На 23/10 април, Велика Среда, во црквата „Св. Богородица- Каменско“ во Охрид, беше отслужена света Литургија на Претходноосветени дарови, како едноцрквие на свештенството од Охридското архиерејско намесништво.
На светата Литургија чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Ромео Петрески, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, како и ѓаконот Димче Азески.
Првите три дена од Страсната седмица во Охридското архиерејско намесништво се извршува соборно служење на светите служби и литургии како едноцрквие, со посебно одредена програма и план на редоследот на богослужбите. Од средата, ак, вечер секој свештеник се враќа во својата парохиска црква, каде што се продолжуваат богослужбите од циклусот на Страсната седмица.
Утрешниот ден Владиката Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Охрид.
Посети:{moshits}