- Храм на св. Петка, во скопската населба Црниче,
- Храм на св.вмч. Димитриј,
- Храм на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром
Храм на св. Петка, во скопската населба Црниче на прзникот на +Свети Јован Богослов, апостол и евангелист; Преподобен Нил Калабриски;
Тропар, глас2.
Апостоле Христов, возљубен од Бога, побрзај да ги избавиш луѓето беспомошни; Оној што те прими на своите гради, ќе те прими и кога за нас ќе Го помоли; Него моли Го, Богослове, да ја растера маглата на паганството, просејќи мир за нас и милост голема.
Храм на св.вмч. Димитриј, на празникот на Светиот маченик Калистрат; Светите апостоли: Марко, Аристарх и Зинон; Светата маченичка Акилина; Свети Саватиј Соловецки;
Свети Григориј Палама
Кога човек ќе се поздрави со сѐ што е во светот: кога ќе се одрече од парите и од имотот, ќе ги отфрли и ќе им ги раздели на сиромашните (Лука 14, 33) ослободувајќи се така од грижите, тогаш душата е во состојба да се предаде на самонабљудување, како слободна од сѐ што ја привлекува однадвор и ја расејува. А кога умот, откако се одвоил од сѐ што е сетилно, ќе се издигне над растргнатоста од мноштвото грижи и ќе го здогледа внатрешниот човек, првиот напор му е со плач да ја измие одвратната маска што преку светските скитања и заблуди ја стекнал. Откако од себе ќе симне сѐ што безоблично го покривало, со оглед дека душата веќе не ја апсорбираат различните предмети, спокојно влегува во своите внатрешни ризници и во тајност Му се моли на Отецот (Мат. 6, 6). Бог тогаш најпрво му го дарува сокровиштето на сите други дарови: мирот и тишината на помислите.
Храм на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром, на празникот на Преподобен Харитон Исповедник; Светиот пророк Варух; Светиот маченик Марко овчар; Светиот маченик Вацлав, крал чешки;
- Свети Григориј Палама
Преминпортал (к.т.)