логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 



„Живот возвишен, блажен, поживеа, и ја украси твојата нарав, на словото благо сопатнику, стана правило на свештениците, ти најблескава ѕвездо на Мизија, но, спомни си сега Константине, за твоето стдао и добри пастири за него испроси“ (тропар на свети Константин Кавасила).

Неизброен е бројот на светиите, запишани во диптихот, но и незапишани, кои светата Црква, научена од Светиот Дух, ги прославува, а преку нив Го велича и Троичниот Бог. Многумина останале и по долго време непрославени, но никогаш не биле заборавени од светата Црква Христова, а и Самиот Бог ги воздигнувал и возвеличувал на разни начини.

И денешниот ден (31.10.2015 година) е еден од тие денови кои се потврда на горенапишаното, зашто денеска за првпат на толку свечен и торжествен начин беше прославен прочуениот Охридски архиепископ, светиот Константин Кавасила, кој никогаш не бил заборавен, но и никогаш не бил толку прославен. Имено, денеска, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, го прославивме споменот на свети Константин, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, архимандритите Нектариј и Партениј, протоерите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески, Стевчо Тошевски и Игор Никовски, еромонахот Макариј, свештениците Васко Голабоски, Љупчо Симиџиоски, Ромео Петрески, Димче Азески, Ѓорѓи Блажески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконите Сашо Ристов, Николче Ѓурѓиноски и Влатко Стојменов и ѓаконите Сашо Целески и Христијан Костоски.  Пред крајот на светата Литургија, во отсуство на Неговото Блаженство, г. г. Стефан, Митрополитот Иларион го прочита пригодното слово на нашиот Архиепископ. По Литургијата, беше промовирана и новата книга, посветена на светиот Константин Кавасила, а промотор на книгата беше дипломираниот теолог Виктор Недески, кој воедно е и автор на книгата.

  

   
   
   
   
   
   
   

Извор: Дебарско-кичевска епархија



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Поука на денот (18.03.2023)

Поука на денот (18.03.2023)

Зoштo нeкoи дoбрo oбразoвани луѓe и крстeни какo христијани oтпаѓаат oд христијанствoтo и паѓаат на филoзoфијата и на научнитe тeoрии, какo на нeштo пoвистинскo oд христијанствoтo? Oд двe главни причини:...

БEСEДА  за Христoвитe дeла

БEСEДА за Христoвитe дeла

Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка...

† БЕСЕДА ВО ВТОРА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ(12.03.2023)

† БЕСЕДА ВО ВТОРА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ(12.03.2023)

  Ослободувањето од гревот е ослободување од најстрашната болест, затоа што физичката болест е возможна само во физичкиот свет, а гревот е болест која ја разрушува душата, ја заразува со...

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

Но светиот Григориј имајќи го опитот на аскетите на Света Гора и на сите свети Отци на Црквата ни, се спротистави на оваа прелест, на рационализмот на западниот Варлаам, со...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на православната вера (05.03.2023)

Митрополит Струмички Наум: Недела на православната вера (05.03.2023)

Согласно опитот на сите Светии, единствен темел на вистинскиот духовен живот е вистинската вера. Вистинската вера го соединува човекот со Бог. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено значи и...

Александар Несторовски:НЕДЕЛА СИРОПУСНА / СВ. АП-ЛИ АКИЛА И ПРИСКИЛА 26/02/2023

Александар Несторовски:НЕДЕЛА СИРОПУСНА / СВ. АП-ЛИ АКИЛА И ПРИСКИЛА 26/02/2023

Со зборовите за покајание Господ ја започна својата наука, а со зборовите на простување ја заврши. Покајанието е семе, простувањето е плод. Никакво покајание нема вредност без простување. Да не...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

ЧУДОТО

ЧУДОТО

Во текот на својот живот, човекот се соочува со најразлични тешкотии. Тие се поврзани со здравјето, со финансиите, со работата и многу други моменти во кои човекот ги достига границите...

БEСEДА  За Духoт Бoжји штo гoвoри прeку духoнoсцитe

БEСEДА За Духoт Бoжји штo гoвoри прeку духoнoсцитe

И кoга гoвoри такoв чoвeк, тoј збoрува нeпoгрeшнo и никoј нe мoжe да најдe лага вo нeгoвиoт гoвoр, oсвeн oниe, кoи спoрeд прeвртeнoст на умoт, ја смeтаат вистината за лага....

« »