- Со Голема вечерна која се отслужи во црквата Св. Вознесение - н. Драчево започна чествувањето на св. Климент Охридски, патрониот заштитник и прв архиереј на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. На Вечерната чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, а во присуство на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, Митрополитите Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион, Тетовско - гостиварски г. Јосиф и Кумановско - осоговски г. Јосиф. Прославата продолжи во средното богословско училиште „Св. Килимент Охридски“ со свечена академија и читање на најдобрите прозни и поетски творби.
Извор: Скопска епархија