Скопје, 5-ти декември 2014 год.- храм на св.вмч. Димитриј
- На 5-ти декември 2014 година, во дваесет и петтата недела по Педесетница , кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Светата маченичка Кикилија (Цицилија) и Свети Калист, патријарх Цариградски , во овој храм на св.вмч. Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух, свештеникот Томе Атанасовски отслужи Божествена Литургија. На крајот од Литургијата се отслужи мал петочен водосвет.
Старец Софрониј
- Академската теологија не е доволна за спасение! Читајте ги главно аскетските отци! Таму ќе ја научите вистинската теологија, ставот на умот и на срцето пред Бога. Чистата молитва не им се дава на оние што многу изучуваат. Во оваа смисла, патот на теолошката наука не е воопшто ефикасен и ретко води кон чистата и усрдна молитва!
- Теологија е состојба на духот, остварена од благодатта Божја. Овде се наоѓа разликата помеѓу теологијата и философијата, помеѓу вистинската теологија и теологијата на интелектуалците. Ако едно такво вдахновение го допре вашето срце, тоа веќе не ќе има крај на земјава. Тоа е неисцрпно, зашто во него се наоѓа почетокот на вечниот живот. Ако дури и вашиот телесен состав се распадне, ова вдахновение ќе живее во вас со огромна моќ!
Преминпортал (к.т.)