логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 





    

Божествена Литургија во манастирот на Пресвета Богородица Елеуса во Велјуса (26.10.2014 14:04)

Како Бог нè казнува

 

Луѓето најчесто си го поставуваат прашањето: „Зошто Бог ги казнува?“, а многу, многу ретко – согласно истата логика, се прашуваат: „Како Бог ги казнува?“. Кога би го знаеле одговорот на прашањето што не си го поставуваат, би го знаеле и одговорот на првото прашање – кое често си го поставуваат. Да се обидеме да одговориме, значи, прво на второто прашање.

  • Како Бог нè казнува? Никако – Бог никогаш не нè казнува! Ние сами се казнуваме своеволно отпаѓајќи од животворната личносна заедница со Него, отпаѓајќи од Неговата благодат. Значи, точно формулираното прашање треба да гласи: „Како ние самите себе се казнуваме?“ Со ваквата формулација отпаѓа како неумесно првото прашање, но новопоставеното – сѐ уште чека одговор.


Како ние самите себе се казнуваме? Одговорот на ова прашање зависи од нашиот однос со Бог. Прво, да се потсетиме. Ние со Бог воспоставуваме три вида на односи: робовски, наемнички и синовски. Секако, Он има само еден однос кон нас – како Отец кон Своите деца, така што Неговиот однос кон нас не зависи од нашиот однос кон Него. Бог, просто, нас нè љуби.

  • Оној што од страв кон Бог гради со Него робовски однос, кога ќе згреши нешто пред Бог, се самоказнува со страв од Бог (и од луѓето). Страв – главно, дека ќе биде казнет некако (дека ќе го изгуби тоа кон кое е најстрасно приврзан) уште во овој живот; и страв – нејасен, дека ќе биде казнет и во идниот век. Таквиот, згрчен од стравот, не е способен веднаш да ја види љубовта со која Бог му одговара. Што ова точно значи, бесполезно е да се објаснува.


Оној што за награда од Бог гради со Него наемнички однос, кога ќе згреши нешто пред Бог, се самоказнува со недоверба кон Бог (и кон луѓето). Недоверба – главно, дека ќе ја изгуби овоземната награда заради која Му работи на Бог; и недоверба – нејасна, дека ќе ја изгуби и наградата на идниот век. Таквиот, згрчен од недовербата, исто не е способен веднаш да ја види љубовта со која Бог му одговара. Што ова точно значи, бесполезно е да се објаснува – исто така.

  • Оној што од љубов кон Бог гради со Него синовски однос, кога ќе згреши нешто пред Бог, се самоказнува, главно, со тага по Бог (и внатрешен срам пред луѓето). Тага, дека Го изневерил Него, и тага дека соодветно ги губи љубовта Божја, односно благодатта Божја, односно Него. Неговата тага по Бог е сосема оправдана, но одговорот на љубовта Божја кон него на почетокот изгледа чуден, но потоа е многу засрамувачки.


Опитот покажува дека Бог Своите деца најчесто ги „казнува“ со љубов – со брзо, неочекувано или лесно исполнување на некои нивни желби, и со исто такво решавање на некои нивни проблеми. Во смисла: Не можам да ти дадам благодат со сила – затоа што сам си се откажал од неа со својот грев, но ќе ти покажам љубов каква што на недозреаните деца им се пружа. Тоа е љубов која секој може да ја препознае. Човек, просто, да си помисли дека е добро да греши.

Но, ќе грешам ли намерно за да бидам вака наградуван? Да нè чува Господ од таква прелест – Крстот Христов и Неговото Воскресение, односно таговната-радост или радосната-тага, односно личниот однос со Него да го замениме само со некакви си овоземни радости и успеси. Просто речено, таков е одговорот на Божествената љубов од која секој вистински воин и дете Божјо ќе се засрами и ќе се покае.

  • P.S. Пишувам на темава во општи црти. Со овој текст не можам и немам намера да навлегувам ниту во бесцелни и бесконечни лавиринти на некаква психоанализа ниту да опишувам некакво конечно и неменливо духовно правило, превидувајќи ги притоа Божјата Промисла и неискажливите Божји судови – конкретно и лично, за секој од нас поединечно; особено кога се во прашање Неговите деца.


Митрополит Струмички Наум

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Струмичка епархија

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная