Денес, 17.04. 2008 година, во издание на Американско- канадската и Европска епархија излезе од печат ЦД и книга СТАТИИ НА ВЕЛИК ПЕТОК.
Препевот од црквенословенски го направи Митрополит Американско- канадски г. Методиј.
Mузичка изведбa e на протопсалт Гоце Секулоски и хорот "Јустинијана Прима" од МПБ "Свети Климент Охридски" во населба Драчево во Скопје.
Неочекувана, и многу мила беше средбата, со дел од богословскиот хор „Јустинијана Прима“. Учениците радосно ја разгледаа и прокоментираа оваа драгоцена книга.
наслов на оригиналот:
Триодь Постная. Москва, 2002.
Т677. Ч2-М.: Издательскии Совет
Русской Православной Церкви.
здружено издание на
Американско-канадската и Европската епархија
препев од црквенословенски, прелом и дизајн:
Митрополит Методиј Златанов
лектура:
Никола Мадешовски
музичка изведба: Протопсалт Гоце Секулоски
и хорот "Јустинијана Прима" од МПБ "Свети Климент Охридски"
икона на поднасловната страна: Зограф Кирил Златанов
компјутерска обработка: Александар Рајчевски
Антониј Попоски
Извадок од книгата
„Прва статија
Благословен си, Господи, научи ме на
Твоите заповеди.
1.стих: Блажени се непорочните кои одат според законот Господов.
Живот си Христе, а во гроб се положи и ангелските воинства се исплашиа, славејќи го твоето снисходење.
2. Блажени се оние кои ги испитуваат сведоштвата Негови и од се срце Го бараат.
Животе, како умираш? Како и во гроб престојуваш? Но царството на смртта го разоруваш и од адот мртвите ги подигнуваш.... “
{wma}StatiivPetok1{/wma}
Посети:{moshits}