Kога во срцето е ѓаволот, ние чувствуваме необична и убиствена тешкотија и оган во градите. Душата исклучително се стеснува и се помрачува.
Неа се` ја раздразнува и спрема секое добро дело чувствува одвратност.
Зборовите и постапките на другите во односот на себе таа погрешно ги толкува и во нив гледа зли намери против себе, против својата чест. Затоа, кон нив чувствува длабока и убиствена омраза, се разбеснува и се покренува на одмазда.
- „По плодовите, ќе го познаете“ (Мт. 7, 29). Има денови кога духот зол ме вознемирува.
Луѓето пропаднаа во безверие затоа што потполно го изгубија духот на молитвата или воопшто го немале. Накратко речено, тие го изгубиле, затоа што не се молат. Кнезот на овој век има простор за делување во срцата на тие луѓе;
тој е господар во нив.
Тие со молитва ниту ја барале ниту ја бараат росата на благодатта Божја.
- Меѓутоа, даровите Божји се даваат само на оние кои бараат и молат. И ете ги, срцата кои се по природа расипани:
Тие, без оживувачката роса на Светиот Дух, пресушиле и на крајот, од потполната исушеност букнале со атски пламен на неверие и разновидни страсти.
Ѓаволот. пак, знае само да ги распламти страстите потикнувајќи ужасен оган и ликувајќи при призорот на погибелот на несреќните души, инаку искупени со крвта на Оној којшто ја сотрел неговата власт.
Свети Јован Кронштатски
Подготви: Мина Даниловска