опомените. „Добро, ќе си заминам“ - им одговорил тој - „но цигарите што ми ги зедовте вчера, да ми ги вратите веднаш!“ Замислете, ете, на овој млад човек цигарите му беа позначајни од самото неговото лекување, а со тоа и од неговата   иднина, бидејќи тој толку се поврзал со нив, што им станал роб. Така е со секоја страст доколку прекумерно се оддадеме на неа. И гледајте сега, ова момче, поради нешто толку ништожно и бедно како што се цигарите, несвесно го пропушта богатството од заедницата со Бога, на кое денес Црквата нè повикува.

Да се молиме никогаш да не бидеме така нечувствителни кон милоста Божја пројавена преку овие прекрасни богослужби, туку да го чувствуваме тој прекрасен шепот на Мајката Црква, што секогаш ќе нè прави внатрешно радосни. Како што е среќен монахот кој оставил сè од овој свет и се радува во близината на Бога, така и секој Христијанин може да учествува во таа радост. Затоа, ве замолувам да ги помниме овие зборови од Апостолот Павле, дека сè ни е позволено, но не е сè полезно; сè ни е позволено, но не треба да дозволиме нешто да завладее над нас. И да ја помниме Божјата љубов, што не значи, пак, и безмерно да грешиме. Туку, помнејќи ја Божјата љубов, да знаеме дека Бог секогаш безмерно нè љуби и ни проштева. Затоа да не Го жалостиме со нашите прегрешенија.

Да сте живи и здрави!“

09.jpg

10.jpg

11.jpg

12.jpg

13.jpg

 http://bigorski.org.mk/UserFiles/Image/0002016/bdenija/bludniot/14.jpg

 15.jpg

 16.jpg

 Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная